fbpx
Таг: Сања Лукаревска

таг: Сања Лукаревска

Компјутерска софтвер програма неселективно ќе им го враќа ДДВ на фирмите

ИТ Секторот на Управата за јавни приходи (УЈП) развил компјутерски софтвер кој автоматски ќе прави поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски ја посетија Регионалната дирекција на УЈП во Скопје. Според министерот Тевдовски, со новиот систем ќе...

Пензионерите кои имаат приходи само од ПИОМ, не треба да се регистрираат во УЈП

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска информираше дека 300.000 граѓани се регистрирале преку системот е-регистрација, но и дека обврската за пензионерите се одложува до 2024 година, доколку нивните приходи се само од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. „Со новиот закон за личен доход се предвидува, во наредните седум години да се одложи обврската за доставување на годишна...

ССК и УЈП заеднички ќе се борат против нерегистрираните бизниси

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска потпишаа Меморандум за соработка за заеднички да се координираат за регистрирање на субјектите кои немаат регистрирано фирма, a со цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција Меморандумот за соработка помеѓу институциите го потпишаа претседателката на ССК, Данела Арсовска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. „Неформалната т.е сивата економија...

Николовски: Даночните постапки за земјоделците се поедноставуваат

Со последните измените на Законот за персонален данок на доход, значително се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците, порачаа на денешната заедничка прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Со последните законски измени, се намали прагот за регистрација на овие даночни обврзници. Со измените на законот се зголеми прагот за...

Манчевски: Институциите мора да ги регистрираат вработените за да исплатат плати

Јавната администрација нема да може да земе плата, ако државните институции не ги регистрираат своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечки ресурси, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Институциите кои не ги внеле податоците за вработените во регистарот, имаат рок од три месеци тоа да го сторат. Законските прописи со кои се предвидува оваа мерка,...

Лукаревска: Засилени контроли на фискалните сметки за намалување на скриената економија

Еден од предусловите за развој на сивата економија е неиздавањето на фискални сметки, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешниот Регионален форум за скриена економија кој се одржува во „Холидеј ин“, а на кој учествуваат и претставници од даночните институции на регионот. Таа додаде дека се поголем број на граѓани се јавуваат во УЈП и поднесуваат претставки за неиздавање...

Лукаревска: Владата нема да менува ништо во плаќањето ДДВ

Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на данокот на додадена вредност (ДДВ) за физички лица, а во постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) не постои промена по ова прашање, појасни денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. - Не сите физички лица се обврзници за цели на ДДВ. Напротив, станува збор за многу мал број на лица....

2,7 милиони евра е највисоката бруто-плата за 2016, исплатена во приватното здравство

Највисоката годишна бруто-плата за 2016 година, била исплатена во приватното здравство и изнесува 2,7 милиони евра, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Највисокиот исплатен бонус на годишно ниво е 416.000 евра. - Лани годишна даночна пријава до УЈП поднеле 439.689 граѓани кои пријавиле годишни бруто-приходи во износ од 173.592.004.847 денари, како и персонален данок во износ од 10.133.228.081...

Уште овој пат ќе се поднесуваат годишни даночни пријави, од 2019 сè ќе биде електронски

Обврската на граѓаните да поднесуваат годишни даночни пријави до Управата за јавни приходи останува уште овој пат, односно до 15 март 2018 година, кога е крајниот рок за поднесување на годишните даночни пријави за 2017 година. Од 1 јануари 2019 година, таа обврска престанува бидејќи тоа ќе го прави УЈП - електронски. - Во „е-персонален данок“ ги вградивме најдобрите европски практики...

Двајца вработени во УЈП на 37 компании им помогнале да избегнуваат плаќање на даноци

Двајца вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) им помагале на приватни и државни фирми во 2015 и 2016 година да избегнуваат плаќање на милионски долг на данок на добивка, информираше денеска на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа додаде дека компаниите се наоѓаат на листата на должници што ја објавува УЈП, а против двајцата вработени се води дисциплинска постапка,...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...