fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

ЦУК: Деновиве ќе се врши увид во станбените згради

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат на бројот 195 да се пријавуваат само потреби од проценка на безбедност на објектот, а не за проценка на штета за обештетување, соопштуваат од Центарот. ЦУК исто така апелира до граѓаните кои не можат да добијат слободна линија на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, да испратат податоци (име, презиме, телефонски...

Нов земјотрес вечерва со јачина до 4 степени според Рихтеровата скала

Вечерва, во 19.53 часот, нов земјотрес ја погоди Скопската Котлина со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на четири километри северозападно од Скопје, на длабочина од пет километри. Појак земјотрес го затресе Скопје попладнево и во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10...

Делипетров: Не треба да се очекуваат посилни земјотреси

Професорот Тодор Делипетров, инженер-сеизмолог, специјалист за гео-физика од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, ги смирува граѓаните на Скопје и вели дека скопското епицентрално подрачје е плитко и тешко веројатно дека ќе има посилни земјотреси. Според него, ефектите од потресот на површината се релативно бенигни. - Паниката кај луѓето е оправдана. Сепак, земјотресот не би требало да предизвика сериозни промени на асеизмичките градби на кои се инсистира...

Земјотрес со јачина од 3,7 степени повторно почувствуван во Скопје

Земјотрес повторно го затресе Скопје попладнево во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани. Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и претпладнево, во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси. По вчерашниот земјотрес...

Нов силен земјотрес во Скопје, граѓаните вознемирени, стравуваат од нови потреси

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево ги потресе Скопје и околината. Граѓани возменирени излегоа на улиците, а има и извештаи за напукнати ѕидови и за помали штети. Ова е трет земјотрес, но значитечно посилен од двата што се случија утрово - првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута...

Грција испраќа две пратки со помош за поплавените подрачја во Скопје

Првата пратка помош од Грција за подрачјата погодени од поплавите во Скопје и околината треба да пристигне попладнево, соопштија од Канцеларијата за врски на Грција во Скопје. Оттаму прецизираат дека генералниот секретаријат за цивилна заштита во соработка со грчката противпожарна бригада во земјава испраќаат пет преносни пумпи за вода и пет генератори за струја како помош за погодените од поплавите. Истовремено,...

Кубанската поетеса Морехон испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите

Кубанската поетеса, Ненси Морехон, добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2006 година, испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите што го погодија Скопје и околината. Пораката, Морехон ја упати преку Струшките вечери на поезијата. „Драги пријатели, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде сè уште...

Словенија испратила експерт за санирање на последиците од невремето

Словенечката Влада испратила стручно лице во Македонија, кој како дел од тимот експерти на Европската Унија (ЕУ), ќе работи на координирање на активностите за отстранување на последниците од невремето кое во саботата го погоди Скопје. „Владата на Република Словенија, на седница заклучи дека врз основа на барањето на Владата на Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во...

АМСМ: Oбиколницата Скопје пуштена за сообраќај

„Автомотосојузот на Македонија“ соопшти дека попладнево околу 18 часот пуштена е за сообраќај во двата правци обиколницата Скопје, која по невремето во саботата беше затворена. Од АМСМ информираат дека на деловите од коловозот кои се оштетени се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. На сите останати државни патишта, сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни...

Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Скопје дека има човечки жртви од невремето. Според Јавното...

Автомобил се заби во скеле од зграда во центарот на Скопје

Возач со својот автомобил синоќа се забил во скелињата на зграда чија фасада се уредува на булеварот Димитрие Чуповски во центарот на Скопје. Според вработени во дуќаните кои се наоѓаат во непосредна близина на местото на ударот, возачот наводно изгубил контрола кога движејќи се по улицата му излегле кучиња. Тие велат дека ударот бил многу силен. - Колегите што ноќеска беа на...

Најмногу дожд синоќа наврна во скопски Петровeц

До осум часот утрово водниот талог во Петровец, бил 41 литар на метар квадратен, во Демир Капија 40, во Скопје 33, во Тополчани 32, во Тетово 30, во Маврово 29, во Битола 28, во Ѓуриште 27, во Охрид 19, во Претор 18, во Пожаране 16, во Лазарополе 14, во Куманово 13, во Виница 11, во Прилеп, Дебар, Гевгелија, Штип...

Нема повредени во синоќешното ново невреме

Од синоќешното ново невреме кое го зафати скопскиот регион, нема исчезнати и повредени, информираат од Министерството за внатрешни работи. МВР извести дека првично исчезнатите шест граѓани, всушност се граѓаните чии тела беа пронајдени во последните 24 часа, со што до денеска, вкупната бројка на починати е 22 лица.

Денеска е ден на жалост во Македонија

Денеска е ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната вонредна седница. „Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300.000 денари за семејствата на загинатите граѓани“, се вели во соопштението од Владата. Како што се наведува,...

Амбасадорите на ЕУ и на САД изразија сочувство на семејствата на жртвите

Амабасадорите на земјите-членки на Европската Унија и на САД во земјава денеска преку социјалните мрежи изразија сочувство до семејствата на загинатите во невремето и поплавите што вчера го погодија Скопје и околината. Порака со сочувство на својот твитер-профил објави и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој напиша дека Европската Унија е подготвена да помогне. https://twitter.com/JHahnEU/status/762236706015875072 Длабоко сочувство до семејствата...

(Видео) Хеликоптерски снимки на пустошот што го остави невремето

Министерството за внатрешни работи попладнево објави снимки направени од хеликоптер од подрачјата во Скопје и околината кои беа најмногу погодени од невремето. На видеоматеријалот се гледаат поплавени домови, земјоделски површини под вода, уништени куќи и автомобили. https://www.youtube.com/watch?v=R9KZ8EvzwrM&feature=youtu.be

Дваесет загинати во невремето, вонредна состојба во Скопско и Тетовско

Според последните информации, во синоќешното невреме кое го погоди Скопје животите ги загубиле 20 лица, а досега е извршена идентификација на телата на 13 од нив, соопштија денеска по завршувањето на состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи. По состанокот беше соопштено и дека во Скопско и во Тетовско кои беа најмногу погодени од невремето, ќе биде прогласена кризна...

Најмалку 15 загинати, 22 повредени и 6 исчезнати лица во невремето во Скопје

До утринава во 8.30 часот на скопските клиники бил примени 22 повредени лица во синоќешното големо невреме во Скопје и околината, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во временската непогода, според досегашните информации животите ги загубиле 15 лица, а шест се пријавени за исчезнати. Како што информираат од МВР, од невремето, особено во Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, биле пријавени...

Петнаесет загинати во вчерашното невреме во Скопје

Најмалку 15 лица ги загубиле животите во синоќешното големо невреме кое го зафати Скопје, информираат привично за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека ова се досегашните неофицијални податоци за загинати лица, констатирани до утрово. Според МВР, сите жртви се од североисточниот дел на Скопје кај Стајковци и околината, кои беа најпогодени од вчерашното невреме. Од МВР подетални...

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде применет посебен сообраќаен режим за непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Утринава, од 9.30 часот во централното градско подрачје во Скопје е воспоставен посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...