fbpx
Таг: Шамарите во Општина Центар

таг: Шамарите во Општина Центар

Апелација ја потврди казната од 1,5 години затвор за Груевски за шамарите пред Општина Центар

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна од 1 и пол година за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Насилство во општина Центар“, којшто се однесува на шамарите и демолирањето на бараките на Општина Центар во периодот на неговото владеење. „Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен...

Судење на седмообвинетиот во „Насилство во општина Центар“

Во Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи рочиште од издвоениот судски процес против Димче Крстев, седмообвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),  „Насилство во општина Центар“, односно за насилствата во текот на седница на Советот на Општина Центар во јуни 2013 година. Судијата на главната расправа за овој предмет одлучи за него да ја раздвои постапката и...

Судења за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“ денеска

Во Основен суд Скопје 1, попознат Кривичен суд, за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“. Во „Тортура обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата, кои се товарат за мачење и друго...

Продолжуваат судењата за насилството во Центар и за „Триста“

Во Основен суд Скопје 1 за денеска се закажани две рочишта за судските случаи што се водат по обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 9.30 часот би требало да почне рочиштето за „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште...

Во Кривичен суд денеска судења за „Насилство во Општина Центар“, „Тврдина“ и „Таргет“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат две судски рочишта за три случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет. Во случаите за нелегалното преслушување, „Таргет“ и за уништување на опремата на прислушувањето, „Тврдина“, обвинети се 12 лица. Први се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков...

СЈО бара притвор за обвинет во „Шамарите“ бидејќи три пати не дошол на судење

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, кога слушна денеска дека обвинетиот Милан Андоновски во случајот „Шамари“ за насилство во Општина Центар, по третпат не доаѓа на судење, побара мерка притвор против него, објави „СДК“. Претходните двапати не го оправдал отсуството, а денеска неговиот адвокат поднесе доказ од приватна лекарска ординација, која наведува дека имал ларингит и му препорачува да нема физичка...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...