вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: слобода на медиуми | 60 резултати

„Би-би-си“ ја осуди одлуката на Русија да протера нивна дописничка

август 14, 2021

„Би-би-си“ ја осуди одлуката на Русија да не ја обнови визата на Сара Рејнсфорд, една од нивните дописници во земјата, опишувајќи го потегот како „директен напад врз слободата на медиумите“. Корпорацијата ги повика руските официјални претставници да го преиспитаат „протерувањето“ на репортерката која во моментов живее и работи во Москва. Руските државни медиуми објавија дека […]

Македонија годинава две места погоре на Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници [инфографик]

април 20, 2021

Северна Македонија се наоѓа на 90-тото место на Индексот за слобода на медиуми за 2021 година на Репортери без граници. Земјава во споредба со лани напредуваше за две места погоре на рангирањето. Во споредба, пак, со 2014 година, кога е најшата најлоша позиција во историјата, сме напреднале за 43 позиции. И покрај ова, според слободата […]

Османи: Медиумската слобода е директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството

декември 10, 2020

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на видео-состанок на министерско ниво, за безбедност на новинарите и прашањето за неказнивост во рамки на Меѓународната конференција за слобода на медиуми на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Штеф Блок. „Република Северна Македонија е посветена на промоција, заштита и унапредување на сите човекови права […]

Радио Слободна Европа по 17 години се врати со емитување на програма во Унгарија

септември 12, 2020

Радио Слободна Европа на 8 септември годинава отпочна со повторно емитување на радио програма во Унгарија. По 17 години пауза, граѓаните на Унгарија можат повторно на својот јазик да слушаат објективно известување засновано на факти во земјата што беше сведок на намалување на медиумскиот плурализам и на дезинформации што го деградираа информацискиот пејсаж. „Имаме одличен […]

Во време на ковид-19 кризата, прогнозите за слободата на печатот се мрачни

август 7, 2020

Пандемијата со ковид-19 го преиначи начинот на кој работат новинарите, и тоа пред се затоа што властите во многу земји заразата ја земаа како изговор да ги замолчат медиумите, пишува Кетрин Јакобсен за Комитетот за заштита на новинарите (КЗН), а пренесува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Одредени опасности со текот на времето […]

Вистиномер: СДСМ и медиумскиот сектор – солидни ветувања и по некој спин за оствареното

јули 8, 2020

Несомнено, слободата на медиумите и на правото на говор и на изразување е пошироко и помодерно разбрано во СДСМ, споредувајќи ги со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа и во поглед на предизборните програми, но и во поглед на праксата. Сепак, покрај тие современи заложби и приципиелно добри ветувања, во програмата „Можеме“ се детектираат два-три спина околу реализираното […]

Избори се ближат, вербални напади и закани кон новинари се нижат

мај 22, 2020

Лани три, а од почетокот на годинава до денес за ист број месеци се регистрирани седум вербални напади и закани врз новинари, коишто биле пријавени во Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Од Здружението за „Мета.мк“ посочуваат дека бројот на вербални напади и закани врз новинарите е во пораст, и тоа во услови кога во […]

ЗНМ бара Али Ахмети како претседател на владејачката ДУИ да престане со етикетирање на новинари

мај 19, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува етикетирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети кон новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа. По вчерашната лидерска средба, Ахмети даде изјава за медиумите и по новинарското прашање на Хоџа, тој го обвини новинарот дека бил „зачинет“. „Сметаме дека јавните функционери, а особено […]

ЗНМ реагира за односот на полицајците кон новинарот Салиу, Чулев ќе го испитал случајот

мај 8, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу за време на вчерашниот настан организиран од МВР за одбележување на Денот на полицијата. „Обезбедувањето на министерот прекршувајќи го Кодексот на однесување на […]

„Фридом Хаус“: Македонија со напредок во медиумскиот сектор, но и понатаму е во групата земји со транзициски хибридни режими

мај 6, 2020

Најновиот извештај „Држави во транзиција“ на „Фридом Хаус“ за 2020 година покажува дека Македонија напреднала во критериумите „изборен процес“ и „независни медиуми“. Овогодинешната оценка за нашата земја е 3,75 и ова е трета година по ред да се подобрува демократскиот напредок. Македонија и Косово се единствените две земји од Балканот во кои е констатиран напредок […]

Дезинформациите се дополнителен предизвик за новинарите и слободата на медиумите во Косово

мај 4, 2020

Во овој период на пандемија и борба со инфодемијата, потребни ни се професионални новинари, слободно новинарство, новинарство во служба на јавноста и што е можно поблиско до неа, за таа да биде информирана и да не биде оставена самата да се соочува со мноштвото дезинформации – било да се тоа погрешни и невистинити медицински совети […]

ААВМУ: 3 Мај потсетува дека владите имаат обврска да ја почитуваат слободата на медиумите

мај 3, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите, порача дека покрај прославувањето на фундаменталните принципи и независноста на медиумите, овој ден служи и како потсетник за улогата на медиумите во развојот на демократијата и обврската на владите да ја почитуваат нивната слобода. „Годинава, светскиот […]

„Метаморфозис“: Најголема закана се дезинформациите околу Ковид-19 пандемијата

мај 3, 2020

Фондацијата „Метаморфозис“ одбележувајќи го Меѓународниот ден на слобода на медиумите, 3 мај, порачува дека кризата со пандемијата на Ковид-19 која ја одбележа годинава досега, дополнително ја нагласува неопходноста од обезбедување кредибилно известување и информации, како и потребата од беспоштедна борба со дезинформациите. Меѓународниот ден на слобода на медиумите годинава се одржува 27. пат. Потсетувајќи на […]

Филипче со честитки и благодарност до медиумите за соработката во справувањето со Ковид-19

мај 3, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче денеска упати честитки до медиумите по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите и благодарност за соработката во справувањето со Ковид-19, како и за напорите за сузбивање на дезинформациите за новиот корона вирус и за болеста што тој ја предизвикува. -Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот […]

Честитки за Светскиот ден на слободата на медиумите од СЕММ и МИМ

мај 3, 2020

Честитки до новинарите по повод по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, но и предупредувања за опасностите на кои се изложени новинарите и медиумите, упатија Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). СЕММ побара зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и […]

Цензурата и автоцензурата го „намалија“ индексот на слободата на медиумите во Албанија

април 25, 2020

„Унапредување на слободата на изразување и медиумите се наши итни приоритети“, истакна премиерот на Албанија, Еди Рама во неговиот говор. пред Советот за безбедност на ОБСЕ на 6 февруари 2020 година. „За довчерашните тепачи и уценувачи на весници, новинари и медиуми, кои зборуваат во име на нивната слобода… ќе дојде ден за судење“, ја обвинуваше […]

Бура реакции и барања за извинување по вчерашната изјава на Заев

август 14, 2019

Новинарските здруженија, невладините организации и политичките партии од земјава бурно реагираа по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, во која коментирајќи го предметот „Рекет“, тој кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат актуелната влада. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побараа премиерот веднаш да се […]

Извештајот од ЕК генерално позитивен, но со суштински забелешки

мај 29, 2019

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија за 2019 година, е најпозитивниот досега, со големи пофалби на реформите, но сепак има и бројни посочување на областите на коишто треба уште да се работи. Посочувајќи дека Северна Македонија продолжила со сигурно темпо да ги спроведува ЕУ реформите и да ги зајакнува демократијата и владеењето […]

3 Мај – Светски ден на слободата на медиумите

мај 3, 2019

Секоја година на 3 мај припадниците на новинарската професија ги слават фундаменталните права и слободи, прават евалуација на слободата на медиумите ширум светот, преземаат чекори за одбрана од нападите врз нивната независност и се сеќаваат на своите колеги кои ги загубија животите, практикувајќи ја новинарската професија. Сето ова се случува денеска и тоа по 26-ти […]

РБГ: Само девет отсто од човештвото со пристап до слободно новинарство (инфографик)

мај 3, 2019

На Светскиот ден на слободата на медиумите, „Репортери без граници“ (РБГ) денеска алармираше дека само девет отсто од човештвото живее во земја во која нивото на слободата на масмедиумите е добро или задоволително. Тоа е пад за цели 11 отсто во последните пет години, порача меѓународната организација која се бори за слободата на новинарството. „Само […]

Страна 2 од 3