fbpx
Таг: штети

таг: штети

Пријавувањето на штетите од поплавите ќе се врши до петок

Жителите од поплавените региони ќе можат до 6 септември да ги пријават настанатите штети, соопшти денеска Владата. - Краен рок за пријавување на настанатите штети, односно на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд, од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци,...

СДСМ: За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета за поплавените граѓани, дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции, се вели во соопштението на СДСМ. - И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денеска самите признаа дека не се во состојба од...

Струја добија сите во поплавените подрачја

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите, информираат од компанијата. - Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици корисници чии домови се под...

ВМРО-ДПМНЕ: Коце Трајановски одговорно и посветено работи за Скопје

СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи СДСМ не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се бара градоначалникот Коце Трајановски да одговара морално, политички и кривично. Од партијата на власт велат дека „градоначалникот Коце Трајановски веќе два мандати...

Експертите на ЕУ дале насоки за санирање на штетите од поплавите

Питер Глерим, лидерот на тимот експерти на Европската Унија кои минатата недела пристигнаа во земјава преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, на денешниот втор координативен донаторски состанок за поплавите, меѓудругото ги презентирал „советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се...

Европски експерти за поплавите: Можни пропусти во градежните планови

Пропусти во градежното планирање можеби е една од причините за големите последици од поплавите кои во саботата го погодија Скопје и околината, изјавиле денеска од тимот експерти на Европската Унија, пренесува „ТВ 21“. Тие денеска ги посетија и извршија увид во подрачјата во Скопје погодени од невремето. „Треба да се анализира капацитетот на каналите и на дренажата и тие треба да...

Вчера регистрирани над 60 пријави за поплавени куќи, ниви и возила

Вчера по барање на Единицата за информации и команда (ЕИК) на Секторот за внатрешни работи Скопје било извршено фотографирање на 69 моторни возила на подрачјето на Гази Баба кои биле оштетени во поплавите, инфомираат од МВР. „На 10.08.2016 година во Единица за информации и команда на подрачје на СВР Скопје регистрирани се над 60 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени...

Парична казна за лицето кое нападна волонтер поради Груевски

Скопјанецот Хајрадин Сулиш, кој вчера физички нападна волонтер во населбата Ченто поради забелешка упатена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде парично казнет за инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопштија дека нападниот волонтер, Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, денеска во 10.15 часот го пријавил случајот во полиција, по што на Сулиш му бил издаден...

Експертите од ЕУ почнаа со проценка на штетите од невремето

Експертскиот тим на Европската Унија почна да ги врши проценките на штетите од невремето кое во саботата вечерта го погоди Скопје и околината, информираше денеска евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав. Експертите беа испратени, откако Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита. https://twitter.com/AmbassadorEU/status/763000063480193024 Тимот покрај проценка на штетите, треба да им даде препораки на властите за цивилна заштита...

Сателитот „Коперник“ направи снимки од регионот погоден од невремето

Сателитот „Коперник“, кој бил ангажиран преку Механизмот на Европската Унија за цивилна заштита, направил сателитски снимки од подрачјата во Скопје и околината, погодени од невремето, кои треба да помогнат во справувањето со последиците. Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и во земјава треба да пристигнат технички експерти за води и канализации за да изврши проценка на...

(Видео) Хеликоптерски снимки на пустошот што го остави невремето

Министерството за внатрешни работи попладнево објави снимки направени од хеликоптер од подрачјата во Скопје и околината кои беа најмногу погодени од невремето. На видеоматеријалот се гледаат поплавени домови, земјоделски површини под вода, уништени куќи и автомобили. https://www.youtube.com/watch?v=R9KZ8EvzwrM&feature=youtu.be

До 15 часот пронајдени телата на 21 загинат во невремето во Скопје

До 15 часот денеска, по прегледот на теренот во подрачјата кои се најпогодени од невремето, пронајдени се вкупно 21 загинато лице во вчерашната елементарна непогода што го зафати главниот град, соопшти попладнево Министерството за внатрашни работи. „Идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за едно лице сè уште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите...

Град Скопје ќе им додели по 3.000 евра помош на семејствата на загинатите во невремето

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи на семејствата на загинатите во невремето кое вчера попладне го зафати Скопје и околината, да им биде дадена еднократна парчина помош од 3.000 евра (180.000 денари). Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на седницата која започна со едноминутно молче за загинатите лица во невремето, ги презентираше мерките што градските власти ги преземаат...

Дваесет загинати во невремето, вонредна состојба во Скопско и Тетовско

Според последните информации, во синоќешното невреме кое го погоди Скопје животите ги загубиле 20 лица, а досега е извршена идентификација на телата на 13 од нив, соопштија денеска по завршувањето на состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи. По состанокот беше соопштено и дека во Скопско и во Тетовско кои беа најмногу погодени од невремето, ќе биде прогласена кризна...

Училиштето „Кочо Рацин“ во општина Центар целосно поплавено во невремето

Најпогодено од поплавите предзвикани од вчерашното големо невреме во Скопје, во општина Центар е Основното училиште „Кочо Рацин“, информираат од Општината. Речиси 90 отсто од површината на училиштето синоќа била поплавена, но до утринските часови водата веќе била испумпана од страна на општинските служби, кои во текот на целата ноќ биле на терен. Од Општина Центар велат дека од...

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи вонредна седница за невремето

Советот на Град Скопје за денеска во 14 часот закажа вонредна седница по синоќешното големо невреме кое го погоди Скопје и околината, информираат од Градот. На седницата единствена точка на дневен ред ќе биде информацијата во врска со вчерашното невреме и мерките и активностите за санирање на штетите. Во невремето, како што првично информираа од Министерството за внатрешни работи, животите...

Штетите од невремето во Tетовско и по една година не се санирани

Една година по катастрофалните поплави што го зафатија Тетовскиот Регион, состојбата на терен не е сменета. Ниту штетите од невремето се санирани, ниту, пак, е почната реализацијата на акциониот план за превенција од нови поплави, кој предвидува регулација на речни корита и на водотеци, санирање на брани и слично. Тетовци велат дека ниту едно ветување на властите во врска со...

Македонските компании трпат огромни загуби поради штрајкот на солунското пристаниште

Македонските компании трпат големи штети поради блокадите на македонско-грчката граница и штрајкот на работниците во пристаништето во Солун. Според анкетата направена на 650 компании од страна на Стопанската комора на Македонија, штетни последици трпи целото стопанство, без разлика дали дел од нив непосредно го користат транспортниот коридор-10 или пристаништето во Солун. Компаниите имаат зголемени трошоци поради кумулирање на трошоците за лежарина...

Ветувањето за дезинсекција го одложи протестот на сточарите

Ветувањето дека општините Берово и Пехчево ќе извршат дезинсекција како превенција против болеста „јазлеста кожа“ кај стоката, го одложи за денеска најавениот протест на сточарите. Најавената вакцинација привремено го смири гневот на сопствениците на крупен добиток, чии семејства живеат од продажбата на млеко и млечни производи, што моментално е стопирано. Штетите не застануваат тука, бидејќи стоката од зафатените со болест...

Праските и кајсиите претрпеа големи штети од студеното време

Студеното време пролетва предизвика штети кај праските и кај кајсиите во Тиквешкиот Регион. На терен, штети се утврдени и кај младите ластари од лозовите насади. Според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, во некои села во овој регион причинети се големи штети, а за земјоделците ќе следи обесштетување. - Анализите на терен ќе ги дадат точните податоци за тоа колкави се навистина штетите. Но,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...