fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Викторија Нуланд на 13 јули во посета на Скопје

Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар за европски и за евроазиски прашања, доаѓа во посета на Скопје на 13 јули, пренесе „Плусинфо“. Таа во Скопје ќе има средби со политичките субјекти за да се најде решение за политичката криза во земјава. Нејзината посета на земјава е дел од планираната посета на регионот.

Нуланд можеби ќе дојде во регионот, САД ќе соопштат ако дојде во Скопје

Помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, има многу патувања во регионот. Доколку нејзините патувања ја вклучат и Македонија, Стејт департментот ќе излезе со посебно соопштение, изјавија за „Мета“ од американската амбасада во Скопје. Во јавноста деновиве се зборува и за можноста Нуланд да се вклучи во преговорите за решавање на политичката криза кога сите...

Отворен дневен центар за лица со интелектуална попреченост

Денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го отворија новиот Центар за полнолетни лица со интелектуална попречаност во Капиштец. - Огромно е задоволството што денеска присуствувам на отворањето на новиот дневен центар за лица со интелектуална попреченост, што е резултат на заедничката иницијатива на Градот Скопје, Министерството за труд и социјална политика...

Скопскиот плоштад ќе светне и ќе прсне со 128 светилки и млазници

Новиот лик на скопскиот плоштад е готов, а тарабите со кои беше ограден деновиве почнаа да се отстрануваат. Наскоро треба и свечено да биде промовиран. Според планираното, на плоштадот Македонија е изградена фонтана во правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и со вкопано армирано бетонско корито. Површината врз коритото треба да биде изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60...

Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат и го тероризираат народот

Оставки и конечна слобода на македонскиот народ бараат граѓаните што денеска се собраа во Скопје да протестираат. - Доаѓаме од Куманово, од местото каде што направија војна за да ги задоволат своите болни умови. Бараме да си одат, но не да земаат сè со себе за да може да се надомести штетата на граѓаните. Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, проследено со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во текот на денот е можна појава на мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степани, а максималната ќе се искачи до 32 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 31...

Превознички маки и сопки за митингот на опозицијата в недела

Повеќе од 2.000 битолчани, членови и симпатизери на опозицијата, најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш што СДСМ и колицијата го организираат в недела во Скопје, потврдуваат од општинската организација на СДСМ во Битола. Според Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ во Битола, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје. - Ги преземаме сите мерки...

Скопскиот маратон се одржа симболично

Дел од маратонците пријавени на скопскиот маратон утринава се појавија на стартот и покрај тоа што тој е откажан. Тие симболично ќе трчаат, а се собраа на кејот на Вардар и си организираа свој маратон. Скопскиот маратон е откажан поради вчерашните случувања во Куманово. Организаторите на маратонот велат дека информацијата за откажувањето ја добиле од медиумите, без да бидат инфромирани...

Мирно заврши и денешниот протест против полициската бруталност во Скопје

Мирно и без насилство завршија денешните протести против полициската бруталност во Скопје. Демонстраните полека почнаа да се повлекуваат од пред Собранието на Република Македонија, каде завршија по денешната рута од Владата, преку Јавното обвинителство. На протестот пред Собранието и вечерва се појавија петмина провокатори, но демонстрантите ги исвиркаа по што тие се повлекоа. Протестот почна пред Владата на Република Македонија, но поради полициските...

Охрид и Скопје на мапата на „Спринг Балканика“

Македонскиот туристички бисер Охрид, од оваа година, преку посетата на туристи од Србија и од Словенија, е вклучен во големата Балканска промотивна туристичка турнеја „Спринг Балканика“ (Spring Balcanica). На мапата се неколку истакнати места во земји од Балканот, во вид на едукативна турнеја, која ја организира тур-операторот „Деј дрим травел“ (DayDream travel) од Словенија. Гостите кои тргнаа од Љубљана, денеска и утре...

Парализиран сообраќајот во центарот на Скопје

Сообраќајот во центарот на Скопје утринава е парализиран поради сообраќајна несреќа. Две возила се судриле на крстосницата на улицата Димитрија Чуповски и булеварот Гоце Делчев. Сообраќајот го регулираат полицајци, а движењето на возилата е отежнато.

Скопје се збратими со Софија

Советот на Град Скопје на 43. седница едногласно ја донесе одлуката за збратимување на Скопје со Софија, со што Софија тоа станува 19. збратимен град на Скопје. „Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја поздрави оваа одлука истакнувајќи дека таа се носи по долгогодишната соработка меѓу Софија и Скопје и ќе биде добра основа за продлабочување на соработката на економско...

В недела, женска трка во Скопје

В недела, во 11 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на „Виз ер - Скопски маратон 2015“,  ќе се одржи третата „Женска трка“, која има цел да им помогне на жените со вежбање да превенираат заболувања. Со почеток од 10.30 часот, ќе се оддржи аеробик-час, а веднаш потоа,...

Скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во Источна Европа

На Глобалниот собир во Париз, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс“, беа прогласени најдобрите аеродроми на светско ниво. Во Источна Европа, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, со кој раководи  „ТАВ Македонија“, се најде меѓу десетте најдобри. – Вбројувањето на скопскиот аеродром меѓу најдобрите десет во Источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која на глобално ниво...

Берлин стои зад идејата за „мерки за доверба“ помеѓу Скопје и Атина

Иницијативата за нови разговори меѓу Македонија и Грција за усвојување мерки за градење доверба не е нова и веќе извесно време заткулисно се разговара за неа. Ова го тврди грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори кои тврдат дека зад иницијативата стои германската влада. Според весникот, оцените во дипломатските кругови во Атина се дека идејата не е едноставна и на неа...

Граѓани спонтано се собираат пред Владата

Помала група граѓани спонтано се собраа пред Владата на Република Македонија, револтирани од денешната прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тие носат транспаренти на кои пишува „убијци“. Засега нема полициско обезбедување, а сообраќајот се одвива нормално.

Пристигна новиот амбасадор на САД во Македонија

Новиот американски амбасадор, Џес Бејли, денеска пристигна во Македонија, објави на својата фејсбук-страница Амбасадата на САД во Скопје. Бејли е дипломат од кариера во рангот министер-советник и во американскиот Стејт департмент е од 1985 година. Во Скопје доаѓа од Анкара, Турција, каде од 2011 година бил заменик-шеф на американската амбасада. Пред тоа, Бејли бил директор на одделот за Југоисточна Европа во...

В недела ќе се маршира против загаденоста

Скопјани в недела ќе маршираат против загаденоста под мото „Кој е крив што градот ни е сив?“, во организација на здружението за заштита на животната средна „Го грин“. Маршот ќе почне напладне во Паркот на новинарите, а крајот на маршрутата ќе биде кружниот тек кај Католичка црква, кај АМСМ. „Облечете се во темни бои, како смогот кој нè задушува, земете со...

Хашим Тачи: Скопје и Атина да го преземат моделот на Белград и на Приштина

Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, кој денеска во Скопје се сретна со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, рече дека Скопје и Атина би можеле да го искористат моделот и напорите кои Приштина и Белград ги прават за надминување на меѓусебните спорови. - Косово се залага за еден стабилен и мирен регион, со јасна европска перспектива. Македонија беше една од...

Загадување: Честички милион – акција нула

Загадувањето на воздухот изминатите неколку дена е на многу високо ниво. Во Скопје, Тетово, Битола и во Велес, каде нивото на канцерогените ПМ10-честички е високо над дозволеното, граѓаните цела зима дишат отров. Вчера Градот Скопје издаде мерки од прв степен (препораки), кои треба да се преземат за да се намали загадувањето. Еколошите здруженија велат дека загадувањето најмногу доаѓа од сообраќајот,...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...