понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: семејно насилство | 107 резултати

Во првите три месеци за 17 проценти е зголемен бројот на пријави во МВР за семејно насилство

мај 13, 2020

Во периодот јануари – март годинава, 255 лица биле жртви на семејно насилство што е зголемување за 17 проценти во однос на истиот период минатата година, кога бројот на жртви изнесувал 217, покажува статистиката што МВР ја достави до Мета. Во 2018 година пак, оваа бројка била 236. Бројот на сторители на овие кривични дела, […]

МТСП со кампања за превенција и заштита од семејно насилство: Охрабри се, пријави го насилникот

мај 8, 2020

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, подготви кампања за превенција и заштита од семејно насилство во вонредна состојба Ковид-19 преку која жртвите на семејно насилство и јавностa се информираат за препознавање на формите на семејно насилство, каде да се обратат и да пријават за помош и кои […]

Дваесет и седум годишник нападнал полицајци откако го уапсиле поради пријава за семејно насилство

април 29, 2020

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 април во село Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Б.И.(27) од с.Подареш, постапувајќи по претходна пријава дека истиот извршил кривично дело „семејно насилство“, по што тој физички ги нападнал полициските службеници. Подоцна Б.И. бил префрлен во Психијатриска болница Негорци – […]

Шкриејљ: Семејното насилство што не се пријавува е поголемо од евидентираното

април 29, 2020

На денешната онлајн прес-конференција, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ изјави дека не е забележано зголемување на бројот на случаи со семејно насилство, но дека бројот сам по себе не значи дека нема зголемување. „Она со кое се соочуваме кога станува збор за семејно насилство и во редовни услови, а посебно во […]

Во Лондон во просек има 100 апсења на ден поради порастот на случаи со семејно насилство

април 27, 2020

За една третина е зголемен бројот на случаи за семејно насилство во Лондон, соопшти управата од лондонската полиција. За само шест недели, откако се воведени мерките за социјално дистанцирање, службениците од полицијата направиле во просек 100 апсења на ден за вакви прекршоци. Во однос на претходната година, инцидентите за насилство се со пораст од 9 […]

Викендов жена пријавила напад од сопругот во семејната куќа

април 21, 2020

Триесет и четири годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг во семејната куќа во с.Папрадишта. Нападот се случил во саботата на 18 април, за време на најдолгиот полициски час по повод продолжениот викенд за празникот Велигден. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот. Претходно, невладните организации предупредија дека е […]

Зголемен е бројот на случаи на семејно насилство за време на карантинот

април 17, 2020

Борбата против коронавирусот принуди многу земји ширум светот да преземат ригорозни мерки, вклучително и спроведување на полицискиот час, со цел луѓето да останат во своите домови што е можно повеќе. Ваквите мерки, иако помагаат да се спречи понатамошното ширење на вирусот, во некои случаи имаат и несакани ефекти. Присилниот престој дома ги зголеми веројатноста, а […]

Папата Франциск предупреди дека жените се изложени на опасност од семејно насилство

април 15, 2020

Поради мерките за ограничено движење во време на пандемија, жените се изложени на опасност од семејно насилство, посочи Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква. Тој повика и на молитва за жените. „Во овие моменти жените имаат ризик да бидат изложени на насилство заради коегзистенција за што носат преголем товар“, додаде тој. „Мета.мк“ претходно пишуваше за […]

Нема да има санкции за лицата што ќе пријавуваат кривично дело за време на полициски час

април 10, 2020

По барањата на невладините организации да се направат исклучоци од санкции за жени и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство, Министерството за внатрешни работи информираше дека на граѓаните нема да им е потребна посебна дозвола доколку сакаат да пријават кривично дело. Тоа може да го направат преку бесплатниот […]

Националната мрежа против насилство врз жените бара исклучок од санкции за жртвите на семејно насилство

април 9, 2020

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство достави барање до Владата со кое бараат да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство. „Жртвите кои се во висок ризик од насилство, да можат истото да го пријават до надлежна институција […]

Изолацијата дополнително го зголеми ризикот за семејно насилство

април 1, 2020

Мерката за ограничување на движењето што голем број на влади ширум светот ја воведоа во своите држави се со цел спречување на ширењето на Ковид-19 предизвика дополнителен ризик за жртвите на семејно насилство. Карантинот ги принуди жртвите на семејно насилство да бидат во постојан контакт со насилникот. Воедно, се намалува изборот и начинот на кој […]

Охрид доби Шелтер центар за жртви од семејно насилство

февруари 18, 2020

Oхрид конечно доби Шелтер-центар за жртви од семејно насилство, според сите стандарди. Објектот  има капацитет за згрижување на вкупно 12 лица, а првично тука ќе се згрижуваат жртви од регионот Охрид, Струга, Кичево  и Дебар. Штитениците ќе бидат под постојан надзор на стручни лица, и под придружба одат на лекар и во школо. Во близина […]

ОБСЕ: Само два проценти од жените кои доживеале семејно насилство пријавиле во полиција

мај 15, 2019

Разгледувајќи го извештајот на ОБСЕ еден податок ме загрижи – само два проценти од испитаните жени кои имаат доживеано насилство од нивните партнери во полиција го пријавиле како сериозен инцидент. Ова мора итно да го менуваме. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваа на […]

„Женски форум“: За 18 месеци, 60 жени жртви на семејно насилство во Тетовско

декември 4, 2018

За 18 месеци, помош побарале 60 жртви на семејно насилство во Tетовско, од кои сите се жени. За оваа бројка информираат од невладината организација „Женски форум“ во Тетово, каде што жртвите имаат можност да побараат и добијат поддршка, како и бесплатна правна помош. Од организацијата велат дека, овие бројки се нереални за тоа колку навистина […]

Царовска: Со препознавање на ризикот, може да се спречат убиства на жени од нивните партнери

октомври 26, 2018

Убиствата на жените предизвикани од семејно насилство може да се спречат со навремено препознавање на ризикот, за што е потребна посветена меѓуинституционална работа. За таа цел, по ратификувањето на Истанбулската конвенција,  Владата почна со усогласување на законодавството, воведување на управување со случаи и отворање шелтер центри за лица жртви на семејно насилство. Ова го изјави […]

Статистика на МВР: Мажите најмногу вршат семејно насилство, а жените се најчести жртви

октомври 9, 2017

Во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица осомничени за семејно насилство, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број на сторители на ова кривичното дело, според статиските, 94 отсто се мажи. Во најголем број од пријавените случаи или во вкупно 161 случај, насилството било […]

Млад прилепчанец ѝ скршил рака на баба си и ја натепал мајка си

април 8, 2017

Млад прилепчанец вчера дивеел дома и ја натепал мајка си, а на баба си, која сакала да помогне на својата ќерка, ѝ ја скршил раката, соопшти СВР Битола. Случајот во 22 часот вчера во Полициската станица во Прилеп го пријавила 41-годишна жителка на Прилеп. Таа кажала дека дента околу 17 часот во семејниот дом, нејзиниот […]

Поранешни сопружници се пријавувале еден со друг за семејно насилство

март 27, 2017

Во полициската станица во Радовиш вчера вечер било интересно – двајца поранешни сопружници се пријавувале еден друг за семејно насилство. Радовишанката Л.Д. (45) околу 21 часот вчера пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг С.Д. (48) извршил семејно насилство врз неа. Мажот пак исто така во полиција пријавил семејно насилство и рекол дека Л.Д. првичн почнала кавга […]

Сопругот осомничен за убиството на битолчанката

март 14, 2017

Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашното убиство на битолчанката Е.М.Д., за кое е осомничен нејзиниот сопруг. Според Јавното обвинителство, осомничениот ја убил сопругата удирајќи ја со дрвено сукало по главата. Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд доставило предлог на осомничниот да му биде одредена мерка притвор. „Предлог е доставен поради основан сомнеж дека осомничениот […]

Гостиварец ја претепал сопругата со сукало

септември 6, 2016

Дваесет и шестгодишна гостиварка вчера пријавила семејно насилство, кое дента, околу 14.30 минути, во заедничкиот дом во Гостивар, го извршил нејзиниот една година помлад сопруг. Според пријавата во СВР Тетово, двајцата најпрвин почнале да се расправаат. Во еден момент, сопругот зел дрвено сукало и повеќепати ја удрил по рацете и по телото, нанесувајќи ѝ притоа видливи повреди. […]

Страна 5 од 6