fbpx
Таг: штрајк

таг: штрајк

Директорот Лазаревски тврди дека е решен спорот во ОУ „11 Октомври“

Целосно е решен спорот со основното училиште „11 Октомври“, тврди директорот Васко Лазаревски откако Централен регистар му ја уважил жалбата за злоупотреба на потпис од страна на разрешената директорка Даниела Костадинова. - Централен регистар ми ја уважи жалбата и со тоа јас станав официјален директор на училиштето. Штрајк во училиштето немаше. Имаше згрижување на децата од вработените на првите часови...

По директорската битка и по труењето, сега и штрајк на наставниците во ОУ „11 Октовмри“

Наставниците во основното училиште „11 Октмври“ од денеска стапија во штрајк и не им држат настава на учениците бидејќи немаат земено плата. Ова било одлучено на состанокот на наставничкиот совет одржан вчера и потвредено на уште еден состанок одржан утринава. Иако наставниците штрајкуваат, тие сепак ги згрижуваат децата, но не им држат настава. - Седиме на часови со наставниците, но тие не...

Грција парализирана поради генералниот штрајк на јавните служби

Јавните служби во Грција денеска престанаа со работа бидејќи работниците стапија во првиот генерален штрајк откако во јануари левичарската коалиција ја презеде владата, јавуваат светските агенции. Јавниот сообраќај е сериозно нарушен, затворено е метрото во Атина, автобуските и тролејбуските линии се скратени, а траектите се на пристаништата. Заради штрајкот, затворени се музеи, училишта, аптеки, а државните болници работат само за итни случаи. Повеќе...

Штрајк во „Луфтханза“, откажани 929 летови

Штрајкот на екипажот на германската авиокомпанија „Луфтханза“, кој почна во петокот како борба за подобри плати и услови за работа, до 23 часот ќе влијае на 113.000 патници и ќе бидат откажани 929 летови, Штрајкот се одвива на трите најголеми аеродроми, во Франкфурт, Дизелдорф и во Минхен. Во петокот, кога почна штрајкот, откажани беа 290 летови, со што беа погодени 37.000...

Рударите бараат стечај за рудниците Добрево и Тораница

Сидникатите на рудниците Добрево и Тораница сметаат дека брзото завршување на предстечајната постапка и прогласувањето стечај е најдоброто решение за нив, по повеќе од два месеци штрајк. Рударите во тој случај ќе добијат шестмесечен надомест со здравствено осигурување. Вработените веќе три месеци немаат земено плата, а засега нема никаков одговор од раководството на „Индоминерали и метали“. Рударите велат дека извршителите...

Отпуштените професионални војници најдоцна до февруари ќе се вратат на работа

Власта поднесе закон со кој ќе им се реши статусот на професионалните војници што по завршувањето на работниот ангажман во АРМ, не беа вработени. Како што е предвидено во законот, вработувањето на овие војници треба да заврши најдоцна до февруари идната година. - Во законот е предвидено вработувањето на овие 140 професионални војници да заврши најдоцна до крајот на февруари 2016 година....

Рударите од Добрево и од Тораница најавуваат радикализација на штрајкот

Веќе осумнаесетти ден не работат рудниците во Добрево и во Тораница, откако рударите почнаа штрајк поради доцнењето на платите и лошите услови за работа. Стотина рудари од рудникот Добрево, со кој управува индиската компанија „Индоминерали и метали“, денеска наидоа на затворени врати пред управната зграда на компанијата, каде бараа средба со раководството, но не беа примени на разговор. Рударите одржаа средба...

Штрајкот на синдикатите го блокираше Брисел

Илјадници демонстранти го блокираа сообраќајот во Брисел, барајќи подобри услови за работа. Иако генерален штрајк не е формално прогласен, повикот на коалицијата на белгиските синдикати наиде на масовен одѕив, а на протестот против мерките за штедење што владата планира да ги воведе, се приклучија и вработените од градското сообраќајно претпријатие, чиј превоз е запрен. Не работат и многу школи и државни...

Десетина илјади луѓе во Манчестер протестираа заради мерките за штедење

Десетици илјади луѓе протестираа во Манчестер заради мерките за штедење на британската влада. Протестот беше организиран под слоганот „Не за штедењето, да за правата на работниците“, а учествуваа околу 60.000 луѓе. Протестот е организиран поради, како што наведува организаторот, владината „штетна програма за штедење и нејзин напад на правата на работниците и на нивните синдикати“. Некои од демонстрантите носеа плакати на кои...

Рударите почнаа протест во Пробиштип

Повеќе од 400 рудари претпладнево се собраа на протест пред управната зграда на „Индоминерали и метали“ во Пробиштип. Ним им се придружија и дел од рударите од рудникот Тораница, кај Крива Паланка, со кој, исто така, управуваат индиските сопственици од „Индоминерали“. Рударите од вчера се во генерален штрајк, по еднонеделниот прекин на работата. Бараат редовна исплатата на платите, но пред сè,...

Брејвик се заканува со штрајк со глад

Норвешкиот масовен убиец Андрес Беринг Брејвик се заканил дека ќе гладува до смрт поради влошување на условите под кои ја отслужува казната и неможноста да студира. Тој тврди дека е во изолација од 2 септември и оти времето што може да го мине на отворено му е ограничено на еден час дневно. Брејвик уби 77 лица во 2011 година, кога активираше бомба...

Гавриловска: Затворениците јадат храна од пакетите што ги добиваат

Продолжува штрајкот со глад на затворениците во Идризово, Штип и делумно во Тетово. Управата за извршување на санкции, пак, официјaлно не гледа никаков прoблем во затворските установи. Според директорката Лидија Гавриловска, нема штрајк со глад. - Точно е дека затворениците одбиваат затворска храна, но јадат од пакетите што ги добиваат - рече Гавриловска. Имено, затворениците имаат право на добивање пакети до десет килограми...

Во повеќе затвори во земјава затворениците штрајкуваат со глад

Затворениците од „Идризово“ втор ден штрајкуваат со глад. Целта е вниманието на јавноста да се сврти кон нив, сакајќи да ги покажат нечовечките услови во кои престојуваат. Штрајкот денеска се шири низ повеќе затвори, а затворениците негодуваат поради преполнетоста на просториите, но и поради лошата храна. Надлежните во затворите се известени за штрајкот и признаваат дека во „Идризово“ капацитетот е за 800...

Затвореници во Штип и во Идризово штрајкуваат со глад

Повеќе од половината затвореници од затворот во Штип одбиле да јадат. Заедно со затворениците од затворот во Идризово, во Скопје, од синоќа најавија штрјак со глад, како револт, како што велат, од „лошите затворски услови и немањето место за спиење“. Информацијата ја потврдија од Управата за извршување санкции, но, според нив, не се работи за штрајк, туку за одбивање храна....

Штрајк во Холандија, полицајците бараат поголеми плати

Холандската полиција, која е во штрајк, ги блокираше влезовите на кабинетите на премиерот и на тројца министри во Хаг откако синдикатите ја засилија кампањата, барајќи поголеми плати и подобри услови за работа. Голем број полицијаци ги вратиле службениците што дошле на работа во министерствата за финансии, внатрешни работи и за судство. Со образложение дека полицајците „доволно долго биле лојални“, синдикатот на полицијата...

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“. Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила. Според процените, и во текот...

Возовите не сообраќаат поради штрајк на машиновозачите, се превезуваат само мигранти

Од вчера напладне, откако машиновозачите ги бојкотираат работните задачи, незадоволни од доцнењето во исплатата на платите, патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија и понатаму е во прекин. Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во „МЖ Транспорт“, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти. Според Независниот синдикат...

Родители и ученици од струшките основни училишта се закануваат со бојкот на наставата

Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од блокираните жиро-сметки, дел од учениците и од родителите од струшките основни училишта се заканија со бојкот на наставата. Родителите велат дека доколку во текот на наредната недела не се најде решение на проблемот, нема да ги пуштаат своите деца на училиште. Бараат државата да пројави интерес и за Струга. – Јас мислам...

Пилотите на „Луфтханза“ најавија штрајк

Синдикатот на пилотите на „Луфтханза“ повика утре да се одржи еднодневен штрајк на долгите и на карго-линиите на германската авиокомпанија. Германскиот синдикат „Ферајнигунг“ во текот на последните неколку месеци организираше десетина краткорочни штрајкови на синдикатот на „Луфтханза“ поради плановите да се намали платата на пилотите кои сакаат порано да се пензионираат. Синдикатот најави штрајк со образложение дека на денешните разговори не...

Штрајк на лондонското метро

Подземната железница во Лондон денеска е затворена поради штрајкот на вработените, кои се противат на плановите за викенди да работат 24 часа. Поради затворањето на лондонското метро, познато како „Тјуб“, илјадници патници морале да најдат превоз до работа. Воведени се дополнителни автобуси во градскиот превоз, а многу жители на Лондон одлучиле да изнајмат велосипеди. Членовите на синдикатот запреа со работата поради...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...