Таг: здравје

таг: здравје

Наплатата на приходите во април била за 1,4 милијарди денари повеќе од очекуваното

Наплатата на приходите во април е подобра за 1,4 милијарди денари од најоптимистичкото сценарио за реализација на приходите во услови на корона кризата, изјави министерката за финанасии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција. „Наплатата на приходите од почетокот на годината е за 4,9 проценти пониска во однос на минатата година. Согласно основното сценарио на Министерството за финансии за економскиот резултат во...

Светски ден за безбедност и здравје при работа: Да ја запреме пандемијата

Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, 28 април, годинава се одбележува во услови на глобална здравствена криза од корона вирусот. Фокусирајќи се на пандемијата на Ковид-19, овој ден се одбележува под слоганот „Да ја запреме пандемијата: Безбедноста и здравјето при работа можат да спасат животи!“ „Работниците и работодавачите се изложени пред огромни и неочекувани предизвици, обидувајќи се да се...

Бесплатни тестирања за ХИВ и сексуално преносливи болести

Од денеска до 24 мај, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува пролетната Европска недела на тестирање, кон која се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, за и кај нас да се зголеми бројот на луѓе кои се тестираат за ХИВ и за другите сексуално преносливи инфекции, како дел од грижата за сопственото здравје. Од...

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...

Водата во Струга е небезбедна за пиење

Водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на истата, не е безбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид. Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на Општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените...

Вакцинирање и поставување чипови на кучињата бездомници во Западна Македонија

Кучињата бездомници се честа слика во Западна Македонија, а најмногу можат да се забележат во Гостивар и Тетово. Денеска, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека започнал процесот на вакцинација и поставување на чипови на кучињата. Првата официјална операција е извршена во Тетово, бидејќи од пријавените неколку фирми во тендерска постапка, ветеринарите кои ја добиле работата се токму...

26.900 ученици стекнаа дополнително знаење за заштита на здравјето и животната средина

Околу 8.400 ученици од 112 основни училишта во 17 општини и оваа година се стекнаа со дополнително практично знаење од областа на здравјето и безбедноста. Овој проект, организиран од Пивара Скопје, петта година по ред се спроведува во соработка со општините и основните училишта од целата земја. Вкупната бројка на ученици кои до сега имаа можност да се едуцираат за...

Одбраната на Младиќ бара поништување на доживотната казна затвор

Поради влошената здравствена состојба, одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ бара укинување на пресудата за доживотен затвор. Младиќ покрај досегашните здравствени проблеми има и когнитивни нарушувања и благ степен на деменција. Одбраната тврди дека овие болести не му биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба. Неговите адвокати бараат од Меѓународниот механизам,...

Топлотен бран за викендот, Македонија ќе биде во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот што следува, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температура од жолта (алертна) фаза, информираат од Министерство за здравство. Од таму апелираат граѓаните особено да внимаваат на своето здравје, поради температурните осцилации во изминатиот период. Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева изложеност, како и да се почитуваат општите...

Еко-активистите имаат големо влијание врз институциите за заштита на околината

Активностите и дебатите за еколошките теми имаат големо влијание врз надлежните институциите во преземањето соодветни чекори за заштита на животната средина, беше истакнато на денешната панел-дискусија „Жените во заштита на животната средина“, организирана во чест на Денот на Европа. Универзитетската професорка Беса Арифи смета дека досегашните акции на невладините организации дале плод и дел од институциите презеле превентивни мерки во областа на екологијата. -...

„Арсена“: И гевгелиските села Моин и Богородица пијат вода со арсен

Лабораторијата во Солун утврдила дека гевгелиските села Моин и Богородица, кои се приклучени на градската водоводна мрежа, добиваат вода со висока концентрација на арсен, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“. „Со анализа на примерок вода од домаќинства во овие населени места, констатирано е присуство на 17,7 микрограми арсен на еден литар вода во потпланинското село Моин и 16,9 микрограми арсен во...

Министерство за здравство: Од отровот за кучиња може да страдаат и деца

Министерството за здравство апелира да не се фрла отров за кучиња затоа што тој може да биде исклучително опасен и по здравјето на луѓето. „Апелираме на поголема свесност и совесност зашто злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа, за...

Костова: Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството

Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството, а економската ситуација ги турка граѓаните во депресија. Ова произлезе како заклучок од синоќешната дебата посветена на 7 април, Светскиот ден на здравјето, организирана од комисијата за здравство на СДСМ и од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. Членката на комисијата за здравство на СДСМ, Елена Костова,...

Заразата со птичји грип во Струшко е потенцијална закана за луѓето, сметаат од „Еден“

Наспроти информациите што кружат во јавноста дека птичјиот грип А(Х5Н8) кој го има во Струшко не е опасен по здравјето на луѓето, сепак заразата е потенцијална закана, информираат од здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. - Постојат ретки документирани случаи на пренесување на инфекција со сличен тип на птичји грип на човек во минатото и не може...

„Викиликс“ објави дека менталното здравје на Џулијан Асанж е загрозено

„Викиликс“ објави извештај во кој се наведува дека менталното здравје на основачот на страницата, Џулијан Асанж, ќе биде загрозено ако остане во амбасадата на Еквадор во Лондон. Извештајот е објавен пред судското сослушување во Шведска за тоа дали апелацискиот суд ќе го поддржи налогот за неговото апсење по обвинувањето за силување во 2010 година. „Менталното здравје на господинот Асанж најверојатно ќе се...

Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

Лекарката на Хилари Клинтон, изјави дека таа закрепнала од воспалението на белите дробови и дека е здрава и подготвена да служи како претседателка на САД. Оваа изјава е дел од соопштенијата за медицинските податоци на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, кои беа објавени од нејзиниот изборен тим откако минатата недела е утврдено дека има пневмонија. Во соопштението...

Македонија на 60. место според индексот на најдобри земји

Шведска се наоѓа на врвот според позитивниот животен стил. Исланд се наоѓа на врвот на листата за придонесот за зачувување на климата на планетата, со минималното производство на штетен материјал и со ниско ниво на испуштање јаглерод диоксид. Велика Британија е на врвот кога станува збор за науката и за технологијата, покажува индексот на добри земји. Индексот покажува дека Шведска, соодветно...

Водата за пиење во Кавадарци, Неготино и Росоман да се преврива

Пред употреба задолжително да се проврива водата за пиење во Кавадарци, апелираат од Центарот за јавно здравје. Апелот доаѓа откако по обилните врнежи од дожд се замати водата од водоводниот систем „Лукар“. Поради тоа водата е со жолта боја. „Поради заматувањето на водата од „Лукар“ при мерењето беше констатирано отсуство на резидуален хлор поради што се почна со максимално хлорирање....

СДСМ бара итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот Трајановски

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува сè поалармантна и позагрижувачка, а ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски редат празни зборови за пред години, обвини СДСМ. „Граѓаните на Македонија буквално се задушуваат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени честички ПМ10. Подолг временски период граѓаните дишат по 10, па дури и по 20 пати позагаден воздух од дозволеното. Цели...

СДСМ: Груевски го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните

Никола Груевски не само што го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните, обвинуваат од СДСМ. „Груевски го згорчи секојдневниот животот на граѓаните, економски го урна стандардот и ги осиромаши. Дополнително, не само што Груевски го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните. За споменици и за...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...