недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: шарена револуција | 118 резултати

Утре протест пред Основен суд 1 за поддршка на Савески и на Куновски

јуни 9, 2016

„Шарената револуција“ утре, во 9.45 часот, пред Основниот суд 1 ќе им даде поддршка на притворените демонстранти, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење беше одложено трипати, а закажано е за утре. „45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон целото протестно […]

Уставниот суд не го есапи ултиматумот на „Шарената револуција“

јуни 9, 2016

Уставниот суд денеска ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од двете клучни барања на […]

„Шарена револуција“: Време е за нов крик, утре пред СЈО

јуни 9, 2016

Демонстрантите на „Шарена револуција на својот фејсбук-профил објавија нов повик за протест, утре во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. „Граѓанки и граѓани, ве повикуваме да се собереме на масовен протест в петок, 10 јуни, во 18 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство, да им кажеме на властите дека одбројуваме и дека нашите барања […]

Граѓани донираа 15.528 евра за казнетите демонстранти

јуни 8, 2016

Граѓаните собраа 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари или, вкупно, 15.528 евра на вчерашниот настан во кафе-бар „Излет“ за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави и за кои, како што велат, „режимот подготвува високи казни“. Од „Шарената револуција“ изјавија дека се презадоволни од одзивот на вчерашниот настан. […]

„Шарената револуција“ точно напладне ќе блокира три крстосници во Скопје

јуни 8, 2016

Денеска точно напладне, „Шарената револуција“ и граѓанската иницијатива „Протестирам“ ќе ги блокираат крстосниците кај Судска палата, Црвен крст и кај Соборниот храм. Со блокирањето на улиците и со мирен и достоинствен протест, демонстрантите сакаат да покажат како изгледала Македонија во годините што изминале. Тие велат дека оваа власт реагира единствено на силен притисок и на […]

Жестока расправа за „Шарената револуција“ во битолскиот општински совет

јуни 7, 2016

„Шарената револуција“ денеска неформално се најде на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола. Советниците од власта ја обвинија опозицијата за поддршка на „Шарената револуција“, констатирајќи дека активностите на демонстрантите се нецивилизирани. – Ова со боењето го нема во ниту едно цивилизирано општество. Се правите дека се грижите за градот, а дозволувате шарање на […]

Во кафе-барот „Излет“ ќе се собира помош за казнетите демонстранти

јуни 7, 2016

Учесниците во „Шарената револуција“ ќе собираат финансиска помош во кафе-барот „Излет“ од 13 часот до 1 часот по полноќ, за, како што велат, да дадат „поддршка за нивните соброци кои се соочуваат со прекршочни и кривични пријави, за кои режимот подготвува високи казни“. – Ако нивното оружје се стравот и казните, тогаш нашето се солидарноста и […]

„Шарена револуција“: Имате рок до 18 јуни или ќе ја земеме демократијата во свои раце

јуни 6, 2016

Во крваво црвена боја, демонстрантите вечерва го обоија плоштадот Македонија, каде пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Активистите и граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“, на власта ѝ дадоа рок до 18 јуни да ги исполни нивните две клучни барања. #ШаренаРеволуција го […]

„Шарена револуција“ ги забетонира изборите

јуни 5, 2016

Учесници во „Шарената револуција“ денеска пред Собранието со герила-акција ги „бетонираа“ предвремените парламентарни избори, кои беа закажани за денеска, но по бојкотот на поголем дел до партиите, тие се одложија. Со бетон, гласачка кутија и со свечена лента, активистите пред Собранието симболично отворија бетонирано гласачкo место. Единствениот граѓанин што „гласаше“, го пречкрта Груевски. Акцијата е пародија […]

„Шарена револуција“: Вие кривични, ние похрабри

јуни 4, 2016

На денешните протести на „Шарената револуција“ главна маскота беше импровизирана гатачка, настан инспириран од последните аудиозаписи што ја разбрануваа јавноста, а во кои, наводно, се слуша како премиерот Никола Груевски се советува со гатачка за својата кариера. „Гатачката“ вели дека предвидувала неславен крај за владејачката партија, а победа за „Шарената револуција“. Демонстрантите и денеска ја боеја Владата. […]

СВР Битола поднесе кривични пријави за 26 демонстранти

јуни 3, 2016

Бргу се прошири веста меѓу битолчани за кривичните пријави на полицијата против 26 демонстранти осомничени за шарање на зградата на Општина Битола. Но, веста не ги изненади битолчани, туку дополнително внесе револт кај граѓаните за постапките на полицијата. СВР Битола сè уште не ги открива имињата и презимињата на 26 лица кои добија кривични пријави, […]

„Шарена револуција“: Зошто да прават парк за мајмуни кога си имаме златно Собрание

јуни 2, 2016

„Уметничка слика“ која ги прикажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со неговите најблиски соработници зад решетки, носеа демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарената револуција“. Тие на овој начин ги исмејаа нарачаните слики што треба да бидат поставени во седиштето на партијата. Демонстрантите од пред #СЈО се движат кон Влада на РМ #ШаренаРеволуција #протестирам pic.twitter.com/BPWgiMhGLe — META.mk […]

Закани со притвор за битолските демонстранти од „Шарената револуција“

јуни 2, 2016

„Ако одиш на протести и ако ја шараш Општината, ќе те притворам“. Вака инспектор од СВР Битола му се заканил на тутунарот Кире Неделковски, кој денеска беше повикан на распит во полиција. Неделковски, кој во 2010 и во 2011 година беше водач на протестите на тутунарите, тврди дека на информативниот разговор во полиција денеска добил […]

„Шарена револуција“ блокираше неколку крстосници во центарот на Скопје

јуни 1, 2016

Граѓани кои протестираат како дел од „Шарената револуција“ и граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 12 часот блокираа неколку крстосници во Скопје. Крстосниците на „Бит пазар“, кај Црвен крст и пред Соборниот храм беа блокирани од граѓани со знамиња на Република Македонија и неколку возила на кои пишува „#Протестирам“. „Ова е блокада за правда и слобода. […]

Демонстранти од Битола повикани во полиција за шарање на Општината

јуни 1, 2016

Неколкумина демонстранти на „Шарената револуција“ од Битола, денеска биле повикани во битолската полиција на информативен разговор. Според извори на „Мета“ од „Шарената револуција“, вчера униформирани полицајци им доставиле покани на неколкумина демонстранати денеска претпладне да се јават во СВР -Битола бидејќи на полициските снимки биле забележани како фрлаат боја на зградата на Општина Битола, на […]

„Шарената револуција“ во 12 часот ќе блокира крстосници во Скопје

јуни 1, 2016

Граѓани кои протестираат како дел од „Шарената револуција“ и граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 12 часот ќе блокираат неколку крстосници во Скопје. „Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите […]

„Шарена револуција“: Демократија, слобода, правда и мир е забрането во Македонија

мај 31, 2016

Првата станица на денешниот протест на „Шарената револуција“ беше владата на Република Македонија. Со помош на џиновскиот чатал, беше обоен објектот, а потоа дел од демонстрантите ја боеја и оградата. Демонстрантите потоа движејќи се кон Собранието повторно го обоија Министерството за правда и поранешната народна канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Активистката Михаела Ивановска рече дека […]

Полицијата подготвува пријава против возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

мај 31, 2016

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со официјални информации во врска со синоќешното апсење на возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“, кој до доцна во ноќта беше на распит во полициската станица „Пролет“. Според полицијата, 47-годишниот Н.П. бил уапсен околу 20.15 часот на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“, „согласно членот 158 став […]

Граѓаните ја блокираа улицата пред полициската станица „Пролет“

мај 30, 2016

Откако по завршувањето на денешниот протест, полицијата во близина на Градска болница во Скопје го приведе возачот  на „пикапот“ на „Шарената револуција“, пред полициската станица „Пролет“, се собраа повеќе граѓани кои ја блокираа улицата. Приведениот се уште е во станицата, а од полицијата и покрај инсистирањето на „Мета“ не добивме одговор зошто е приведен возачот на пикапот. […]

Приведен возачот на „пикапот“ на „Шарена револуција“

мај 30, 2016

По завршувањето на денешниот протест, полицијата во близина на Градска болница во Скопје го привела возачот  на „пикапот“ на „Шарената револуција“. Веста ја потврдија и од „Шарена револуција“ и на својот „Фејсбук“ профил објавија: „Режимот повторно се обидува да удри по нашите соборци, но нема да им успее! Вечерва, на крајот од протестот во Скопје, од страна на […]

Страна 4 од 6