понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Сирија | 733 резултати

Продолжувањето на воените операции во Сирија ќе биде опаснo за регионот, смета Рохани

април 10, 2017

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, предупреди дека продолжување на воената акција на САД против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе биде „особено опасно“ за регионот. Рохани, чија земја заедно со Русија е главен сојузник на Асад, повтори дека го осудува американскиот воздушен напад, кој беше одговор на хемискиот напад во провинцијата Идлиб и побара […]

Канада го поддржува американскиот напад во Сирија

април 7, 2017

Канада целосно ги поддржува нападите на САД врз сириската воена база во провинцијата Холмс, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. – Користењето хемиско оружје од сирискиот претседател Башар ал Асад и злосторствата извршени од сирискиот режим врз народот во земјата не можат да бидат занемарени – нагласи канадскиот премиер. Сепак, тој истакна дека Канада ќе продолжи […]

Асад: Трамп ја продолжи политиката на Обама на покорување луѓе

април 7, 2017

Американскиот ракетен напад на воената база во сириската провинција Хомс беше „безобѕирен“ и „неодговорен“, објави кабинетот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Во соопштението се вели дека нападот е одраз на континуираната политиката на САД, без оглед на тоа кој претседател ја води администрацијата, која е базирана на бомбардирање и на „покорување луѓе“. Како што […]

Москва: САД одамна го планираа нападот иако знаат дека Асад нема хемиско оружје

април 7, 2017

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ракетниот напад на САД на сириската воена воздухопловна база одамна е подготвуван и оти претставува грубо кршење на меморандумот за безбедност на летовите над Сирија. Од министерството соопштија дека САД го искористиле „наводниот напад со хемиско оружје на цивили“ во Идлиб како оправдување за својот потег. „За да […]

Анкара: Во Сирија да се формира зона забранета за летање

април 7, 2017

Неопходно е формирање на зона во Сирија, во која ќе бидат забранети сите летови, изјави Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Портпаролот на официјална Анкара вели дека зоната мора што побргу да биде формирана и додаде дека лансирањето на американските проектили врз сириската воена база е „позитивен одговор на воените злосторства“. Калин наведе […]

Франција и Германија бараат да се најде мировно решение за Сирија со помош на ОН

април 7, 2017

Франција и Германија ќе продолжат со напорите со посредство на Обединетите нации да се најде мировно решение за кризата во Сирија, изјави денеска францускиот претседател, Франсоа Оланд, по телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. Изјавата доаѓа откако САД рано утринава, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија воздушен напад на сириска воена воздухопловна база […]

Нападот беше со ограничен обем и беше очекуван, вели сириски министер

април 7, 2017

Сирискиот министер за информирање, Рамез Турџман, денеска изјави дека американскиот напад на сириската воена воздухопловна база во Хомс бил со „ограничен обем“ и дека не очекуваат понатамошна воена ескалација. – Верувам дека нападот беше ограничен и временски и просторно и беше очекуван – рече Турџман во телефонска изјава за сириската државна телевизија. Прашан дали ќе […]

Пет загинати во нападот на сириската воздухопловна база

април 7, 2017

Најмалку пет лица се убиени, а седум се повредени во ракетниот напад што САД го извршија на воздухопловна база во близина на сирискиот град Хомс, соопшти денеска гувернерот на сириската покраина Хомс, Талал Бараз, за либиската телевизија „Ал Мајадин“. Тој додаде дека не очекува значително зголемување на бројот на жртвите. Барази рекол дека воздухопловната база […]

Нападот на САД во Сирија е агресија врз суверена држава, оцени Путин

април 7, 2017

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го осуди американскиот напад на Сирија и рече дека тоа е агресија врз една суверена држава и кршење на меѓународното право, соопшти денеска Кремљ. Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, рече дека Путин смета дека нападот е обид да се сврти вниманието на меѓународната заедница од големиот број цивилни жртви […]

Тилерсон: Ја информиравме Москва, но не баравме дозвола за нападот

април 7, 2017

Портпаролот на Пентагон, капетан Џеф Дејвис, соопшти дека американската војска однапред ги известила руските сили за нападот на сириската воздухопловна база и дека во нападот не се погодени делови во кои се верува дека се присутни Руси. Државниот секретар Рекс Тилерсон рече дека „Вашингтон не побара никаква дозвола од Москва“. Дејвис наведе дека американската војска […]

Трамп првпат нареди напад, бомбардирана воена база во Сирија

април 7, 2017

Од американските разорувачи во Источниот Медитеран истрелани се десетина ракети „томахавк“ на позиции на сириската војска, а операцијата ја наредил претседателот Доналд Трамп како одмазда за наводниот напад со хемиско оружје на силите на Башар ал Асад во Идлиб, јавија светските агенции. Претставник на Белата куќа соопшти дека се истрелани 59 прецизно-наведувачки ракети, кои ја […]

На сирискиот претседател треба да му се суди за воени злосторства, порача Еро

април 6, 2017

„Ќе дојде ден кога меѓународната правда ќе изнесе пресуда за сирискиот претседател Башар ал Асад, кој го масакрираше својот народ“, изјави шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро. – Овие злосторства не може да поминат неказнето. Во секој случај ќе има истрага, ќе има судење за воени злосторства – рече Еро за француската телевизија „Си-њуз“. […]

Резултатите од обдукцијата покажуваат дека во Идлиб е користено хемиско оружје

април 6, 2017

Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, денеска изјави дека резултатите од обдукцијта на тројцата Сиријци, донесени во Турција по нападот во Северна Сирија, покажуваат дека биле изложени на напад со хемиско оружје. – Со обдукција е утврдено дека е користено хемиско оружје – изјави Боздаг. Повеќе од 80 лица, меѓу кои 30 деца загинаа во вторникот […]

Советот за безбедност на ОН денеска свика вонредна седница поради состојбата во Сирија

април 5, 2017

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска свика вонредна седница за да го разгледа вчерашниот воздушен напад со отровен гас, кој беше извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија. Соединетите Американски Држави, Франција и Обединетото Кралство поднесоа предлог-резолуција со која се осудува употребата на хемиско оружје во Сирија. Тие ја нагласија обврската на сириската влада […]

Се зголемува бројот на жртвите во Идлиб

април 5, 2017

Бројот на жртвите во нападот во Сирија, за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје, се зголеми на 72 лица, а меѓу нив има и дваесетина деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Нападот се случи вчера во провинцијата Идлиб, а меѓународната заедница најостро го осуди користењето хемиско оружје, […]

Најмалку 58 загинати, меѓу кои и деца, во напад со отровен гас во Сирија

април 4, 2017

Најмалку 58 лица загинале, меѓу кои и деца, во воздушен напад со отровен гас кој денеска бил извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, соопштила сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Според опсерваторијата, цивилите починале од задушување во градот Кан Шеикун, кој е под контрола […]

Се самозапали бегалец на Хиос

март 31, 2017

Млад бегалец од Сирија е префрлен со тешки изгореници од островот Хиос во Атина откако се обиде да се самозапали во бегалски камп. Момчето на возраст од 29 години се лекува во Атина со тешки рани. Хоспитализиран е и грчки полицаец кој се обидел да го спречи во обидот да се запали среде полниот бегалски камп […]

Пет милиони лица побегнале од Сирија поради војната, оцени УНХЦР

март 30, 2017

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) денеска соопшти дека бројот на Сиријците што побегнале од родната земја за време на шестгодишната војна надминал пет милиони лица. УНХЦР врши притисок на земјите да ги засилат напорите за сместување на околу 500.000 лица, од кои на половина им е одредено место на престој. Портпаролот на УНХЦР, Бабар […]

Гутереш порачува арапските земји да се обединат и да ѝ помогнат на Сирија

март 28, 2017

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика арапските земји да ги остават настрана меѓусебните несогласувања и да помогнат во окончувањето на шестгодишната граѓанска војна во Сирија. Апелот го упати за време на посетата на кампот на бегалци од Сирија во Затарија во Јордан, еден ден пред клучниот годишен самит на арапските земји, чиј домаќин […]

Иранскиот претседател во посета на Москва

март 28, 2017

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот […]

Страна 7 од 37