fbpx
Таг: штрајк

таг: штрајк

Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

Стотината вработени во грчката фирма „Актор“, која работи на изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, штрајкуваат бидејќи не зеле плата два месеци, јавува телевизија „Телма“. Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница. Името на „Актор“ стана актуелно во македонските медиуми пред две години, кога опозицискиот СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки на...

Штрајк на вработените на шест аеродроми во Германија

Десетици илјади патници се соочуваат со одложувања летови и со доцнења откако вработените од шест германски аеродроми денеска стапија во штрајк, во пресрет на преговорите за плата кои почнуваат кон крајот на оваа недела, пренесува ДПА. Механичарите, копнениот персонал, вработените во секторот за контрола на безбедноста и пожарникарите денеска штрајкуваат на аеродромите во Минхен, Франкфурт, Диселдорф, Келн, Дортмунд и во...

Продолжува штрајкот на грчките новинари

Грција тоне во медиумски мрак со денови. Грчките новинари од вчера го продолжија штрајкот кој почна во четвртокот. Синдикатот на новинари и на уредници одлучи да се штрајкува до среда, во знак на револт и на протест против новите пензински и здравствени реформи со кои ќе се зголеми возрасната граница за одење во пензија, а ќе се намалат пензиите. На...

Поради штрајк на комуналците, приматели на социјална помош ги чистат улиците во Берово

Поради штрајкот на вработените во Јавното комунално претпријатие „Услуга“ во Берово поради неисплатени плати, кој трае веќе една недела, сметот во градот го чистат приматели на социјална помош. Дел од примателите на социјална помош велат дека се ангажирани за чистење на улиците по налог на градоначалникот на Берово, Драги Наџински, бидејќи имаат долгови за вода и за смет. Еден од десетината...

24-часовен штрајк на грчката администрација

Грчката администрација денеска излегува на протест и одржува 24-часовен штрајк во знак на незадоволство за новите реформи во пензискиот и во здравствениот систем, како и за даночните реформи што ќе донесат нов финансиски товар врз грчкиот народ. Протестот го организира еден од работничките синдикати, АДЕДИ. Кон штрајкот и протестот низ атинските улици покрај административците, се приклучуваат и наставниците и професорите, контролорите...

Од утре во Грција штрајкуваат лекарите, новинарите и административците

Грчката администрација утре излегува на 24-часовен штрајк и протест против новите владини мерки за здравственото и пензиското осигурување, но и поради новите планови за зголемување на даноците. Протестот го организира синдикатот АДЕДИ, а кон него се приклучува и синдикатот на новинари поради што во Грција утре ќе има медиумски мрак. Со проблем ќе се соочат сите што планираат да патуваат со...

Ребаланс на буџетот ќе го реши штрајкот на беровските комуналци

Преку ребаланс на општинскиот буџет, ќе се решаваат долговите на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово, чии работници веќе четврти ден штрајкуваат, барајќи ги неисплатените четири плати. Ова е одлуката на синоќешната вонредна седница на Советот на Општина Берово. Зголемување на цените на водата и на другите комунални услуги, исто така, според претседателот на Советот, Јован Матеничарски, е едно од можните...

Беровските комуналци изнудија вонредна седница на општинскиот Совет

Вечерва на вонредна седница, советниците од Берово одлучуваат за состојбата во Јавното комунално претпријатие „Услуга“. Берово се задушува во смет и во отпад откако минатата недела комуналните работници стапија во штрајк. Контејнерите се преполни, а околу нив има мали депонии од насобрани кеси со ѓубре. Комуналците си ги бараат неисплатените плати за четири месеци. Граѓаните, иако имаат разбирање за проблемот на комуналците,...

Полицијата не дозволува отворање на бриселскиот аеродром

Поради штрајк на полицијата на бриселскиот аеродром „Завентем“, вечерва истиот најверојатно нема да биде делумно отворен, како што беше планирано. Аеродромот е затворен по двојниот самоубиствен напад на 22 март, при што загинаа 32 лица. Од полицискиот синдикат за „Би-Би-Си“ изјавиле дека, безбедносните мерки воведени поради негово повторно отворање, не се доволни. Претседателот на најголемиот полициски синдикат во Белгија, Винсен Жил изјавил...

Судската администрација продолжува со штрајкот

Судските административци и вработените во органите на управата, денеска продолжија со тридневниот штрајк. Тие бараат промена на законот со кој судската администрација ќе се оддели од државата и кој ќе овозможи правичен напредок во кариерата, зголемување на платите за 5 отсто и враќање на старото работно време од 7.30 до 15.30 часот. Штрајкот ќе биде финализиран со утрешните протести, кои ќе...

Судската администрација од денеска во тридневен штрајк

Вработените во судската администрација од денеска стапуваат во тридневен штрајк, поради, како што велат, незадоволството од примањата и од лошите услови за работа. Организаторите од Синдикатот на управата и правосудните органи (УПОЗ), како и здруженијата на граѓани и на судска администрација велат дека на денот на штрајкот, судовите делумно ќе функционираат, додека случаите за итна постапка и притвор нормално ќе работат. Според најавите,...

Судските работници најавија тридневен штрајк

Судските и правосудните работници од среда до петок ќе штрајкуваат, но не предупредувачки, туку целодневно, а в петок ќе протестираат пред Собранието, Министерството за правда и пред Владата на Македонија. Од Здружението на судската администрација на Република Македонија велат дека преговорите со претставниците на Министерството за правда и на Судскиот совет ги прогласиле за неуспешни, бидејќи тоа што го договарале и...

Судската администрација најави тридневен штрајк

Tридневен штрајк, на 23, 24 и на 25 март, најавија од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија (УПОЗ) и Здружението на судската администрација, незадоволни од односот на Министерството за информатичко општество и администрација и од запирањето на преговорите околу новите законски решенија. Штрајкот ќе се одржи во сите судови во земјава, а на...

Блокада на граничниот премин Ники – Меџитлија

Сообраќајот за влез и за излез од Грција на граничниот премин Ники -Меџитлија е целосно прекинат на неодредено време, соопшти Автомото-сојузот на Македонија. Прекинот настанал во 12 часот поради штрајк на грчките земјоделци, кои во близина на преминот го блокирале патот со земјоделски машини.

Утре затворен за влез и за излез граничниот премин Дојрани

Граничниот премин Дојрани за влез и за излез од Република Грција ќе биде блокиран од 18 до 21 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од 13 до 23 часот денеска во целосен прекин е и во сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија,  поради штрајк на грчките земјоделци.  

Утре масовни штрајкови во Грција

Цела Грција утре ќе биде парализирана од масовни работнички штрајкови против новиот закон со кој се предвидува намалување на пензиите и на здравственото осигурување. В четврток на улиците на Атина и на Солун ќе излезат членовите на најголемите работнички синдикати, ГСЕЕ и АДЕДИ, како и голем број претставници на приватниот сектор. На протестот ќе му се приклучат земјоделците, кои веќе две...

Граничните премини Меџитлија и Дојран затворени поради штрајк на грчките земјоделци

Денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот, поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување земјоделски машини и трактори во близина на граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојрани, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и при излез од Република Грција, информира Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои,...

УПОЗ најави штрајк доколку нема средба со министерот за правда

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација до петок ќе чекаат да остварат средба со министерот за правда, на која би разговарале за спорните одредби од Законот за судска служба, а доколку тоа не се случи, за следната недела најавуваат повторно активирање на штрајкот. Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски, денеска...

Двочасовен прекин на судењата поради штрајк на судската администрација

Судовите денеска имаа двочасовен прекин во работата поради протест на дел од судската администрација. Судските службеници во 10.30 часот ги напуштија судниците и два часа стоеjа пред судовите во знак на протест поради Законот за судска служба, за кој велат дека е полн со нејаснотии. Синдикатот смета дека законот кој е на сила е недоречен, набрзина донесен и неприменлив во практика. Бараат...

Штрајк на грчките медиуми

Грчките медиуми, вклучувајќи ги државното радио, телевизијата и весниците, утринава стапија во 24-часовен штрајк поради владините мерки за штедење. „Медиумските работници, заедно со сите работни луѓе во нашата земја, повикуваат да се задржи социјалната сигурност (основните и дополнителните пензии), социјалните бенефиции, здравствениот систем“, стои во соопштението на синдикатите. Меѓу барањата на грчките новинари е Владата да основа професионален фонд на осигурување. Протестот...

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...