fbpx
Таг: СЕММ

таг: СЕММ

Новинарските организации дефинираа критериуми за онлајн медиумите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ), усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите. „ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што се...

ААВМУ до ДИК: Сите имаат право на термини во медиумите за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти оти ставот на Државната изборна комисија (ДИК) дека единствено Собранието, како овластен предлагач на референдумот, може да води јавна пропаганда не соодветствува со фактичката ситуација и дека и другите заинтересирани субјекти може да водат пропаганда во времето предвидено за политичко рекламирање. Со слична реакција вчера се огласија и Здружението на новинарите...

Измените на Изборниот законик ги загрозуваат работата и слободата на медиумите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се противат на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик, донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата. Од ЗНМ, ССНМ и СЕММ велат дека „овие измени, донесени на нетранспарентен начин, со партиски консензус и...

СЕММ, ЗНМ и ССНМ бараат медиумите да работат професионално

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), бараат медиумите да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот на новинарите, транспарентност во сопственичката и уредувачка структура, како и прифаќање на саморегулацијата како единствен заштитник на медиумските слободи и независност. „Ова вклучува...

ААВМУ и СЕММ бараат да престане арогантното и недолично однесување кон медиумските работници

По вчерашниот инцидент со тројца фоторепортери на лидерската средба во Клубот на пратениците, со осуда се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Двете тела побараа да се стори сè да им се овозможи на медиумските професионалци да ја извршуваат својата работа и да се сопре со арогантното...

СЕММ: Медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност помеѓу граѓаните

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на ширење шпекулации, еднострано известување и невистини преку некои медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација и по потпишувањето на договорот за името со Република Грција. Од СЕММ велат дека „загрижува фактот што се забележуваат случаи на известување кои содржат повици за мобилизација на граѓаните...

СЕММ: Министерот Поповски неосновано критикува

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на, како што вели, неоснованата критика на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, околу ажурноста на СЕММ во обработката на поднесена претставка од неговиот кабинет за содржина објавена на порталот „ДоказМ“. Поповски на вчерашната јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија за Предлог -...

СЕММ: Порталите се најчеста мета за жалби за неетичко известување

Статистиката, од Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите (СЕММ) покажува дека, во периодот од 2014 до 2017 година, најголем дел од жалбите за неетичко известување на медиумите - 79 проценти - се однесувале на интернет порталите. Потоа следуваат телевизиите со 12,6 отсто, весниците и неделниците 8 отсто и новинските агенции 0,5 отсто. Најмногу жалби, 59, поднеле организации...

Новинарските организации реагираа: Заканите кон новинарите се атак врз демократијата

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска категорично ги осудија упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани. Селмани вчера објави дека добил закани по живот од луѓе на ДУИ и дека МВР професионално...

СЕММ ги осуди заканите на службеник на МНР кон новинар на „ТВ 21“

Советот за етика во медиумите на Макединија (СЕММ) го осуди однесувањето на претставник на Министерството за надворешни работи, кој на вчерашната прес-конфернеција на медијаторот, Метју Нимиц се обидел да го спречи новинарот на „ТВ 21“, Фуркан Салиу да постави прашање, како и заканите за одземање на неговата акредитација. „За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да...

Советот за етика во медиумите утврди дека МТВ2 „позајмила“ текст од „Порталб“

Извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) оцени дека вториот канал на „Македонска телевизија“ ги повредил авторските права на порталот „Порталб“, преземајќи негов текст без притоа да го посочи изворот. Одлуката е објавена денеска на веб-страницата на СЕММ. Пред еден месец, жалба до СЕММ поднел новинарот Суад Бајрами, наведувајќи дека телевизискиот прилог со наслов „ИЈЗ за водата во...

СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа. „Поставувањето какви...

Заев: МРТ ќе биде независен медиум, со независен директор и со независни уредници

Со парите што ќе се издвојуваат од буџетот на државата за „Македонската радио-телевизија“ (МРТВ), ќе се обезбеди независност на националниот сервис, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, од вчерашниот партиски мининг во Тетово, во рамките на кампањата за локалните избори на 15 октомври. Ова Заев го истакна зборувајќи за укинувањето на радиодифузната такса, со која досега се обезбедуваа...

Доделени наградите на Советот за етика во медиумите за најдобри новинарски стории

Советот за етика во медиумите денеска ги соопшти имињата на наградените новинари на конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи. Според едногласната одлука на тричленото жири, првото место го освоила сторијата на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“, за скандалот на...

СЕММ: МВР и обвинителството да ги расчистат инцидентите во Собранието и нападите на новинари

Советот за етика во медиумите (СЕММ) бара итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми. „Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив...

СЕММ: Медиумите не смеат да се злоупотребуваат за кревање тензија

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството. Од СЕММ додаваат дека веќе подолго време реагираат на ваквите случаи, но во последните...

Совет за етика: Медиумите најчесто грешат при проверката на вистинитоста на веста

Дури 87 отсто од одлуките на Жалбената комисија на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во 2016 година се однесувале на прекршување на првиот и најважен член од Кодексот на новинарите на Македонија – проверка на вистинитоста на веста, односно на фактите. Тоа зборува дека голем број новинари како никогаш да не ја научиле основната лекција, односно...

СЕММ: Зголемен број на претставки, текстовите немаат втора страна

Осумдесетина претставки против текстови во медиуми годинава се поднесени до Комисијата за етика при Советот за етика во медиумите на Република Македонија, а околу 130 за година и половина, колку што постои ова тело, информираа денеска од СЕММ. Мирче Адамчевски од СЕЕМ вели дека најголем дел од поплаките се однесуваат на текстови од порталите и поради тоа што тие не се...

СЕММ: Нема место за сензационализам при семејни трагедии

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на објавувањето видеоснимка од неодамнешниот инцидент во Куманово, кога лице со автомобил прегази цело семејство, меѓу кои и малолетно лице, кое им подлегна на повредите. „Им укажуваме на медиумите дека преземањето и објавувањето на таквата содржина внесува дополнителна вознемиреност и гнев кај јавноста околу инцидентот и последиците од него. На уредниците...

СЕММ: Најмногу жалби добиваме од граѓани и од граѓански организации

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска на прес-конференција соопшти дека во изминатата година и половина има добиено повеќе од 120 жалби на различни основи. - Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции, влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој во...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...