fbpx
Таг: штети

таг: штети

Усвоен елаборатот за проценка на штети од поплавите во Охрид

За обесштетување од невремето кое го зафати охридското крајбрежје на 17 март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој го усвоија градските советници ќе биде испратен до Владата, односно до Републичката комисија за проценка на штети. За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина и до 100 км/час, високи...

МЗШВ: Штетата од царината на Косово за земјоделските производи е околу 180.000 евра

Одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, предизвика штета од околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, одговори денеска на новинарско прашање, шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски. Тој додаде дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 јули, период во кој годинава...

Невремето во прилепско 100 проценти ги уништи тутунот, пиперката, пченката и житото

Невремето кое вчера зафати повеќе населени места од прилепско, зад себе остави катастрофални последици, информираат од Општина Прилеп. Огромни се штетите на земјоделските површини во атарот на селата Мало и Големо Коњари, Кадино Село, Галичани, населбата Варош и повеќе други населени места. „На површина од околу 600 хектари, речиси целосно се уништени насадите со тутун, пиперки, пченка и жито. Жителите од...

МЗШВ: Штетите на јаболковите насади во Преспанскиот регион се до 80 проценти

Според првичните проценки на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти штетите од невремето во ресенскиот регион се 80 проценти, информираат од МЗШВ. „Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од мај до денес. Токму затоа, Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот...

Започна исплатата на земјоделците за штетите од 2017 година

Исплатата на обештетувањата за земјоделците од временските непогоди што се случија во 2017 година започна денеска, извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати близу 85 милиони денари (1,38 милиони евра) обештетувања за 2.355 земјоделци во Ресен, како регион каде што имаше најголеми штети. Исплатата ќе продолжи континуирано во следните денови...

МЗШВ: Не се очекуваат позначителни штети од снегот и студот врз овошките

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека не се очекуваат значителни штети на родот на овошките од снегот и студот. Од министерството велат дека во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), состојбата се следи внимателно и дека според метеоролозите снежниот бран ги затекнал овошките во фаза на полно цветање, во која нивната издржливост кон ниски минимални температури...

Петмина загинати во силното невреме што ги погоди Холандија и Германија

Пет лица загинаа во силното невреме што ги зафати Холандија и Германија, проследено со ветер кој дувал со брзина од 140 километри на час, соборувајќи стебла и превртувајќи камиони, пренесува „Би-би-си“. Три лица загинале во Холандија и едно во Германија откако врз нив паднале соборени стебла и гранки. Вториот Германец загинал во сообраќајна несреќа откако поради силниот ветер преминал на...

Интензивните дождови поплавиле театри, музеи, библиотеки и културни центри

Министерството за култура констатирало дека при поинтензивни дождови, неколку културни установи во државата се соочуваат со прокиснување на покривите, поплави и со сериозни последици. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска направил увид во Музејот на современа уметност во Скопје, а заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, ги посетил објектите на Драмскиот театар и на Музејот на Македонија. „Во Драмскиот театар уште денеска...

Сè поголем бројот на загинати во пожарите на северот на Калифорнија

Најмалку 17 лица загинале, а 150 се водат како исчезнати во пожарите што беснеат во северните делови на американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат светските медиуми. Стотици пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија во која досега изгореа 1.500 куќи, а десетици илјади лица се евакуирани. Работата на пожарникарите им ја отежнува ветерот, кој на моменти дува со брзина...

Одблокиран процесот на обесштетување на земјоделците за непогодите во 2016 година

Владата на Република Македонија денеска го усвоила Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека тоа значи дека е одблокиран процесот за исплата на обесштетувањата на земјоделците кои во 2016 година претрпеа штети во земјоделското производство од пролетниот мраз, град...

Конгресот одобри 15 милијарди долари за штетите од ураганот Харви

Претставничкиот дом на САД, а потоа и горниот дом - Сенатот, вчера усвоија закон за доделување 15 милијарди долари за помош на настраданите и за обновување на оштетените објекти од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“.

Ураганот Ирма предизвика големи штети на два карипски острови

Силниот ураган Ирма предизвика големи поплави и штети на неколку француски острови на Карабите, соопштија француските власти, јавуваат светските медиуми. Ирма, кој е најсилен ураган што го погодил Атлантикот, прво ги зафати островите Антигва и Барбуда, а потоа премина на францускиот остров Свети Вартоломеј и на француско-холандскиот остров Свети Мартин, каде е предизвикана значителна штета, пренесува „Би-би-си“. Францускиот министер за внатрешни...

Повеќе од 20 загинати во Хјустон, воведен полициски час поради кражби

Во Хјустон е прогласен полициски час додека градот се бори со последиците од ураганот Харви, кој кон крајот на минатата недела ја погоди американската сојузна држава Тексас. Невремето донесе рекордни количества дожд, големи делови од градот се поплавени, многу домови се уништени, а повеќе од 20 лица ги загубиле животите, пренесува „Би-би-си“. Градоначалникот на Хјустон, Силвестер Тарнер, изјавил дека полицискиот час...

Перински: Oд 840 предложени амандмани, беа разгледани само 62 и ниту еден прифатен

СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински. Тој додаде дека за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен. - Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите...

ВМРО-ДПМНЕ го демантира Сугарески за вредноста на автопатот Миладиновци – Штип

Горан Сугарески јавно изнесува невистини дека новиот автопат Миладиновци – Штип ќе чини дополнителни 20 милиони евра, пари што наводно требало да ги платат граѓаните на Република Македонија, одговори ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од опозициската партија велат дека дополнителните работи на автопатот нема да чинат ништо. „Не туку мафтајте со некакви документи и...

Автопатот Миладиновци – Штип ќе „изеде“ уште 20 милиони евра

Завршувањето на автопатот Миладиновци – Штип ќе значи трошок од уште 20 милиони евра, поради проблемите во изградбата. Претходниот министер за транспорт и врски, неколку дена пред заминувањето од власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ, доставил информација до владата за тоа, но, како што рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, тоа досега се криело од јавноста. Сугарески изјави дека...

Ќе се тргне тајноста од договорите со странските инвеститори

На вчерашната 16. седница, Владата усвоила барање за декласификација, односно симнување на тајноста, на сите договори склучени како државна тајна помеѓу поранешната влада и странските инвеститори во економските зони. Сите податоци по декласификацијата, ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, порача Владата. Истовремено, на седницата е усвоена информација за пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град и причинети...

Во Охридско и ноќеска земјотреси

Ноќеска на само единаесет минути пред полноќ во Охридско-ресенскиот Регион, според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, се случил земјотрес со магнитуда од 3 степени по Рихтер, кој бил на длабочина од 2 километри. Потоа во 49 минути по полноќ се случил уште еден земјотрес, со магнитуда од 2,3 степени и на длабочина од 2 километри. Вчеравечер во 18.58 и 18.59 часот во истиот...

ВМРО-ДПМНЕ Тетово: Заев ги заборави жителите на Порој

„Со секој поминат ден, граѓаните сè повеќе се уверуваат во несериозниот однос на Зоран Заев и на СДС. Еве, денеска се наоѓаме во селото Порој, каде што и по еден месец од поплавите што го погодија ова населено место, сè уште состојбата на патиштата и на мостовите не е нормализирана. И покрај ветувањата дека за една недела овие работи...

СДСМ: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се симбол за криминал и за корупција

Доколку Љубен Арнаудов и неговите сопартијци навистина се грижеа за интересите на граѓаните, одамна ќе ја увидеа реалната состојба и ќе инсистираа на одговорност за промашувањата во изведбата на автопатот Кичево - Охрид, но и на одговорност за провизиите од автопатиштата за кои слушна целата јавност, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. „Но наместо...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...