fbpx
Таг: силување

таг: силување

Седумнаесетгодишник извршил полови дејствија врз деца од 9 и 10 години

Седумнаесетгодишник во повеќе наврати извршил полови дејствија над две деца на возраст од девет и десет години во село во Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според МВР, вчера во 16:15 часот во полициска станица во Скопје, четириесетгодишна жена од скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син. Во врска со истиот...

Пријавен обид за силување во штаб на политичка партија

K.П. од село Требеништа пријавила обид за полов напад од Ф.П.М. во простории на штаб на политичка партија во Општина Дебарца. Според МВР, случајот е пријавен синоќа, околу 20.40 часот. Не се соопштува на која политичка партија е штабот, освен дека се наоѓа во село Требеништа.

Гуру во Индија осуден на 10 години затвор, војската на готовност

Контроверзниот гуру Гурмит Рам Рахин Синг е осуден денеска во Индија на 10 години затвор поради силување на две свои следбенички. Пред изрекување на пресудата, во Рохтак, град на северот од Индија, е воведен полициски час, а владините сили добиле дозвола да користат оружје во случај да дојде до насилство. За време на протестите на илјадници негови следбеници најмалку 38 лица...

Два нови случаи на педофилија во Штип и во Гевгелија

Девојче на 14-годишна возраст во Штип и малолетник помлад од 14 години во Гевгелија станале жртви на двајца педофили, соопшти МВР. Во првиот случај, СВР Штип поднел кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Пријавениот во текот на февруари годинава, во својот дом со употреба на физичка сила извршил полови дејства...

Градоначалникот на Пробиштип тврди дека нема пријава за силување

Вработена во Општината Пробиштип поднела пријава за обид за силување против градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, кој, пак, демантира дека такво нешто се случило. Штипската полиција соопшти дека има пријава за настан. За каков, не прецизира. Секторот за внатрешни работи од Штип даде штуро, кратко известување за медиумите. „На 13 јануари оваа година во полициската станица Пробиштип од страна на А.П....

Асанж ги негираше обвинувањата за силување

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ја објави изјавата дадена за шведското обвинителство во која тврди дека не извршил сексуална злоупотреба пред шест години за време на посетата на Шведска. Во изјавата која е објавена во светските медиуми тој негира дека имал сексуален однос без заштита со една жена додека таа спиела. Тој рече дека тоа бил доброволен сексуален однос на две...

Британската полиција доби ДНК од Асанж за истрага

Британската полиција зеде ДНК-примерок од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој би требало да помогне во истрагата за силување што се води против него. Властите зеле примерок од Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде тој престојува од 2012 година кога од таа земја побара азил за да го избегне соочувањето во Шведска, каде е обвинет за силување. - Асанж покажа...

Продолжува распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

Шведската државна обвинителка Ингрид Исгрен пристигна во амбасадата на Еквадор, каде ќе продолжи со испитувањето на основачот на „Викиликс“, Џулиен Асанж, во врска со истрагата за силување. Сослушувањето на Асанж поради наводните силувања во Шведска почна вчера, а неговиот адвокат, Пер Самуелсон, наведе дека нема сомнеж оти неговиот клиент е невин. Обвинение против Асанж за силувања во Шведска сè уште не...

Почна распитот на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон

Во амбасадата на Еквадор во Лондон почна сослушувањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во врска со обвиненијата за силување во Шведска во 2012 година. На првиот ден, сослушувањето е спроведено во присуство на обвинител од Еквадор и на шведската обвинителка Ингрид Исгред, задолжена за истрагата, соопшти шведското обвинителство. Адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон, изјави дека сослушувањето ќе трае неколку...

Асанж на распит пред шведска обвинителка поради наводното силување

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ќе биде испрашуван од главната шведска обвинителка Ингрид Исгрен. Распитот е дел од предистражната постапка во случајот во кој Асанж е осомничен за силување во Шведска, а ќе биде испрашуван во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој престојува веќе четири години. Обвинителството очекува дека ќе добие негов ДНК-примерок. Според исказите на една од двете...

Двајца Сиријци уапсени во Грција поради обид за силување на волонтерка од САД

Грчката полиција уапси двајца бегалци од Сирија под обвинение дека се обиделе да силуваат волонтерка од Соединетите Американски Држави. Дваесетгодишната Американка, волонтер во бегалскиот камп кај Синдос во Солун пријавила дека тројца бегалци од Сирија се обиделе да ја силуваат за време на екскурзијата организирана за бегалците во Пиерија. Уапсените бегалци се на возраст од 23 и 24 години,...

Во Индија уапсени 15 лица за силување мајка и дете

Петнаесет лица во Северна Индија се уапсени поради сомневање дека извршиле групно силување на жена и на нејзината ќерка. Како што соопшти полицијата, мајката и детето патувале заедно со тројца роднини во автомобил, кој на фреквентен автопат бил сопрен од група мажи со метални прачки. Напаѓачите ги извлекле патниците од автомобилот, роднините ги врзале, а жената и детето ги силувале. По грозоморниот чин,...

Притворен жител на Заполжани, Прилепско, осомничен за силување на две малолетнички

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп му одредил 30 дена притвор на 51-годишен жител на прилепското село Заполжани, осомничен за силување на две малолетни девојчиња во селото, соопшти денеска јавното обвинителство. „По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, судија на претходна постапка од Основниот суд – Прилеп денеска му одреди мерка притвор...

Петмина Индијци осудени на доживотен затвор за силување

Петмина Индијци се осудени на доживотна казна затвор во Њу Делхи, поради групно силување на 52-годишна жена од Данска во 2014 година. Жената била ограбена и силувана во јануари 2014 година. Девет лица, меѓу кои тројца малолетници, беа уапсени за тоа злосторство. Еден од обвинетите почина, а на тројца им суди судот за малолетници. Сексуалните злосторства се во пораст во Индија...

Британец силувал 200 деца, 22 пати осуден на доживотна робија

На Британецот Ричард Хакл (30) му се досудени 22 казни доживотна робија откако призна дека е виновен за 71 дело поврзано со сексуално злоупотребување деца во Малезија. Триесетгодишникот призна дека злоупотребувал деца на старост од шест месеци од 12 години во период од 2006 до 2014 година. Судот во Лондон му досуди 22 пати да одлежи доживотна робија, а во затвор ќе мора да...

Обвинителството апелира да не се шпекулира за смртта на девојката од Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје апелира да не се изнесуваат шпекулации во јавноста во врска со смртта на девојката од Аеродром, а по утврдувањето на нови релевантни околности, Обвинителството дополнително ќе излезе со информации. Од ОЈО информираат дека очекуваат МВР да им ги достави комплетните податоци од спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој...

Обвинителството ја истражува смртта на девојката од Аеродром, нема траги од силување

Скопското основно јавно обвинителство почнало прелиминарна истрага за смртта на девојката во населбата Аеродром, која почина по пад од висококатница, соопшти доцна попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, била наредена обдукација на телото на девојката во Институтот за судска медицина и за медицинска деонтологија, која треба да ја утврди конкретната причина за смртта, како и дополнително медицинско вештачење за...

На Табановце уапсен српски државјанин кој се барал за силување

Педесет и четиригодишен српски државјанин, кој се барал за кривично дело силување, вчера околу пладне бил уапсен на граничниот премин Табановце, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчера околу 12.25, при пасошка контрола, полицајците на граничниот премин констатирале дека В.К.(54) од Република Србија е евидентиран во стоп-листата и се бара за сторено кривично дело силување. Во 13.35 часот В.К. бил предаден на...

Шведска обвинителка бара повторно да го испита Асанж

Шведската обвинителка Маријана Нај, која ја води прелиминарната истрага за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, за наводите за силување, подготвува нова барање за негово испитување во еквадорската амбасада во Лондон, соопштија од нејзината канцеларија. Минатата недела работната група на Обединетите нации утврди дека престојот на Асанж во амбасадата на Еквадор е еднаков на незаконски притвор. - Во врска со тој извештај,...

Двајца жители на село Герман киднапирале и силувале 25-годишна жена

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С. (32), двајцата од селото Герман, осомничени за киднапирање и за силување на 25-годишна жена од селото Нерав. Според пријавата, двајцата осомничени се товарат за противправно лишување од слобода и за силување. Судија на претходна постапка на двајцата им одредил притвор од 30 дена. Како што инфомрираат од МВР,...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...