fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

Велика Британија ќе прими 500 бегалци од Сирија

Во рамките на тригодишната програма развиена со Агенцијата за бегалци при Обединетите за нации, Лондон прифати да прими 500 сириски бегалци, жени и деца. Работничката партија побара од владата на Дејвид Камерон да ја зголеми помошта за Сиријците, кои бегаат од земјите во кои се водат војни. Зборувајќи на конференција во Словачка, Камерон најави дека британска помош ќе биде скромно зголемена. Моментно...

Во напад на предградие на Дамаск загинаа 27 лица

Силите на сирискиот претседател Башар ел-Асад користеле таканаречени слоновски ракети во нападот на Доума, предградие на Дамаск, убивајќи најмалку 27 лица, соопштија активистите. Ракетите, кои го добиле името по посебниот звук кој го прават при лансирање, се импровизирано оружје кое се прави така што на многу поголеми бомби се поставуваат ракетни мотори. Ова ја зголемува нивната деструктивност, но се губи прецизноста...

УНХЦР: 23.000 Сиријци побегнале во Турција

Најмалку 23.000 сириски бегалци дошле во Турција од 3 до 15 јуни, соопшти денеска во Женева Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). По неколку дена борби, курдските сили денеска целосно ја презеле контролата врз градот Тал Абџад, што го држеа џихадистите на Исламска држава. Градот се наоѓа кај сириско-туската граница. - Повеќето нови бегалци се Сиријци кои бегаат од насилствата на вооружените...

Хезболах одбил напад на ИД на либанско-сириската граница

Радикалното либанско движење Хезболах одбило напад на припадниците на Исламска држава на границата на Либан со Сирија, јави денеска телевизија блиска до движењето. Телевизијата „Ал-Манар“ пренела дека во борбата загинале или се ранети неколку екстремисти на ИД, како и дека се уништени три возила. Хезболах е вмешан во граѓанската војна во Сирија, каде се бори на страна на силите на Башар ал...

Во Ирак и во Сирија се убиени повеќе од 10.000 милитанти

Заменикот на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека од почетокот на воздушните напади против екстремистичката Исламска држава се убиени повеќе од 10.000 милитанти во Ирак и во Сирија. Во интервју за француско радио, Блинкен предупреди дека без разлика на напредокот во борбата против милитантите, групата и понатаму е „многу прилагодлива и може да преземе иницијатива“. - На почетокот на кампањата...

Џихадисти погубиле 20 мажи во Палмири

Џихадистите на Исламска држава погубиле 20 мажи во Палмири, древен град во централна Сирија, соопшти денеска сириската опозициска Организација за набљудување на човековите права. Една недела по преземањето на контролата во градот, ИД стрелаше 20 мажи пред група луѓе кои се собираат во амфитеатарот во Палмири, рече директорот на Организација за набљудување на човековите права, Абдел Рахман. Погубените се осудени поради...

Воздушна поддршка од САД и од Турција за бунтовниците во Сирија

Турција и САД постигнале договор за нудење воздушна заштита на сириските бунтовници, кои ќе бидат обучени и опремени за борба против Исламска држава, изјави министерот за одбрана на Турција, Мевлут Чавушоглу. Тој не наведе детали како ќе се изведе заштитата од воздух. Американски официјални лица претходно изјавија дека целта е во наредните три години, годишно да се обучат по 5.000...

Џихадистите ја зазедоа ирачката страна на сирискиот граничен премин

Екстремната џихадистичка организација Исламска држава ја зазеде ирачката страна на важниот премин на границата со Сирија, откако ирачките сили се повлекле. - Исламска држава утринава го зазеде граничниот премин Ал Валид на границата меѓу Ирак и Сирија, по повлекувањето на војската и ирачката гранична полиција - изјавија официјални службени лица. Исламската држава минатата година го зазеде вториот премин на границата меѓу...

ИД го зазеде и последниот граничен премин на Сирија

Џихадистите од Исламска држава го зазедоа последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак што го контролираше сириската влада, соопшти активистичката организација Сириски набљудувачи за човекови права. Владините сили, според податоците на организацијата, се повлекле од преминот Ал-Танф. ИД контролира повеќе од 95.000 квадратни километри од Сирија, што е 50 отсто од територијата на земјата.

Граната експлодира пред руската амбасада во Дамаск

Едно лице загина, а тројца се повредени при експлозија на граната во близина на руската амбасада во Дамаск, јавува „Раша тудеј“. Сите жртви се Сиријци, а меѓу нив има и еден припадник на обезбедувањето на амбасадата. Портпаролката на руската амбасада ја потврди информацијата, додавајќи дека сите жртви се сириски безбедносни припадници. Ова е вторпат неделава граната да експлодира во близина на...

Израелски авиони бомбардираа сириски воени бази

Израелската армија изврши воздушни напади врз сириски и цели на либанскиот Хезболах на границата меѓу Сирија и Либан. Како што јавуваат израелските медиуми, мета на нападите биле бригадата на сириската армија задолжена за стратешко оружје и ракети со голем дострел. Арапските медиуми јавуваат дека мета на нападите биле сириските магацини за оружје. Израел засега не ги коментира медиумските информации.

ИД упадна во бегалски камп во Дамаск

Припадниците на Исламска држава влегле во палестинскиот бегалски камп Јармук во Дамаск, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на палестински претставници. Британската телевизија јавува дека без разлика на силниот отпор на Палестинците во логорот, џихадистите успеале да заземат голем дел од логорот. Борбите и понатаму траат. Според очевидци, исламистите успеале да упаднат во логорот од предградието Хаџар Асвад.

ИД ликвидирала 30 цивили

Екстремистите на Исламска држава погубиле најмалку 30 цивили, вклучувајќи и две деца при напад на селото Мабујех во централната провинција Хама, која е под контрола на владините сили, соопшти директорот на сириската Организација за заштита на човековите права. Како што јавуваат светските медиуми, ИД ги погубила лицата, запалувајќи ги, сечејќи им ги главите и со стрелање. Сириската државна телевизија соопшти дека...

Асад ја обвини Турција дека намерно ги пропушта терористите во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ја обвини Турција дека „намерно ги игнорира терористите на Исламска држава“, додека тие се обидуваат да ја минат границата меѓу двете држави и да влезат во Сирија. Асад, во интервјуто за „Си-Би-Ес“, го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека не само што не го спречува преминувањето на терористите од Турција во Сирија, туку оти ѝ...

Повеќе од 20 загинати во бомбашки напади во Сирија

Најмалку 20 лица загинаа, а 70 се повредени во две експлозии на автомобил-бомби во курдскиот град Хасака. Како што јавува сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, нападите се извршени за време на прославата на празникот Навруз, кој, според персискиот календар, го означува почетокот на новата година. Првата експлозија одекнала во курдската населба Ал Мјуфти, додека вториот напад бил извршен на...

Давутоглу го спореди Асад со Хитлер и со Милошевиќ

Шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу, ја отфрли можноста за средба со сирискиот претседател Башар ал Асад, истакнувајќи дека тоа би било исто како да се ракува со Адолф Хитлер, Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ или со Садам Хусеин. Реакцијата на Давутоглу следува по изјавата на државниот секретар на САД, Џон Кери, дека Вашингтон ќе мора да преговара со Асад за да...

Сирија: Досега загинале 215.000 лица

Повеќе од 215.000 лица загинаа од почетокот на конфликтот во Сирија на 15 март 2011 година, соопшти сириската опозициска Организација за човекови права. Според нивните податоци, од почетокот на февруари загинале најмалку 5.000 лица. - Регистриравме вкупно 215.518 загинати во четиригодишната војна, вклучувајќи и 66.109 цивили – изјави Абдел Рахман, директор на организацијата, која своите податоци ги темели на широка мрежа...

Сирија: 30 загинати во воздушен напад на рафинерија

Во воздушните напади на коалициските сили предводени од САД е погодена рафинарија за нафта, која е под контрола на Исламска држава. Во нападот загинаа 300 лица, меѓу кои има работници и припадници на ИД. - Кога ќе се оцени дека се основани тврдењата за цивилни жртви при американските или коалициските напади, ќе се спроведе истрага за процена на точноста и...

Сирија: Уапсен Црногорец за шверц на дрога и на оружје

Триесет и седумгодишен Црногорец е уапсен во сирискиот главен град Дамаск, при обид да прошверцува наркотици и оружје за сириските бунтовниците. Кај уапсениот Иван Поповиќ се пронајдени 6,2 килограми хероин, 23 килограми тротил и 137 детонатори. Црногорецот е во затвор, каде ќе остане до крајот на судскиот процес.

Сирија: ИД киднапирала 90 христијани

Екстремистите од сунитското движење Исламска држава киднапирале најмалку 90 христијански верници од Асириската источна црква во североисточниот сириски град Тел Хмар, соопшти Сирискиот центар за човекови права. Киднапирањето е извршено за време на офанзивата на курдските сили  против ИД на североистокот на Сирија.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...