Таг: систем
таг: систем
Нухиу: Системот за снимање на командите во МВР не функционирал од 2014 година
Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју во емисијата „Патот кон...“ на „Алсат М“, открива дека во МВР , уште пред три години, не функционирал системот за снимање на командите.
- Побарав да се направи увид и проценка дали се снимени сите команди што се издадени преку тетра-системот. Повикав експерт од Германија и тој процени дека два сервера не...
Народна банка промовираше нов систем за прекугранични плаќања во евра
Нов систем за прекугранични плаќања во евра промовираше Народна банка. Целта на овој проект е побрзо и посигурно да се извршуваат прекуграничните плаќања во евра и да се намалат трошоците за нив, од што економијата би имала придобивки, вклучително компаниите и домаќинствата.
- Со остварувањето на овој проект, се постигна повисоко ниво на платежна интеграција на Македонија во платежната инфраструктура...
Компаниите преку платформата за тендери на ЕУ имаат пристап до европските пазари
Македонските компании преку системот „Тендерс електроник дејли“ (Tenders Electronic Daily) ТЕД, што е платформа на ЕУ за тендери, имаат можност за слободен пристап за бизнис, со земјите членки на Европската Унија, како и Европската економска област и останатите континенти.
Се работи за единствена онлајн платформа, посветена на јавни набавки, која приватниот и јавниот сектор ја користи за пристап до информации...
Лицето што се заканило со напад на зградата на Владата било незадоволно од системот
Вчера во 17.40 часот, на телефонскиот број 192, од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, информираат од МВР.
- Министерството за внатрешни работи презеде мерки и набргу потоа пронајден е мажот...
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е одработувачот на сценаријата на Сорос
Организациите што ги финансира Сорос за зајакнување на некакви си капацитети, всушност се „организации преку кои се плаќаат таканаречените револуционери за поттикнување насилства“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава дека Сорос во Македонија досега има доделено стотина милиони евра на „сателит-организациите“ што ги раководи.
„Преку нив се финансираше и платеничката револуција, која ја напаѓаше полицијата и уништуваше сè што е...
УЈП: Системот за бруто-плата функционира непречено
Системот за бруто-плата функционира непречено, велат од Управата за јавни приходи (УЈП) откако „Мета“ објави дека сметководителите се пожалија дека освен системот за поднесување годишна даночна пријава, и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционира неколку дена.
- Што се однесува до системот за бруто-плата, тој непречено функционира, односно декларацијата и налогот за плаќање врз основа на поднесена...
ЕК: Единствено СЈО води истраги за корупција на високо ниво
Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува во практика да биде попречувана, а Кривичниот суд редовно одбива да одреди истражни мерки (притвори, мерки на претпазливост, н.з.) што ги бара СЈО како дел од истрагите што ги води, стои во Извештајот за напредокот на Македонија, што денеска во објави Европската комисија.
Во извештајот, исто така, се нотира дека работата на СЈО...
СДСМ: Поплавите се случија само поради неодговорноста на Груевски и на Трајановски
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, и Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на партијата, денеска на прес-конференција обвинија дека поплавите што се случија на почетокот на минатиот месец, се случија поради неодговорноста на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
- Наместо да се освести, Груевски упорно продолжува да го гради „тркалото на лудоста“ од 19...
Почна да се гради гасоводната мрежа Штип – Неготино
Гасоводната мрежа Штип – Неготино во должина од 36 километри почна да се гради денеска. Инвестицијата чини околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“, заедно со уште четири компании „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“.
Оваа мрежа се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип, чија изградба во должина од 61 километар заврши минатиот...
„Арсена“: Гевгелиската вода, покрај арсен, содржи и ванадиум
Анализата на примерок од водата за пиење од гевгелискиот водовод, земен на 16 јуни годинава, покажала присуство на енормно количество на арсен во водата, штетно за здравјето на човекот, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“.
Анализата што ја извршила меѓународна лабораторија, како што додаваат од „Арсена“, покрај арсен, покажала и присуство на тешкиот метал ванадиум во водата од гевгелискиот водовод.
„Само пред еден...
Покојниот Златко од село Драмче бил заборавен од системот
Во Делчевско досега не се случило некој да почине од глад. Храна се наоѓало секогаш, дури и во тешките поствоени времиња, ја коментираат постарите делчевци веста за смртта на 43-годишниот Златко Ѓорѓиевски.
Тој во понеделникот во старата семејна куќа во селото Драмче беше пронајден мртов, премрзнат и прегладнет. Лекарите, кои тој ден двапати оделе во неговата куќа, велат дека бил коски...
СДСМ: Поради системот на Груевски, од Македонија си заминале повеќе од 600.000 граѓани
Поради системот на Никола Груевски, а според податоците на Светска банка, од Македонија си заминале повеќе од 600.000 граѓани, најголем дел млади, обвини СДСМ.
„Системот на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се повеќе од 21.000...
Папата Франциск: Лошиот светски систем е причина за бегалската криза
Бегалската криза во Европа е само „врв на ледениот брег“, изјави папта Франциск, кој како причина го наведе неправедниот и лош социо-економски систем во светот.
- Ние ги гледаме тие бегалци, тие сиромашни луѓе кои бегаат од војна и од глад, но тоа е само врв на ледениот брег. Под тие слики се крие лошиот и неправеден социо-економски систем во...
Науници од САД тврдат: Правиме јаглеродни нановлакна од ЦО2 од воздухот
Американски научници тврдат дека откриле метод за добивање на јаглеродни нановлакна од јаглерод диоксид од воздухот.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, нивниот соларно напојуван систем користи електрична енергија од само неколку волти, која се спроведува во сад полн со врела, растопена сол, по што јаглерод диоксидот се апсорбира и нановлакната постепено се собираат на една од електродите.
Со оваа метода, научниците во...