fbpx
Таг: штрајк

таг: штрајк

Попладнево средба на СОНК и Владата, ако нема договор, штрајкот ќе продолжи и утре

Во владата попладнево ќе се одржи нова средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) како уште еден обид да се постигне договор за завршување на штрајкот во училиштата и градинките во земјава. Покрај претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе биде и...

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку само придонесите, иако се...

Ќе ги помести ли штрајкот уписите во средно?

Со оглед на тоа дека веќе втора недела се штрајкува во просветата, неизвесно е дали ќе биде продолжена учебната година, нешто што може да влијае на уписот во средно образование. Бидејќи има прецизни датуми и конкретни рокови, некои директори на училишта стравуваат дека штрајкот може да го помести планот за запишување нови ученици. Андреј Манолев, директорот на гимназијата „Никола...

Нова епизода на „Шорткат“: Репортажа од Чешка за тоа како може да се зачува индустриското наследство

Во емисијата „Шорткат“ неделава ја објавуваме репортажата од локалитетот Долњи Витковице, кој претставува заштитено индустриско наследство во чешкиот град Острава. Овој некогашен комплекс не е напуштен и заборавен како фабриките „Треска“, „Купром“ и Стакларницата во Скопје, туку е претворен во креативен центар што го посетуваат над 1,3 милиони лица од целиот свет. Во денешната епизода информираме и за големиот пожар...

Сојуз на средношколци: Договор што побрзо да има, ќе се пробијат државните рокови за полагање за матурантите

Од непостигнувањето на договор меѓу владата и СОНК во врска со штрајкот во образованието, најмногу ќе страдаат средношколците. Од Сојузот на средношколци денеска побараа солидарност за учениците, особено за матурантите, бидејќи кај нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. „На пример, рокот за...

Штрајкувачите ќе добијат само пари за придонеси, штрајкот продолжува и утре

Mинистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска изјави дека на оние кои штрајкуваат во училиштата и во градинките, ќе им бидат исплатени само придонеси. Таа кажа дека тоа не значи дека врз вработените се прави притисок да го прекинат штрајкот, туку, според неа, тоа е само почитување на законите и колективниот договор. Согласно последната одлука на Советот...

Народен правобранител: Образовниот процес на децата не треба да трпи последици од штрајкот

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно - образовниот процес не треба да трпи последици. Ова денеска го изјави Народниот правобранител Насер Зибери. Тој...

Учениците и денеска немаат настава, штрајкувачите одбија зголемување на платата за 2.500 денари

Синдикатот за образование, наука и култура одлучи да го продолжи штрајкот во дејноста образование и детска заштита откако не ја прифатија понудата на Владата да им се зголемат платите на наставниците и воспитувачите за 10 отсто. Мнозинството ученици во државата, шести ден по ред не се на настава, а по последната одлука за продолжување на штрајкот реагираа од Владата,...

Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа што од нив се...

УНИЦЕФ: Тоа што нема настава ја продлабочува образовната криза

УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата, соопштија од  од организацијата. Претставничката Патриција ДиЏовани смета дека вработените во образовниот сектор,...

Министерот за образование Јетон Шаќири засега не планира да ангажира заменски наставници

Засега не е планирано да ангажираме заменски наставници кои би работеле наместо оние кои во моментов се во штрајк, изјави за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Денеска синдикалците во образовениот сектор втор ден штрајкуваат барајќи поголеми плати, па во многу училишта низ државата не се одржува настава. „Нема да ангажираме заменски наставници по училиштата, иако законот тоа...

Прв ден штрајк на наставниците: Во некои училишта децата се прифаќаат и има настава, во други цели колективи не работат

На првиот ден од штрајкот кој го организира раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), сликата во училиштата е различна. Во некои училишта се прифаќаат деца и настава се одржува, а во други места, пак, цели наставнички колективи се во штрајк и не прифаќаат деца. Директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски за Мета вели дека две третини...

МОН: Училиштата ќе продолжат да работат и ќе примаат ученици и од понеделник

И од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на рaководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, извести Министерството за образование и наука (МОН). „Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и...

Исплатена платата на железничарите, возовите повторно сообраќаат

Патничките и товарните возови во земјава почнаа да сообраќаат од вчера попладне, откако на железничарите им е исплатен вториот дел од платата за декември. Возовите сообраќаат по вообичаениот возен ред, а машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ-Транспорт редовно си ги извршува работните обврски. Прекинот на железничкиот сообраќај започна завчера, поради тоа што железничарите уште во ноември лани го...

Патничките и товарните возови не сообраќаат, железничарите бараат плата

Втор ден не функционира патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Вработените од Железници на РСМ-Транспорт не ги исполнуваат своите работни обврски поради тоа што не им е исплатен вториот дел од платата за декември. Уште во ноември лани, тие ја предупредија државата дека возовите нема да сообраќаат, доколку најдоцна до 25-ти во месецот не им биде во целост...

Железничкиот превоз во прекин, штрајкуваат машиновозачите поради неисплатена плата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово се во прекин. Штрајкуваат машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт поради неисплатен втор дел од нивната плата за септември. Патничките и товарните возови нема целосно да сообраќаат до добивањето на платата, информираат синдикалните претставници во железничкото претпријатие. Инаку, Железници на РСМ-Транспорт е претпријатие во сопственост на државата кое има најголеми долгови во...

Железничкиот сообраќај е ставен во функција, заврши штрајкот на машиновозачите

Машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со раководството на железничкото транспортно претпријатие. Вториот дел од платата за јуни веќе им е исплатен, а до 15 август го очекуваат и првиот дел од платата за јули. Договорено е вториот дел од платата за претходниот месец да го добијат до 25 август, а доколку ова не...

Машиновозачите бараат плати, железничкиот сообраќај во земјава е во прекин

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во прекин од вчера во 16 часот, поради бојкотот на машиновозачите. Работничкиот персонал на Железници на РСМ-Транспорт кој ги управува возовите во земјава си го бара вториот дел од платата за јуни. Машиновозачите најавија дека до управниот одбор на железничкото претпријатие и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис...

СОНК најави штрајк на наставниците ако не им се плати прекувремената работа, МОН вели парите се префрлени кај општините

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска предупреди дека ќе организира штрајк ако Министерството за образование, општините и училиштата не им платат на наставниците за прекувремена работа. Од Министерството, пак, одговорија дека тие редовно на општините им префрлаат пари, па така, исплатата треба да ја извршат општините и самите училишта. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков предупреи дека ако не...

Од утринава повторно отворен граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи информира дека според информациите добиени од Република Грција од 05:30 часот утринава (18 февруари), граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез). Граничниот премин Евзони беше затворен од 05 часот на 17 февруари, поради штрајк на грчките цариници.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...