fbpx
Таг: Северна Македонија

таг: Северна Македонија

Ковачевски – Вархеји: Почетокот на преговорите за Северна Македонија не смее да чека ни ден повеќе

Како дел од работната агенда за учество на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји. На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски и комесарот Вархеји...

Истражување на ИДСЦС: Голем пад во перцепцијата на граѓаните за влијанието на ЕУ во земјава

Во 2021 година, 68 отсто од граѓаните ја поддржуваат идејата за членство на Северна Македонија во ЕУ, но македонските граѓани не се доволно информирани во врска со траекторијата и временската рамка на процесот на пристапување. Перцепираното влијание на ЕУ во Северна Македонија се намалило на најниско рангирање во последниве години – од 44,8 отсто во 2019 година на 9,5 отсто...

Ковачевски: Силна осуда за воената агресија од страна на Русија врз Украина, безбедносната состојба во земјава е стабилна

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски го осуди чинот на отворената воена агресија на Руската Федерација на Украина. „Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир. Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина....

Пендаровски со осуда за руските воени дејствија, свикан Совет за безбедност

По утринските напади со кои Русија ја започна воената инвазија на Украина претседателот Стево Пендаровски во име на граѓаните на Северна Македонија изрази осуда. „Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет...

Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт за целиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма. За време на телефонскиот разговор двајцата соговорници се согласија дека дијалогот Скопје - Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и...

Ветеринарот што го прегледа црногорскиот Симба не ја отфрла можноста да е истото лавче што се појави во Куманово

Холандскиот ветеринар, Џуно Ван Зон кој го прегледуваше лавчето наречено Симба во Црна Гора што талкаше низ шумите во околината на Будва во изјава за Мета.мк рече дека не ја отфрла можноста да станува збор за истото лавче што кон крајот на септември минатата година се возеше во луксузните автомобили на кумановци. Специјалистот за лавови од организацијата за заштита на...

Економист: Македонија од хибриден режим напредуваше во земја со нецелосна демократија

Угледното списание Економист во нивниот Индекс на демократија за 2021 година ја рангираше Северна Македонија во групата на „демократски земји со недостатоци“ или „нецелосна демократија“, што претставува искачување за едно скалило погоре во однос на досегашното рангирање на земјава како „хибриден режим“. Инаку, нашата земја со години наназад спаѓаше во категоријата „хибриден режим“. Економист ја рангирал состојбата со демократијата во...

Пендаровски: Конфликтите, тероризмот, пандемијата и нестабилноста ги нарушуваат начините на живот ширум светот

Државите ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци, порача претседателот Стево Пендаровски во неговото денешно обраќање на Меѓународниот форум за заштита на бегалците, организиран од Центарот за право на бегалци и миграција при...

Ковачевски и Петков: Да оствариме напредок во пријателството, наместо национализам и говор на омраза

Со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи, нагласи македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на почетокот на пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница на владите на Бугарија и Северна Македонија. Заедничката владина седница почна претпладнево во резиденцијата „Бојана“ на...

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во 2021 – реализација од 78,3%, кои министерства и институции колку потрошиле ?

Во 2021 година не се достигна планираното и најавено реализирање на капиталните инвестции од најмалку 80%. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 31 декември 2021, биле реализирани 379 милиони евра капитални расходи што претставува 78,35 проценти во однос на планираните. Заклучно со ноември само три министерства испорачале реализација повисока од 80 отсто, а има институции...

Пристигна бугарската владина делегација – Петков на средба со Ковачевски

Во првата меѓународна активност на новата влада предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пречекот на неговиот бугарски колега Кирил Петков. Очекувањата се дека главната тема на разговорите ќе биде надминувањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ. Бугарскиот премиер Петков пристигна денеска со владина делегација. Со државна церемонија пред платото на...

Заев – Ескобар: Партнерството со САД и членството на земјата во ЕУ се многу важни

По средбата со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар се сретна и со премиерот Зоран Заев. „На денешната средба го информирав за актуелната политичка состојба во земјава и дека обезбедивме стабилен континуитет на стратешките политички определби – процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, забрзување...

Почнаа консултациите за нова влада на Бугарија – Радев прво прашал за став за Северна Македонија

Времето на едноличната премиерска власт заврши, порача претседателот на Бугарија, Румен Радев, почнувајќи ги претпладнево консултациите со парламентарните партии за формирање на новата влада на Бугарија, јави бугарски „Медиапул“. „Ефикасно управување во формата на коалиција може да постои само ако има взаемно почитување меѓу партнерите. Времето на едноличната премиерска власт заврши и надежта тоа да се поврати беше категорично отфрлено...

Галовеј: 200 земји се согласни дека јагленот е главниот проблем за глобалното затоплување (видео)

Одржувањето на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации во Глазгов (КОП 26) беше повод за Новинската агенција Мета да направи интервју со амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј. Со амбасадорката разговаравме за клучните успеси што произлегоа од КОП 26, за обврските коишто ги презедоа државите, за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија во делот на...

Пет илјади посетители за еден ден на павилјонот на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020

Во текот на вчерашниот ден македонскиот павилјон на Дубаи ЕКСПО, на кој се претставени културните посебности, туристичките атракции, богатото историско наследство, како и етничката разновидност, забележа рекордна посетеност од безмалку 5000 посетители, соопшто Министерството за надворешни работи. Северна Македонија учествува на најголемиот светски настан за оваа година – ДУБАИ ЕКСПО 2020 со слоганот “Дом на секој чекор”, а под мотото...

Димитров за Еуроњуз: „Бугарија со својата политика го компромитира македонско-бугарското пријателство, а става вето и на ЕУ кон регионот“

На маргините на Белградскиот безбедносен форум, во интервју за Еуроњуз, вицепремиерот Никола Димитров зборува за кредибилитетот на ЕУ во регионот, во светло на последниот пакет за проширување на Европската комисија, како и регионалната соработка и нејзината важност во контекст на европската интеграција. Осврнувајќи се на наодите од последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија, Димитров истакнува дека отсуството на акција...

Северна Македонија ќе биде дел од „Евровизија“ и догодина

Северна Македонија е помеѓу 41 земји учеснички кои ќе бидат дел од музичката манифестација „Евросонг 2022“. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја објави листата на земји кои ќе имаат свои претставници на најголемиот европски музички натпревар што догодина ќе се одржи во Италија. За домаќин на 66. издание на изборот за песна на Евровизија е избран градот Торино. Италија го доби правото...

Османи – Мортон: Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички ко-претседаваа со првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите...

Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени [инфографик]

Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Она што најмногу загрижува е фактот дека земјава постепено го губи богатиот шумски...

Ковид-19 пандемијата дополнително ја зголеми трговијата со луѓе во Северна Македонија и Албанија

Иако глобалната пандемија на ковид-19 блокираше многу процеси во нормалниот живот, од друга страна ги зголеми можностите за трговија со луѓе. Во годишниот извештај за трговија со луѓе објавен од страна на американскиот Стејт департмент се вели дека трговците со луѓе брзо се прилагодиле на ситуацијата создадена од пандемијата и како резултат на тоа се зголемил бројот на случаи...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...