fbpx
Таг: шверц

таг: шверц

Уапсени осум лица во Италија поради шверц на мигранти

Италијанската полиција денеска уапсила осум лица осомничени за шверц на луѓе и фалсификување на документи, јавуваат светските агенции. Водачот на групата, инаку радикален исламист со потекло од Тунис, според информациите, бил уапсен претходно. Осуммината уапсени, од кои ниту еден не е Италијанец, според италијанската полиција, од компанија за производство на текстил северно од Неапол набавувале лажни договори и листи...

Полицијата спречила шверц на 1.500 штеки цигари без бандероли

Полициски екипи од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во петокот оваа недела спречиле обид за шверц на поголемо количество цигари без бандероли на границата меѓу Македонија и Бугарија. Како што соопшти денеска МВР, во петокот, околу 5 часот, во близина на местото Чемериков преслап, во близина на Пехчево, полициски екипи забележале џип без регистарски таблички, кој се движел по...

Уапсен шверцер на текстил и на делови за автомобили

Полицијата притворила 50-годишен скопјанец осомничен за шверц и за царинска измама за поголемо количество текстилна стока и автомобилски делови. Како што соопшти МВР, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.А. поради основан сомнеж дека на 9 јуни 2016 година прикривал стоки кои се предмет на шверц и на царинска измама. - Пријавениот, откако на засега неутврден начин и од...

„Елефтерос Типос“: Проституција, дрога и шверц со луѓе на Идомени

Во Идомени цутат нелегалната трговија и криминалот, тврди грчкиот весник „Елефтерос Типос“. Според весникот, ситуацијата во кампот е целосно надвор од контрола, бидејќи покрај мрежите на шверцери на луѓе кои заработуваат од пренесување на бегалци кон Македонија, покрај мрежите на продавачи на дрога и цигари сега почнува да се развива и проституција во кампот. „Елефтерос Типос“ тврди дека, една вагон...

Инспектори на царината заплениле 8,5 килограми злато, шверцувано од Турција

Инспектори од Одделението за истраги на Царинската управа вчера при претрес на автомобил, марка „голф 5“, на патот Гостивар - Дебреше, откриле 8,5 килограми злато, наменето за македонскиот пазар, соопшти Царинската управа. Според Царината, златото, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра, било набавено во Турција и потоа прошверцувано во Македонија. „Околу 10.30 часот, за детална царинска контрола сопрен е...

Гостиварец фатен во шверц на четворица мигранти од Мароко

Полициски службеници, вчера попладне, при контрола на возило „шкода фелиција“, на регионалниот пат Овче Поле - Свети Николе откриле шверц на четворица марокански државјани, кои илегално влегле во земјава. Како што информираат од МВР, возилото го управувал 37-годишниот Б.С. од Гостивар. Полицајците, според МВР, се обиделе да запрат уште едно возило, марка „цитроен“, кое се движело зад „шкодата“, но тоа не застанало. „Цитроенот“...

Шпанската полиција заплени три тони кокаин

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила три тони кокаин и уапсила 12 лица од Велика Британија, Холандија и во Шпанија, осомничени за шверц на дрога, јавуваат светските медиуми. Кокаинот бил откриен во северо-западниот регион Галиција, а сомневањата се дека дрогата е на шверцерскиот канал кој дејствува во јужниот дел на Коста Дел Сол, пренесува „Би-Би-Си“. Според полициските информации, станува збор за...

Уапсен жител на Ваксинце поради шверц на мигранти

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал приведе македонски државјанин осомничен за шверц на мигранти. Полицијата имала информации дека И.Д. (46), за паричен надомест, подолг временски период сместувал илегални мигранти на локација во село Ваксинце. Полициски екипи денеска извршиле претреси на три локации и во куќата, сопственост на И.Д., пронашле илегални мигранти. Против И.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти.

Српската полиција заплени големо количество оружје во акција во Нови Сад

Српската полиција во вторникот вечерта, во Нови Сад, имала акција во која билo запленетo поголемо количество експлозив и оружје и со тоа пресекла синџир за шверц на оружје. Српските медиуми јавуваат дека во акцијата биле уапсени двајца мажи на кои им бил одреден 48-часовен притвор. Оружјето било пронајдено во автомобил марка „мазда“. Во возилото имало околу три килограми пластичен експлозив со...

Спречен шверц на цигари и на мобилни телефони

Девет штеки цигари со албански акцизни маркички се откриени при контрола на автомобил, управуван од албански државјанин, на граничниот премин Ќафасан. Цигарите се пронајдени во страничните празнини на багажниот простор и под резервната гума на возилото. Тие се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка. Истовремено, три нови мобилни телефони „ајфон 6С“ се откриени од мобилните царински тимови при контрола...

Скопјанец фатен со 2,8 килограми хероин на Богородица

Министерството за внатрешни работи (МВР) до велешкото јавно обвинителство поднело кривична пријава против 58-годишниот Е.Р. од Скопје, кој во четвртокот минатата недела бил уапсен на граничниот премин Богородица, при обид да прошверцува во земјава околу 2,8 килограми хероин. Според МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава со која тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични...

Англиската мафија шверцува мигранти од Франција во Велика Британија

Британски трговци со луѓе се вмешани во шверцот на мигранти од Франција во Обединетото Кралство, преку каналот Ла Манш, изјавил за „Би-Би-Си“, градоначалникот на францускиот град Тетегем, близу Данкирк. Во дел од репортажата на британскиот национален сервис, нивната екипа забележала автомобили со британски регистарски таблички, во непосредна близина на кампот за мигранти на периферијата на Данкирк, град на северот на...

Царината заплени 326 литри шверцуван „ред бул“

Царински инспектори од одделението за истраги, во магацини на две скопски фирми откриле 326 литри шверцуван енегретски пијалок „ред бул“, соопшти Царинската управа. Како што информираат оттаму, инспекторите при контрола на магацин на Кванташки пазар во Скопје, откриле 1.140 лименки „ред бул“, без декларации на македонски јазик, на кои составот на производот бил напишан на бугарски и на романски јазик,...

Почна поморската акција на ЕУ против шверцот на мигранти

Советот на министри за надворешните работи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), денеска на состанокот во Луксембруг ѝ дадоа зелено светло на поморската операција на ЕУ, со име „ЕУНАВФОР Мед“, насочена против шверецерите на мигранти и трговијата со луѓе преку Средоземно Море. Мисијата на операцијата, како што информираат од Советот на ЕУ, е да ги идентификува, зароби и да се ослободи...

Либија испраќа пратеник во ЕУ поради шверцот на мигранти

Либија соопшти дека испратила специјален пратеник да разговара со Европската унија за нејзиниот предлог да ги уништува бродовите на шверцерите на мигранти. Либија, во изјавата која вчера ја соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, вели дека нејзината меѓународно признаена влада ја „потврдува спремноста да ја изврши својата улога во контрола на масовната миграција која однесува илјадници животи“. На ЕУ ѝ е...

Тетовска фирма се обидела да прошверцува автобус на преминот Ќафасан

Четворица тетовчани се осомничени дека се обиделе нелегално да внесат цел автобус преку граничниот премин Ќафасан, во близина на Струга, на македонско-албанската граница. Царинската управа поднела кривична пријава против една фирма и три физички лица, сите македонски државјани, поради обид за нелегално внесување во државата на автобус марка „ман“, со проценета вредност од околу 824.000 денари или околу 13.400 евра. Еден...

ЕУ размислува за воена операција против шверцери на луѓе

Лидерите на земјите-членки на Европска унија денеска во Брисел ќе разговараат за покревање воена операција против шверцерите на мигранти во Либија, кои се сметаат за одговорни за смртта на повеќе стотина мигранти годинава во Средоземно Море. Во нацрт-документот се предвидува „обврзување на европските лидери за преземање системска акција за идентификување, лоцирање и за уништување на бродовите пред пловилата да се искористат...

Скопјанец фатен додека превезувал 12 илегални мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривичнапријава против Б.Д. (57) од Скопје, кој вчера на патниот правец Гевгелија - Скопје бил фатен како со комби превезува 12 илегални мигранти со потекло од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, скопјанецот се товари за нелегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Авганистанските државјани се сместени...

Тројца грчки државјани спречени во обид да пренесат мигранти

Оделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија при Регионалниот центар за граничниот реон Југ, поради постоење основано сомневање, до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против тројца грчки државјани, А.П. (40), К.Т. (34) и П.Р. (50), како и против непознато лице за криумчарење мигранти, загрозување на сигурноста и за предизвикување општа опасност. Пријавените, како што стои во соопштението на МВР,...

Жител на Радолишта осомничен за шверц на пастрмка

Регионалот центар за гранични работи Запад поднел кривична пријава против Л.Л. (40) од струшкото село Радолишта, осомничен дека се обидел да прошверцува околу 20 килограми риба пастрмка, информираат од МВР. Според полицијата, на 21 јануари, полициски службеници на локалниот пат Струга - Радожда, извршиле контрола на автомобил, марка „мерцедес 190“ со струшки таблички, сопственост на осомничениот, и на предното седиште...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...