Таг: шумски пожари
таг: шумски пожари
„Гугл“ ја претстави Address Maker, бесплатна апликација за известување за опасност од пожари на „Гугл Мапс“
По катастрофалните пожари што ја погодија северната хемисфера на Земјината топка изминатово лето, компанијата „Гугл“ деновиве се одлучи да промовира нова бесплатна апликација, која што ќе им помогне на властите и на невладините организации во справувањето со пожарите преку редовно и навремено информирање на граѓаните за ваквата опасност, се наведува во блог постот на компанијата.
https://twitter.com/googlemaps/status/1443319819688976399
Address Maker е најновата апликација,...
ЈП „Национални шуми“ започна вонредна акција за пошумување по пожарите, Заев и Хоџа први засадија дрвца
По големите шумски пожари што ја зафатија земјава изминатото лето, ЈП „Национални шуми“ ја започна вонредната програма за санирање на штетите. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, денеска учествуваа во засадувањето со садници. Претпријатието го чекаше почетокот на поволните временски и сезонски услови, за...
Шумските пожари изминатово лето биле ем побројни, ем покатастрофални и донеле рекордни емисии на CO2
Службата за следење на атмосферата на ЕУ „Коперникус“ деновиве објави загрижувачки податоци за емисиите на стакленички гасови по катастрофалните пожари кои летово ја зафатија северната хемисфера на Земјината топка. Во текот на овогодинешната сезона во јули и август забележани се „екстремни пожари и по интензитет и по фреквенција“. Само во јули, на глобално ниво биле испуштени 1.259 мегатони на...
Во заштита на шумите за пет години сме инвестирале само 480.000 евра, не е чудо што ги снемува
С.Македонија премалку инвестира во заштита на шумите, а краен резултат од ваквата негативна пракса е уништувањето на огромни пространства засадени под дрвја. Во изминативе пет години, трошоците и инвестициите за заштита на шумите во земјава изнесувале само 29.516.000 денари, односно скромни 480.000 евра. За разлика од ова, големите шумски пожари што ја зафатија нашата земја годинава предизвикаа штета од...
По пожарите, Грција формираше ново министерство за климатски промени
Грција формираше ново министерство кое ќе се справува со влијанието на климатските промени во земјата по катастрофалните пожари што ја погодија земјата изминатово лето. На чело на новото министерство е поставен поранешниот кипарски еврокомесар Христос Стилијанидес, јавува Јуроњуз.
Владата призна дека изминатово лето постоеле грешки во справувањето со шумските пожари во Грција, кои проголтаа 116.000 хектари шума на островот Евија...
Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години
Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми.
Заклучно со 15 август, годинава биле опожарени површини...
Пожарите досега проголтаа 8.803 хектари шумска површина во земјава
Извештајот на Јавното претпријатие Национални шуми за штетите од овогодинешните пожари во земјава, заклучно со 15 август, покажува дека со пожарите била зафатена површина од 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, информираат од владината прес-служба.
Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот на...
Скопските пожарникари на Водно ја презентираа опремата за гаснење шумски пожари
Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска на Водно изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари.
Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили.
На избрана...
Помошта при непогоди – солидарност во систем
Македонската јавност до пред некој ден, разбирливо, беше преокупирана со борбата против пожарите. Тие зазедоа такви размери што со нив не можевме да се справиме сами, па побаравме помош. Според податоците досега објавени од Европската комисија и НАТО, преку ЕУ е стигната помошта од Словенија, Бугарија, Австрија и Романија, а од Црна Гора – преку НАТО. Помош добивме и...
Активни пожари на неколку локации низ земјава, МВР досега приведе 17 лица кои се сомничат за подметнување
Пожарот кај село Раовиќ, Општина Сарај утрово чади на повеќе места. Истиот се простира од село Буковиќ кон селото Чајлане и Матка, а постои можност да се разгори, информираа од Центарот за управување со кризи.
Сѐ уште е активен и пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје, кој е проширен кон висорамнината Витачево, кон село Страгово во Кавадарци....
Бројот на активни пожари се намалува, огнот во селото Раовиќ постојано се разгорува, жариштата ќе се бараат со термални камери
Бројот на активни пожари на територијата на С. Македонија се намалува. Во изминатите неколку денови стивнаа огнените стихии во Малешевијата, во Прилепско, Кумановско, а активни се помали локации во Скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи, вчера сè уште бил активен пожарот кај селата Дивље и Крушје и се ширел кон ливади со сува трева, но е...
Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници
Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција на партиска пропаганда и...
Пожарите во Беровско локализирани, сè уште гори во Скопско, Кумановско и Прилепско
Борбата со огнената стихија продолжува на повеќе локации во земјава. Активни се уште се пожарите во Скопско, Кумановско и Прилепско. По десетина денови борба, со заеднички напори на македонските пожарникари и припадници на армијата, заедно со австриските, словенечките и бугарските пожарникари, според информации од Центарот за управување со кризи, конечно е локализиран и ставен под контрола пожарот во Беровско-Пехчевскиот...
Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите
Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите, соопшти македонското министерство за одбрана.
Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до...
ДЗС: Пожарите во Малешевијата целосно ставени под контрола, романскиот авион гаснел кај Раовиќ
Шумските пожари што опустошија големи површини во близина на Пехчево и Берово се целосно ставени под контрола, соопшти предмалку Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во последниве два дена посебно беше опасен пожарот што се закануваше на малешевското село Будинарци, но според информацијата што на прес-конференцијата претпладнево ја соопшти Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и...
Во врска со пожарите во последното деноноќие ангажирани 588 полициски службеници
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на земјава биле ангажирани 588 полициски службеници, биле реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо...
Владата ги ослободи од плаќање за навигација сите воени и полициски летала од Србија, Црна Гора и Романија
Владата на Република Северна Македонија вчера преку видеоконференциска интернет врска ја одржала 98-та седница, на која е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Северна Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија.
Ослободувањето од плаќање на надоместокот на услугите...
Ќе требаат и до 50 години за да се обноват шумите што изгореа
Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет и животната средина, е...
Неславни бројки: За една недела од пожари изгоре неколкукратно повеќе шума во споредба со цела 2020 година
Од десетината активни пожари на територијата на целата земја е зафатена површина од најмалку 2.500 хектари само во моментов, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Од нив, во огромниот пожар во Малешевијата кој се протега меѓу Пехчево, Делчево и Берово досега изгореја минимум 1.100 хектари борова шума и нискостеблести растенија, при што овие податоци се однесуваат само...
Пожарите беснеат, шпанска компанија за 400.000 евра допрва ќе ги сервисира противпожарните авиони
Дирекцијата за заштита и спасување денеска го потпиша договорот со шпанската компанија „Titan Firefighting Company S.L.“вреден 25.000.000 денари (околу 400.000 евра) за поправки и сервисирање на трите противпожарни авиони што ги поседува земјава, вклучувајќи ги и годишните прегледи.
Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, а оправданоста за ваквиот чекор е „доколку поради крајна итност,...