fbpx
Таг: штети

таг: штети

Природните катастрофи лани чинеле 92 милијарди долари

Природните и катастрофите предизвикани од човекот чинеле 92 милијарди долари во 2015 година, што е помалку во споредба со 2014 кога изнесувале 113 милијарди долари, се наведува во извештајот на швајцарската осигурителна компанија „Свис-Ре“. Во соопштението се наведува дека, осигураните загуби во светот изнесувале 37 милијарди долари, што е многу под 62 милијарди долари годишен просек во последните 10 години. Од...

Обесштетени граѓаните и земјоделците што претрпеа штети од ланските поплави

Една година по поплавите во штипско Ново Село и во Лакавичко, Владата и Општината Штип ги обесштетија граѓаните со поплавени домови и имоти. На 75 земјоделци и сопственици на имоти им биле уплатени 2.241.000 денари. - За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за целосно обесштетување за поплавите што се случија...

Штетите од невремето што го зафати Тетовско сè уште не се санирани

Штетите од поплавите што го зафатија тетовскиот регион на 3 август минатата година, ќе се санираат парарелно со акцискиот план за превенција од нови поплави, изработен од домашни и од странски експерти. Според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, реализацијата на планот ќе зависи од финансиите што треба да ги одвојат Владата и меѓународните организации. - Се предвидуваат долгорочни и краткорочни мерки, како урбанизација на...

Невремето остави без покрив десетици семејства од шарпланинските села

Неколку шарпланински села што припаѓаат на Општина Боговиње, претрпеа огромни штети од невремето што вчера го зафати Тетовско. Уништени се покривни конструкции на куќи, плевни и на други објекти. Најпогодени се населените места Јеловјане, Ново Село и Урвич, каде од силниот ветер оштетена е и електричната мрежа, поради што се јавуваат чести прекини во снабдувањето со струја. - Плевната ми е целосно уништена. Силниот ветер...

Во Албанија поплавени големи земјоделски површини

Поројниот дожд што во Албанија врне во последните два дена, предизвика поплави во повеќе области во земјата, јавуваат албанските медиуми. Според пишувањето на медиумите, големи површини земјоделско земјиште се под вода бидејќи повеќе реки во северниот и во централниот дел на Албанија се излеани од коритата. Во Тирана реката Лана е излеана од коритото, а десетина села во североисточниот дел од...

Природните катастрофи светот го чинеа 90 милијарди долари

Светот потрошил околу 90 милијарди долари за санирање на последиците од природни катастрофи за време на 2015 година, што е најниска сума од 2009 година, соопшти германската осигурителна група „Минхен ре“, во својот годишен извештај. Многу тропски бури минатата година ги погодиле слабо населените подрачја, при што 27 од 90 милијарди долари се потрошени за санирање на штетата. Најскапа и најсмртоносна природна катастрофа...

Тајфунот Копу ги погоди Филипините, евакурани повеќе од 10.000 луѓе

Силниот тајфун Копу рано утрово го погоди североисточениот дел на Филипините, уривајќи голем број куќи, поради што околу 10.000 луѓе биле евакуирани, соопшти филипинската агенција за вонредни ситуации, јавуваат светските агенции. Тајфунот Копу, кој е од четврта категорија и кој се движи многу бавно, донел ветрови со брзина од околу 200 километри на час и силен дожд, предзвикал поплави и оштетување...

Мисајловски: Санирани 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско

„Санирани се 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско. Во акцијата координирано дејствувале механизацијата обезбедена од Општина Охрид, заедно со механизацијата што ја испрати Градот Скопје, како и приватни фирми“, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, при обиколка на поплавените подрачја во охридскиот регион. - За само 12 часа можам да констатирам дека 95...

Вучиќ: Поради затворањето на границите, српската економија трпи огромна штета

Српскиот премиер Александар Вучиќ, во писмо до Европската комисија, истакна дека поради затворањето на границата со Хрватска, Србија трпи огромни економски штети. - Со агресивни и со неприфатливи мерки, Хрватска драстично ги погоди нашите национални и витални економски интереси, но и силно ги погоди регионалните односи и стабилност - се наведува, меѓу другото, во писмото на Вучиќ до ЕУ. Вучиќ укажува...

Екипи на Град Скопје интервенираа во Доброште

Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со луѓе и со механизација, работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце. Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила-цистерни и противпожарни...

Земјоделците претрпеа штети од невремето во Тетово

Во невремето што го зафати Тетово, уништени се повеќе од 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка, особено во Голема Речица. Ова денеска го оцени заменик-министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на тетовскиот регион. - И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна процена на штетите....

Само 10 проценти од македонските домаќинства се осигурани од штети

Само 10 проценти од македонските домаќинства се осигурани од штети и свесноста за овој вид осигурување кај граѓаните сè уште е мала. Генерално, постои неинформираност во поглед на полисите што ги нудат осигурителните компании, што покриваат тие и која е добивката од нив. - На македонскиот пазар функционираат 11 осигурителни компании. На прв поглед, се чини дека тоа е голема бројка за...

Четврти пат годинава Пелагонија е под вода

Последните обилни врнежи од дожд дополнително ја усложнија и онака тешката ситуација во Пелагонија. На неколку села им се закануваат нови поплави по најновото излевањето на Црна во утринските часови. Повторно најпогодени се селата во општина Могила. Црна е излеана кај Лознани и кај Тополчани, така што 2.000 хектари плодно земјиште денеска е под вода. - Цела Пелагонија е под вода, ова...

Штетите од поплавите проценети на 25 милиони евра

Поплавите што ја зафатија Македонија во јануари и во февруари предизвикале штети од 25 милиони евра. Дури во 43 општини имало штети од излевањето на реките и на каналите. Најмногу штети се евидентирани кај аграрот, информираше министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Државата за обештетување на поплавените, освен од домашната каса, со финалниот извештај,   средства ќе бара од  ЕУ и од Светската организација...

Извештајот за поплавите е готов и идната недела оди во Брисел

Извештајот за штетите од поплавите што во јануари и во февруари ја погодија Македонија е готов и наредната недела треба да биде презентиран во Брисел, изјавил денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Најголеми штети од поплавите, според Цветков, претрпеле општините Могила и Новаци. Поплавите предизвикале штети во 43 од вкупно 80...

Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за...

Почна санацијата на мостовите оштетени од поплавите

Почнаа градежните активности за санација на шест моста што беа оштетени од поплавите. Четири мостови интензивно се санираат, а за два моста, кои претрпеа поголеми штети од поплавите, во тек е подготовка на проект за санација, информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Саниран ќе биде мостот на реката Пчиња во село Долно Коњаре, за што Владата издвои 3,5 милиони денари. -...

Почнува исплатата на семејствата погодени од поплавите

На 260 домаќинства погодени од поплавите во повеќе општини од денеска ќе им се исплаќаат средства за санирање на штетите. Семејствата ќе добијат парична помош од 14.000 до 110.000 денари во зависност од големината на штетата. Претставници на Црвен крст на Република Македонија, на центрите за социјална работа и на загрозените општини, направиле попис на она што е уништено и...

Повеќе од 400 домаќинства оштететни од поплавите

Барање за обесштетување по поплавите што предизвикаа огромни штети врз земјоделските култури и имотите на мештаните, поднеле околу 410 домаќинства од штипскиот и од пелагонискиот регион. Процена на штетата допрва ќе се врши бидејќи на одредени подрачја водата сè уште не е целосно повлечена. Од штипскиот регион, најмалку 200 семејства поднеле барање за отштета, а од Општината велат дека штетите врз земјоделските...

Поплавите предизвикаа политичка бура во битолскиот Совет

Поплавите во Пелагонија предизвикаа вистинска политичка бура на денешната седница на Советот на Општина Битола. Двете главни прашања на кои спореа советниците од власта и од опозицијата беа кој е виновен за оваа катастрофа што им се случи на пелагониските села и на полето, како и тоа кој треба да понесе одговорност за настанатите штети. Советникот од опозициската ЛДП, Валентин Груевски,...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...