fbpx
Таг: Штип

таг: Штип

Отворен Музејот на дејците на ВМРО во Штип

Премиерот Никола Груевски денеска го посети Штип, каде присуствуваше на отварањето на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и од Штипско и оствари работна посета на новиот далекувод на МЕПСО, кој ќе се протега од Штип до македонско-српската граница. - Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати револуционери, војводи, комити и останати...

Во Штип нови случаи на жолтица

Четиринаесет нови случаи на заболени со жолтица регистрирал Институтот за јавно здравје во Штип. Тоа е бројот на заболени во октомври и во ноември. Официјален крај на епидемијата од жолтица е објавен на 31 октомври, но и понатаму се јавуваат новозаболени. Дел од нив се хоспитализирани, но поголемиот број се лекуваат дома. Од Институтот за јавно здравје во Штип велат...

Почнуваат чествувањата за Свети Никола

Со света утринска литургија во Соборниот храм „Свети Никола“, почна чествувањето на празникот на патронот на Штип, свети Никола. Празнувањата продложуваат со литија, која тргнува од Соборниот храм до плоштадот, каде се крши празничниот колач. На свечена седница ќе бидат доделени признанијата „Свети Никола“ на стопанствениците Александар Патраклиски и Ѓорги Самандов и на земјоделецот Трајче Станков. Орденот „Свети Никола“ нема...

Свечености по повод патрониот празник на Штип

Продолжува четиридневната празнична програма по повод Свети Никола, празникот на патронот на градот Штип. За денеска напладне е закажана промоцијата на книгата „Македонија – во светот, светот – во Македонија“ од професoрот во пензија, Блаже Китанов. Промотори на книгата се историчарот Тодор Чепреганов и Стефан М. Влахов. Вечерва, пак, ќе се одржи концерт на градскиот хор Штип: „Во сеќавање...

Италијанскиот професор Енцо Палмиери, гостин-предавач на Земјоделскиот факултет во Штип

Италијанскиот професор на Универзитетот во Падова, Енцо Палмиери, денеска ќе биде гостин-предавач на Земјоделскиот факултет во Штип. Проф. Енцо Палмиери е раководител на лабораторијата за третман на површини и директор на Националните лаборатории од Лењаро на Националниот институт за нуклеарна физика (Италија). Палмиери е директор на мастер-програмата „Третман на површини за индустриска апликација“ на Универзитетот во Падова (Италија). Своето образование...

Три дена „граѓанска непослушност“ во Штип

Штип во изминатите три дена интензивно живее со проектот „Живи библиотеки: Архиви на граѓанска непослушност“. Проектот кој опфати десетина активности, завршува денеска со настап на читачката група од Белград „Учитељ незналица и његови комитети“ во 13 часот и со јавно читање на книгата „Национализмот во(н) контекст“ на Здравко Савевски и на Мариглен Демири во 18 часот. Белградската читачка група претставува жива архива на југословенската хуманистика. Нејзините членови, низ...

Браните пред излевање

Изминатата ноќ беше критична за источниот регион. Три брани, Мантово, Калиманци и Гратче, се преполни. Доколку и денеска продолжат врнежите, можно е излевање на браните, велат во Кризниот штаб. - Браната Мантово е на горната граница. Ако продолжи ваквото време, ќе дојде до излевање, ќе се прелее водата. Во тој случај најзагрозени се две села. Сепак, не е толку алармантно...

Штипската болница зависна од волонтери?

Четириесетина волонтери се ангажирани во штипската Клиничка болница. Меѓу нив, само двајца се доктори, кои работат за 4.500 денари месечно, како волонтерски надоместок. Ова го потврди директорот на Клиничката болница, доктор Александар Стојановски, како одговор на тврдењето на СДСМ дека болницата зависи од трудот на волонтерите, кои со години работат како волонтери. - Болницата е толку зависна од волонтерите што...

Се отвора зоолошка градина во Штип

Штип денеска и официјално ќе добие зоолошка градина, која ќе биде прва во Источна Македонија. Триесет и две домашни и диви животни се сместени во живеалиштата на зоолошката градина, која е лоцирана во паркот во Суитлак. Штипски фирми обезбедија по едно животно, а нивна обврска ќе биде понатамошната грижа за нив. Јавното претпријатие „Исар“ е носител на овој проект, во чии...

Стразбур реши 25 години стар случај на Македонци

Цели 25 години, поширокото семејство Штерјови од Штип се обидувало да си ја врати земјата што му била одземена во периодот на колективизацијата во минатиот век. На крај, процесот го загубило, но, правдата ја нашло во Стразбур, во Судот за човекови права. Во 1982 година, преку суд, четворицата браќа Штерјови побарале државата да им ја врати земјата што на нивниот...

Груевски, добитник на највисокото признание на Штип, „Свети Никола“

Највисокото признание на празникот на Штип, „Свети Никола“, ќе биде доделено на премиерот Никола Груевски. Ова го соопшти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, на денешната седница на Советот, кој образложи дека одренот се доделува на „високи личности, заслужни за градот“. -Кога ќе тргнете од Штип кон Велес, ќе видите какво градилиште е. Штип и Источна Македонија ќе добијат експресен пат...

СДСМ: Дали се проневерени 40.000 евра со знаење на Илчо Захариев

Скандалот за проневерени 40.000 евра од општинската каса, наменети за организирање на манифестацијата што треба да биде промотор на гастономскиот специјалитет со којшто се гордеат штипјани, познатата штипска пастрамајлија, ја тресе јавноста повеќе од една недела. Надлежните институции, градоначалникот Илчо Захариев и мнозинството во Советот на Општината, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, молчат затскривајќи се зад изговорот дека контролата врз работењето на...

Штипските студенти маршираат против екстерното

Со извиците „Не за екстерното“, засилени со свирчиња, маршираа студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Повеќе од стотина студенти тргнаа од плоштадот Слобода и наместо најавената маршрута кон Ректоратот во Ново Село, се упатија во спротивен правец, кон Економски факултет. Кога стигнаа таму, студентите извикуваа „Излези УГД!“, со повик кон колегите да им се придружат. Потоа, следени од неколку...

Повреден рудар во Добрево

37 – годишен рудар синоќа завршил со телесни повреди додека работел во рудникот на „Индоминерали и метали“ во Добрево. СВР Штип ја потврди несреќата, која кај нив ја пријавиле од Здравствениот дом од Пробиштип. Оттаму рударот, со иницијали Б.В. од селото Ратавица, бил пренесен во Клинички центар во Штип. Во штипската болница му била укажана помош, но по негово...

20 милиони евра за проекти во Источна Македонија

Фондот на „Балкан Медитеран“, наскоро ќе стане достапен за Македонија, со што се проширува можноста за учество во проектите за прекугранична соработка. Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гуговска, за напролет ја најави новата фаза од програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Речиси 20 милини евра ќе бидат достапни за општините, невладининиот сектор и за други институции од...

Иницијатива за Штип да добие театар за деца

Иницијативата за основање театар за деца, потпишана од претседателот на Советот, Влатко Миташев, денеска ја доби поддршката на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип. Со тоа, оваа иницијатива ја почна процедурата кон формирање нова општинска институција. Во предлогот, Миташев потсетува на долгата театарска традиција на Штип уште во 19 век, кој бил единствениот град во Источна Македонија со...

Почина тешко повредениот во сообраќајката кај Штип

Лицето што беше тешко повредено во сообраќајната несреќа која денеска претпладне се случи пред 9 часот, на патот Радовиш – Штип, во месноста Шести километар, почина во болницата во Штип. Според информации од полицијата, возилото со марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, се забило во дрво покрај патот.  

Загина човек во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Во тешка сообраќајка, претпладнето пред 9 часот, загина човек на патот Радовиш – Штип во месноста Шести километар, а друг се бори за живот. Полицијата ја потврдува несреќата, но детали најавува за подоцна. Единствено е познато дека жртвата е совозач во возило марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, кое се забило во дрво покрај патот. Во штипската болница е донесен возачот...

Анализа: Текстилците во Штип работат за 102 евра

Кјара Бонфиљоли, научен соработник на Универзитетот во Единбург, во рамките на проектот CITSEE (Европеизација на државјанството во земјите-наследнички на поранешна Југославија) направи истражување со наслов „Пол, труд и несигурност во Источната периферија на Европа: Случај на текстилните работници во Штип“. Врз основа на серијата интервјуа спроведени во Скопје и во Штип со работниците од текстилните фабрики Бонфиљоли заклучува дека македонската текстилна...

Исчезнатото тригодишно дете од Штип пронајдено мртво

Тригодишниот Чинар Сулејманов, кој исчезна пред два дена, изутринава бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, потврдија од полицијата. Детето е најдено на еден километар од куќата каде живее семејството Сулејманови. За причините за смртта засега не може да се зборува. Луѓето кои беа на местото кадешто е најдено детето, велат дека тоа веројатно заталкало на пат кон дома и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...