fbpx
Таг: СИРИЗА

таг: СИРИЗА

Грците се незадоволни од СИРИЗА, но спасот не го гледаат ни во Нова демократија

Новата анкета на јавното мислење на агенцијата „Паблик ишју“ покажува големо незадоволство од работата на владата и песимизам дека работите во Грција може да почнат позитивно да се развиваат. Разочараноста на граѓаните од работата на владата, насоката во која се движи државата и воопшто политичките партии е сè поголема. Огромен процент од испитаниците, дури 88 отсто, сметаат дека државата оди...

Строгите мерки за штедење ја намалуваат поддршката на Грците за СИРИЗА и за Ципрас

Владејачката СИРИЗА сериозно заостанува зад Нова демократија според уште една нова медиумска анкета во Грција. Резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од Универзитетот „Македониа“ за телевизијата „Скај“, покажуваат дека Нова демократија во поддршката од гласачите води 15 отсто пред партијата на премиерот Алексис Ципрас. Поконкретно, Нова демократија е на прво место со 30 отсто поддршка од гласачите, а СИРИЗА...

Ципрас подготвува реконструкција на владата

Грција е во исчекување на нова владина реконструкција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас го подготвува новиот состав на владата и можно е да го објави во текот на денот или најдоцна викендов. Иако на почетокот на неделата од кабинетот на Ципрас посочија дека реконтрукцијата не е приоритет во моментов, се чини дека грчкиот премиер поради сите проблеми со телевизиските концесии и...

Разлика од 24 отсто меѓу Нова демократија и СИРИЗА според нова анкета во Грција

Голема разлика во рејтингот и во популарноста меѓу Нова демократија и СИРИЗА покажува новата анкета на јавното мислење спроведена од грчката агенција „Паблик ишјус“. Според анкетата, десничарската Нова демократија води со 24 проценти пред владејачката партија на Алексис Ципрас. Резултатите од анкетата спроведена во октомври покажуваат дека рејтингот на Нова демократија меѓу гласачите е 42 отсто, а на СИРИЗА само 18...

Мицотакис бара СИРИЗА да распише предвремени избори

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Кирјакос Мицотакис, денеска и пред грчкиот претседател побара да се распишат предвремени избори во државата. Првиот човек на десничарската Нова демократија се сретна со Прокопис Павлопулос поради турбулентните политички случувања во државата откако Уставниот суд го прогласи за неуставен владиниот закон за медиуми, поништувајќи ја целата процедура за доделување концесии на четири медиумски...

Континуирано опаѓа поддршката за Ципрас

Во Грција, се чини, сè повеќе опаѓа поддршката за владата на СИРИЗА, а се зголемува разочараноста и песимизмот дека работите може да тргнат во нагорна линија. Новата анкета на јавното мислење спроведена од весникот на новинарите, кој важи за пролевичарски ориентиран, покажува зголемување на јазот меѓу Нова демократија и СИРИЗА, со силна предност од 11 отсто на десничарите пред партијата...

Протест на грчките новинари во Атина, бараат средба со Ципрас

Неколку стотици грчки новинари и медиумски работници денеска излегоа на протест пред грчкото собрание, од каде испратија порака до грчката влада дека не сакаат и нема да дозволат да згаснат телевизиите и 2.000 луѓе да останат на улица. Новинарите апелираа до владата да ја смени политиката и кажаа гласно „не“ за медиумскиот мрак и за владината одлука за ограничување на бројот...

Огромен процент од Грците се незадоволни од политиката на СИРИЗА

Големо незадоволство на мнозинството граѓани во Грција од политиката на Алексис Ципрас и на СИРИЗА покажува неделната анкета за весникот „Авги“. Левичарскиот весник, кој со години важи за гласило на СИРИЗА, изненади со анкета, според која, 85 отсто од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешен правец. Од испитаниците 90 отсто се изјасниле како незадоволни од работата на владата....

Грчкото собрание денеска ќе гласа за септемврискиот пакет мерки

Грчкото собрание вечерва ќе гласа дел од новиот пакет мерки договорени со европските кредитори, неопходни за да се одобри ратата од 2,8 милијарди евра од европскиот кредит за Грција. Пратениците ќе треба да одобрат мерки со кои има дополнителни намалувања на пензиите, зголемување на даноците за хотелиерите и за тие што издаваат соби, намалување на даночните поволности за хонорарните работници и...

СИРИЗА и Независни Грци со различни ставови за изградба на џамија во Атина

Коалициските партнери во грчката влада, СИРИЗА и Независни Грци, се судрија околу прашањето за градење џамија во Атина. Десничарите Независни Грци остро најавија дека ќе гласаат против одредбата за градење џамија, за која денеска ќе се гласа во грчкото собрание. Одлуката да се изгради џамија во Атина ја поддржуваат СИРИЗА, Нова демократија, ПАСОК, Река и Комунистичката партија, така што сигурно е...

Грција го смени изборниот закон: Ќе гласаат и малолетници со 17 години

Грција ќе има поголемо гласачко тело, зајакнато со малолетни гласачи на 17 години, а победникот на изборите ќе влезе во парламент без досегашниот бонус од 50 пратеници. Ова се измените што ги направи грчкото собрание со новиот изборен закон, но тие ќе важат по следните парламентарни избори. Законот го поддржаа СИРИЗА, Независни Грци и партијата Унија на центристи, а против гласаа Нова демократија,...

Грчката влада не обезбеди поддршка за новиот изборен закон

Грчкиот парламент денеска на полноќ ќе гласа за новиот изборен закон со кој се предлагаат клучни измени во начинот на кој владејачката партија влегува во законодавниот дом. Владејачката коалиција на СИРИЗА и на Независни Грци предлага укинување на бонусот од 50 пратеници за победничката партија на парламентарните избори и проширување на возрасната граница на гласачи со тоа што ќе...

Грчкото собрание ги изгласа новите закони за даночни поскапувања

Со 153 гласа „за“, грчкото собрание го изгласа новиот пакет закони кои во Грција носат нови даночни поскапувања, пензиски реформи и приватизација на државните компании. Мерките ги поддржаа пратениците на владеjачката коалиција СИРИЗА-Независни Грци, кои исто така го изгласаа и автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација, кој ќе се активира доколу Грција до 2018 година не...

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за нови даночни поскапувања

Грчкиот парламент вечерва ќе гласа за новите закони од програмата за штедење кои ќе донесат нови даночни поскапувања. Пратениците ќе гласаат и за автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација доколу Грција до 2018 не ги исполни договорените реформи и цели. Законите е извесно дека ќе поминат во парламентот со поддршка на пратениците од владејачката коалиција Сириза...

Недела на големи одлуки за грчката влада

Наместо воскреснување на економијата, нови мерки и стеги за грчкиот народ и за бизнисмените. Ова се шпекулира дека ќе биде исходот од оваа Велика недела во Грција, ако се има предвид дека владата се надева до четврток да се затвори првиот дел од преговорите со кредиторите околу мерките за пензиски и за даночни реформи. Во исто време, од ММФ и од...

Аманатидис: Спорот за името не може да се реши со иредентизам и со фалсификување на историјата

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, испрати јасна порака до Македонија дека Грција нема да го прифати само уставното име како решение за спорот за името. Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот на Златна зора, Илијас Панајотарос, кој ја обвинува грчката влада дека сака да го предаде и да го отстапи името Македонија на нашата држава, Аманатидис...

Не би имал проблем ако името биде само Македонија, вели грчки пратеник

Пратеникот на СИРИЗА, Макис Балаурас одново ги разгоре страстите во Грција околу спорот за името. Само две недели по случајот со министерот Јанис Музалас кој во телевизиско интервју нашата држава ја именуваше како Македонија, Балаурас денеска во интервју за радиото „Параполитика“ истакна дека лично не би имал проблем да останеме именувани само како Македонија, без никакви географски одредници. - Не...

Ципрас и Каменос на тет-а-тет средба: Независни Грци инсистираат на оставка од Музалас

Продолжува тензијата во грчката влада и неизвесноста што ќе се случува со министерот за миграција, Јанис Музалас, кој синоќа во интервју ја нарече нашата држава со името Македонија. Министерот за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, во врска со ова прашање имаше едночасовна средба со својот коалициски партнер, премиерот Алексис Ципрас. Засега нема официјална потврда дали Музалас останува или...

Ципрас приклештен од народно незадоволство за мерките за штедење

Гневни народни протести, блокирани автопатишта, сериозна бегалска криза и закана дека Грција ќе остане заглавена со илјадници бегалци, опаднат рејтинг и гранично мнозинство во грчкиот парламент, делумно распаѓање на СИРИЗА, предвремени парламентарни избори и строг пакет мерки за штедење, ова е реалноста на владата на СИРИЗА и на Независни Грци токму една година по нејзиното формирање. Дали Алексис Ципрас го...

Ципрас го информира Мицотакис за ситуацијата околу спорот за името

Грчките медиумски анкети полека почнуваат да му даваат водство на новиот лидер на Нова демократија, Константинос Мицотакис, пред премиерот Алексис Ципрас. Анкетата за телевизијата „Актион 24“ покажува дека според испитаниците, Мицотакис би бил посоодветен премиер од Ципрас. Според резултатите, 27 отсто од испитаниците се изјасниле дека Мицотакис е подобра опција од Ципрас, на чија страна застанале 25 отсто од испитаниците....

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...