fbpx
Таг: СДСМ

таг: СДСМ

СДСМ: Две АФИС-машини нема, документи ги разоткриваат Јанкулоска и врвот на МВР

Во медиумското манипулирање со доказите за аферата „Фабрика за пасоши“, Гордана Јанкулоска свесно избега од аргументите за криминал, сторен со нејзино знаење, обвини денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски. - Повеќедневниот партиски притисок и медиумската пропаганда на владините функционери, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, врз Јавното обвинителство и здравата логика на граѓаните, го потврдија фактот дека во РМ нема независни...

Пендаровски го повика народот да им се придружи на студентите

Претседателскиот кандидат на СДСМ од последните претседателски избори, кои се одржаа годинава, Стево Пендаровски, на синоќешната трибината на СДСМ во Прилеп им даде поддршка на студентите и ги повика граѓаните да им се придружат. - 10 декември е денот на човековите права. Во Скопје е закажан голем протест на „Студентски пленум“ на студентите кои ќе излезат вторпат да ги бараат...

СДСМ ја обвини власта за лошата состојба во сточарството

Големиот број погрешни земјоделски политики на актуелната власт се причина за преполовеното сточарско производство и за незадолството што владее меѓу сточарите кои се оставени сами на себе, обвини денеска опизицискиот СДСМ. Од СДСМ прашуваат на што се должи падот на бројот на овци кој пред 20 години изнесувал нешто под 2 милиони , а сега е околу 530 илјади...

СДСМ: Со Велјановски и со Груевски, демократијата и слободата во Македонија имаат 365 лоши денови

Евидентна и лесно воочлива е конфузијата на спикерот Трајко Вељаноски, стои во соопштението на СДСМ, по реакцијата на претседателот на Собранието, во која тој тврдеше дека и опозициската партија сакала да не се верификуваат мандатите на пратениците. „Зарем човекот кој држеше брифинзи со новинари и преку медиумите упатуваше ултиматуми, поставувајќи крајни рокови за пратениците од опозицијата, денеска сака да каже...

СДСМ: Јавното обвинителство да покрене постапка против Трајко Вељаноски

Да го направеше тоа што му го налага Уставот, да ги констатира оставките на опозициските пратеници, Трајко Вељаноски ќе ја спречеше целата оваа пародија што се случува во Собранието, се вели во реакцијата на СДСМ. „Пратениците од опозицијата побараа да не им бидат верификувани мандатите, па потоа поднесоа оставки, уште во мај годинава. И покрај тоа, власта, на чело со спикерот...

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ да ги вратат платите

За една година, 31 пратеник од СДСМ и од коалицијата ќе земат повеќе од 24.180.000 денари. Тие за тоа, пак, не почувствуваа одговорност да се појават на своите работни места, се вели во соопштението од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „Еден пратеник од СДСМ за една година ќе земе повеќе од 780.000 денари, а воопшто не чувствуваат одговорност и потреба да се појават на своето...

Заев и Шекеринска се сретнаа со Ховит

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит. Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и за поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграциите. Во таа насока позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за понатамошно продолжување на комуникацијата, за теми кои се...

СДСМ: Груевски го прегази Јавното обвинителство

Никола Груевски најдиректно, јавно згази по законските должности на Јавното обвинителство, се вели во реакцијата од СДСМ по изјавата на премиерот Никола Груевски. „Каква истрага, какви институции. Се разоткри обвинителот, истражниот орган, судот во оваа држава. Со денешната изјава, Груевски потврди дека никој подобро од него и од неговата најблиска соработничка Јанкулоска не се разбира од машинерија. Тие се експертите, за машина, машинче...

СДСМ: Каде се дрјвата?

Садењето дрвја е благородна активност, ако таа е реална и има резултати за животната средина. Но, што се случува во Македонија? Власта ги задолжи граѓаните со огромни суми за активност од којашто не само што нема ефекти, според достапните информации, туку шумскиот фонд дури се намалува, истакна на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање...

Груевски: СДСМ се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт

Нам ни е јасно како „Фокус“ дојде до идејата за овие обвинувања, но СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување пасоши шири груби манипулации, истакна денеска премиерот Никола Груевски. - Жалам што СДСМ цврсто се обидува со манипулации, монтажи и со афери да дојде до власт. Нам, како ВМРО-ДПМНЕ, ни одговара таквото нивно однесување, но за демократијата не е добро да...

Реакција на Град Скопје на прес-конференцијата на СДСМ

Градот Скопје реагира на изјавата на советникот од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, дадена по повод донесениот буџет на Град Скопје за 2015 година, на 25. седница на Советот на Град Скопје. „Прво, би сакале да го демантираме господинот Манчевски, кој во својата изјава тврдеше дека градоначалникот Трајановски не присуствувал на оваа расправа. Тоа не е точно, градоначалникот Трајановски присуствуваше...

Манчевски: Во два часот наутро, Коце и мнозинството донесоа буџет против интересите на Скопје

Коце Трајановски во текот на целиот ден не присуствуваше на седницата во расправата за буџетот на Град Скопје. Тој не беше тука да го брани сопствениот буџет и интересите на граѓаните, оние кои го гласале, рече на прес-конференција Дамјан Манчевски, координатор на советничката група „Сојуз за иднината“. - Коце Трајановски и владејачкото мнозинство, вечерва, во два часот наутро, го усвоија буџетот, којшто...

Груби: СДСМ нема преку ДУИ и Ахмети да дојде на власт

Опозицијата да не се надева дека на власт ќе дојде преку ДУИ и Али Ахмети, туку да се врати во парламентот, рече денеска пратеникот од ДУИ, Артан Груби, на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која се донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на опозициските пратеници кои ја бојкотираат работата на Собранието. - Од 2002 година до денес, и...

Чекор поблиску до одземање на мандатите на СДСМ

Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе предлог-одлука за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Колегите од Собранието едногласно гласаа дека отсуството на опозиционерите изминатите шест месеци е неоправдано, затоа што ниту еднаш не се појавиле ниту на пленарна седница ниту, пак, на некое од работните тела на Собранието, а не најавиле или донеле некакво оправдување за...

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите

Откако материјалите околу кои СДСМ се обиде да изградат случај наидоа на потсмев на социјалните мрежи и во пошироката јавност, сега партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Денес СДСМ нè повикува да не ги гледаме снимките и воопшто да не се обрнува внимание на нив, демек, снимките сега не...

Ахмети подготвува терен за да ги апсорбира нападите врз ДУИ

Аналитичарите проценуваат дека изјавите на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, дека во земјава треба да се решат многу проблеми со неочекувани решенија, се исто толку несфатливи како и бомбите на Зоран Заев, кога има толку многу поголеми проблеми во државата кои бараат смели решенија кои можеби и не се предвидени во изборната програма на партијата, објавува „Порталб“. Алајдин Демири  за порталот...

Ременски: Јанкулоска да не врши притисок врз обвинителството

Однесувањето на Јанкулоска и на МВР во скандалот со можната нелегална фабрика за пасоши во приватен стан е класична потврда дека во Македонија институции нема, истакна Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и претседателка на Комисијата за внатрешни работи на денешната прес-конференција. - Прво, материјалот што упатува на криминал, како што информираше медиумот што го обелодени, е испратен до Јавното обвинителство, задолжено за...

СДСМ: Се распаѓа системот на лажирање на ВМРО-ДПМНЕ

Почнаа да им излегуваат информации од сите страни, што покажува дека се распаѓа нивниот систем на лажирање и на контрола на информациите. Ја разбираме нервозата на ВМРО-ДПМНЕ, за којашто, како што може да се види од нивното соопштените, и самите се свесни, се вели во реакцијата на СДСМ. „СДСМ ќе ги сподели со јавноста сите докази и аргументи што ги...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е нервозен откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторно побара СДСМ да објави сè што има, „наместо да верглаат во место како што практикуваат“. „Свесни дека и денеска, како и веќе два месеци наназад, некој од опозицијата ќе излезе да се сили со бомби, да се храбри, да се удира во гради со разни неартикулирани напади врз нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ овојпат превентивно го повикува раководството на...

СДСМ: Власта на Никола Груевски воведува глоби до 3.000 евра за граѓаните

Социјалдемократскиот сојуз бара укинување на драконските казни за граѓаните што ги воведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ во градежништвото, преку предлог-измените во Законот за градење, истакна денеска на прес-конференција Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ. - Власта на Никола Груевски воведува глоби до 3.000 евра за граѓаните доколку по извршена значителна реконструкција на некој објект не обезбедат сертификат за...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...