fbpx
Таг: Саудиска Арабија

таг: Саудиска Арабија

Време е жените во Саудиска Арабија да возат, порача саудискиот принц Алвалид бин Талал

Саудискиот принц Алвалид бин Талал повика на укинување на забраната жени да возат автомобили. Принцот преку „Твитер“ порача дека дека е крајно време саудиските власти да им дозволат на жените да управуваат автомобили. „Сопрете ги дебатите: време е жените да возат“, напиша принцот Алвалид бин Талал. https://twitter.com/Alwaleed_Talal/status/803672332485017600 По краткиот твит, канцеларијата на принцот објави некарактеристично долго соопштение на англиски и на арапски во...

Саудиска Арабија е против продолжување на примирјето во Јемен

Дводневното примирје по двогодишната војна во Јемен истече денеска напладне и нема да биде обновено, рече портпаролот на коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија. Примирјето кое еднострано го објави саудиската коалиција, не помогна да се запрат борбите во земјата меѓу Хутите, кои ги поддржуваат Иран и коалиционите сили. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето. Во текот на 20 месеци, откако...

Бунтовниците од Јемен истрелале ракета кон Мека

Саудиска Арабија денеска соопшти дека бунтовниците во Јемен истрелале балистичка ракета кон светиот муслимански град Мека. Саудиската војска навела дека пресретнала и уништила ракета на 65 километри од Мека, каде се наоѓа Каба, градба кон која сите муслимани се вртат кога се молат пет пати дневно. Како што е наведено, ракетата не причинила штета. Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија од март 2015...

На погреб во Јемен убиени 140 луѓе, бомбардер ја погрешил метата

Саудиската воена коалиција која се бори против јеменските бунтовнички сили, наведе дека бомбардер по грешка целел на погреб во Сана, при што биле убиени 140 луѓе. Во соопштението на саудиската војска се наведува дека поради тоа ќе биде поведена дисциплинска постапка. Нападот, кој се случил на 8 октомври, предизвика меѓународни реакции и силна критика од западните сојузници на Саудиска Арабија. Заради непочитување на коалиционите...

Напаѓачите од Германија добивале инструкции од членови на ИД во Саудиска Арабија

Напаѓачите кои во јули изведоа терористички напади во Германија преку интернет добивале упатства од членови на Исламска држава, кои се наоѓале, меѓу други земји, и во Саудиска Арабија, јавуваат германските медиуми, повикувајќи се на извори од Сојузната канцеларија за борба против криминалот. Двајцата напаѓачи, 17-годишниот мигрант од Авганистан кој на 18 јули во воз во Баварија со нож и...

Самоубиствен напад во близина на американскиот конзулат во Џеда

Двајца припадници на безбедносните служби се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе во близина на американскиот конзулат во саудискиот град Џеда. Напаѓачот со автомобил стигнал до џамијата во близина на конзулатот, а откако им станал сомнителен на полицајците, го активирал експлозивот кој го носел на себе. Очевидци соопштуваат дека експлозијата одекнала на 10 метри од ѕидот на конзулатот и оти на...

Судир на автобус и на камион во Саудиска Арабија, 15 загинати

Во судир на автобус и на камион во Саудиска Арабија загинаа 15 луѓе, а 60 се повредени, соопшти саудиската Црвена полумесечина. Портпаролот на хуманитарната организација, Абдулах ел Мореибед, изјави дека сообраќајната несреќа се случила вчера на патот помеѓу главниот град Ријад и провинцијата Ел Касим и дека судирот предизвикал пожар во автобусот. Во евакуацијата на повредените, од кои петмина се во критична состојба,...

Саудиски министер разрешен поради поскапување на водата

Кралот на Саудиска Арабија, Саламан бин Абдулазиз, го сменил државниот министер за вода и за струја, Абдула ел Хусеин, поради реакциите што во јавноста ги предизвика со зголемување на цената на водата, известуваат медиумите од таа земја. Кралот Салман вчера издал указ на кој се наоѓа смената на Хусеин, кoj привремено ќе биде заменет од министерот за земјоделство, Абдел Рахман ел Фадил. Неговата смена...

Обама во посета на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Барак Обама допатува во Саудиска Арабија во момент кога односите меѓу Ријад и Вашингтон се особено затегнати. Обама ќе разговара со кралот Салман, а утре ќе учествува на Советот за соработка во Голфскиот Залив, во чиј состав се Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Шефот на Белата куќа сака во центарот на вниманието да ја...

Саудиска Арабија разменила 109 бунтовници за девет Саудијци

Властите во Саудиска Арабија денеска соопштија дека коалицијата која ја предводат во борбите против шиитските бунтовници во Јемен разменила 109 бунтовници за девет Саудијци заробени на таа територија. Во соопштението не се прецизира како и кога саудиските државјани биле заробени во Јемен, иако јеменските власти објавија дека тие биле заробени за време на операциите во близина на границата на Саудиска...

Кери на средба со саудиските и со европските претставници за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе ги посети Саудиска Арабија и Франција поради разговорите со саудиските и со европските претставници за конфликтите во Сирија, Јемен и во Либија. Стејт департментот соопшти дека Кери денеска ќе го посети саудискиот град Хаар ел Батин, кај североисточната граница со Ирак и со Кувајт, каде 20 земји ја завршија тринеделната антитерористичка воена вежба. Кери потоа од...

Европарламентот бара ембарго за Саудиска Арабија

ЕУ да воведе ембарго за оружјето во Саудиска Арабија, а Велика Британија, Франција и другите земји од Унијата да престанат да ѝ продаваат оружје на земјата, која напаѓа цивили во Јемен, побара денеска Европскиот парламент. Вкупно 359 европратеници гласаа за поддршка на резолуцијата која нема обврзувачко дејство, 212 беа против резолуцијата, а 31 се изјасниле воздржано. Европратениците се надеваат дека резолуцијата...

Пакистанскиот претседател ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, в понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран за во Техеран да се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е за да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили. Во соопштението на пакистанската дипломатија се вели дека неодамнешната ескалација на напнатоста меѓу Саудиска...

Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија

Терористичката организација Ал каеда ја предупреди Саудиска Арабија дека ќе сноси последици поради погубување десетина нејзини членови, тврдејќи дека Ријад го направил тоа како новогодишен подарок за западните сојузници. Егзекуцијата на шиитскиот верски лидер Нимр ал Нимр, извршена на 2 јануари во рамки на масовно погубување, предизвика тензии меѓу Саудиска Арабија и Иран. Покрај свештеникот, беа погубени и лица обвинети...

Гранатирана Саудиска Арабија – убиени тројца цивили

Три цивили, меѓу кои едно дете, убиени се на југот на Саудиска Арабија во гранатирање од правец на Јемен, соопшти денеска сириската државна новинска агенција СПА. Гранатирањето се случило синоќа, а мета на нападот била провинцијата Џазан, на границата со Јемен. - Билансот е смрт на три цивили, меѓу кои и едно дете. Девет лица се ранети и префрлени во болница...

Иранскиот претседател побара да им се суди на напаѓачите на саудиската амбасада

Судските власти во државата итно да процесуираат 50 осомничени за учество во напад врз саудиската амбасада во Техеран, побара иранскиот претседател Хасан Рохани. Во писмо до судските власти тој наведува дека мора да бидат казнети извршителите и организаторите на тоа злосторство. Ирански дипломати вчера ја напуштија Саудиска Арабија откако Ријад ги прекина врските со официјален Техеран по нападот врз саудиското дипломатско...

Турскиот премиер се нуди како посредник во решавање на кризата меѓу Саудиска Арабија и Иран

Ријад и Техеран да ги користат дипломатските канали за да стават крај на тензиите настанати по погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи дека Анкара е подготвена да посредува во решавањето на кризата. - Веднаш треба да им се даде шанса на дипломатските канали. Турција е подготвена да понуди секаква можна конструктивна помош...

Кувајт го отповика амбасадорот во Иран

Кувајт го отповика својот амбасадор во Иран поради нападот на дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Иран. Саудиска Арабија претходно ги прекина односите со Иран, а слични чекори преземаа и Бахреин, Судан и Обединетите Арапски Емирати. Во меѓувреме, шефот на египетската дипломатија го осуди нападот на иранската амбасада во Ирак и го нарече „неприфалтив“. Саудиска Арабија за време на викендот погуби 47...

Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран. Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа земја, што предизвика протести во...

И Судан ги прекина дипломатските односи со Иран

Судан денеска соопшти дека ги прекинал дипломатските односи со Иран, откако претходно Саудиска Арабија и Бахреин исто така ги прекинаа врските со Техеран во рамките на новото затегнување на односите на Блискиот Исток. Последните тензии меѓу арапските земји настанаа откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиските власти, што предизвика протести...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...