fbpx
Таг: самит

таг: самит

Ким Џонг Ун се извини што им го пореметувал мирот на Јужнокорејците

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на денешната средба со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе Ин се извини поради тоа што им го пореметувал сонот на Јужнокорејците со нуклеарните тестови минатата година. - Повеќе нема да ви го пореметуваме сонот во раните утрински часови - рече изјави Ким, мислејќи на ветувањето кое го даде дека ќе прекине со...

Балканската политичка елита и Доналд Туск на самитот Брдо-Бриони во Скопје

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на самитот на шефовите на држави во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи попладнево и вечерва во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Официјално присуство на самитот го потврдија претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, која е во Скопје од...

Коѕиас: Нема доволно време Македонија во јуни да стане членка на НАТО

На следниот НАТО самит во јули, Македонија нема да стане членка, бидејќи временскиот период е краток, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „247“. Според Коѕиас, договорот треба да се ратификува на различни начини, а веќе е април. – Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на север, потребни се два месеци. Само...

Анѓушев: Иднината на енергетиката е во обновливите извори

Вицепремиерот Кочо Анѓушев во обраќањето на Самитот за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори за енергетска сигурност што се одржува во Берлин рече дека иднината на енергетиката е во обновливите извори. - Клучниот предизвик е како да се развиваат енергетските капацитети од обновливите извори и притоа да се воспостави механизам со тоа да не се влијае врз цената на...

Анѓушев учествува на самит за енергетска сигурност во Германија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев е во службена посета на Германија, каде што учествува на четвртиот Самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска сигурност, во организација на германската Влада. Вицепремиерот ќе има обраќање на денешната попладневна сесија „Придонес на обновливите извори во енеретската сигурност“, а ќе оствари и средби со министри за енергетика кои ќе...

Бектеши на самит во Дубаи ги претставил можностите за инвестирање

Министерот за економија, Крешник Бектеши во текот на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), остварил средба со министерот за економија на ОАЕ, Султан бин Саед Ал Мансури. Средбата на Бектеши со Ал Мансури се одржала на маргините на осмото издание на Годишниот инвестициски самит во Дубаи. „Бектеши и Ал Мансури ја потенцирале потребата од потпишување на меморандум за соработка во сферата...

Делегација на Стопанска комора ќе учествува на Евроазискиот економски самит

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит, што ќе се одржи во Истанбул на 11 и 12 април. Самитот има за цел да придонесе за зајакнување на економските врски помеѓу Европската унија и земјите од Централна Азија, Кавказ, Балкан и Блискиот Исток. На Самитот ќе бидат опфатени темите „Технологијата наспроти...

Специјален статус во НАТО во јули, полноправно членство по промена на Уставот?

Најновите неофицијални информации кои доаѓаат од Грција се дека преговорите за името би можеле да резултираат со компромис околу приемот во НАТО, со „надградба“ на статусот на Македонија на самитот во јули и ветување за полноправно членство кога ќе се промени Уставот. Наводно, сега во центарот на преговорите е потпишување на меѓународен договор помеѓу двете земји, кој би предвидел (како...

Слободата на изразување, главна тема на регионалниот Самит за слобода на интернет

Состојбите со слободата на изразување во Источна и Централна Европа и Евроазија се главна тема на првата панел дискусија на вториот регионален Самит за слобода на интернет, организиран од Иницијативата за владеење на правото при Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ). На панел дискусијата учествуваа амбасадорката на ОБСЕ во Скопје - Нина Суомалаинен, Роберт Поповски - министер без ресор во Владата на...

Проширувањето на ЕУ, тема на состанок на министрите од Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров, одржуваат состанок во Сараево посветен на Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Балканот и спроведувањето на заклучоците од Самитот во Трст во 2017 година, составен дел од Берлинскиот процес. На состанокот учествуваат и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина...

Заев: Се надеваме на решение за името до јули, по што ќе станеме членка на НАТО

Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, пренесува „Ројтерс“. - Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули - рече Заев. Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во...

Ги зајакнуваме односите со Кина за идна експанзија на економската соработка, рече Заев

Премиерот Зоран Заев на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од Централна и од Источна Европа со Народна Република Кина, ги претстави позициите на Македонија за подобрување на бизнис-климата во земјата и за унапредување на животниот стандард на граѓаните. - Владата на Република Македонија ќе продолжи со активностите кои имаат цел значително да ја подобрат бизнис-климата, преку...

Анѓушев: Владата треба да креира поволна бизнис-клима, а не конкуренција на фирмите

Владата нема да креира фирми со кои ќе им се прави конкуренција на приватните компании, туку ќе работи на креирање поволна бизнис-клима со која ќе се овозможи пораст на компаниите и економски развој на земјата. Ова денеска го истакна вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев, на панел-дискусијата „Научени лекции и како да се имплементираат најдобрите практики во Македонија и во регионот“ на самитот...

Самит во организација на „Македонија 2025“ се одржува денеска и утре во Скопје

Шестиот самит во организација на платформата „Македонија 2025“ се одржува денеска во Скопје и на него учествуваат 50 врвни говорници од 25 земји, 400 делегати и 50 акредитирани медиумски претставници. Коосновачот и член на одборот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски, на отворањето на самитот го истакна значењето на градењето позитивна клима кон инвеститорите, како и стабилност и доверба во...

Мини самит во Париз за мигрантската криза

Лидерите на седум африкански и европски земји се состануваат денеска во Париз на мини самит за да разговараат за предизвиците кои ги носи мигрантската криза во Европската Унија. Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика колегите од Нигер и Чад како и премиерот на либиската влада, односно лидерите на државите кои се на главната транзитна рута за мигранти кои идат кон Европа. Германската...

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија. „Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Македонија, втора земја по...

Анѓушев: Добивме 70 милиони евра грант од ЕУ за пругата кон Бугарија

Од вкупно 194 милиони евра грант наменет за развој на инфраструктурата во Западен Балкан, Македонија на самитот во Трст добила 70 милиони евра за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, информираше денеска вицепремирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој додаде дека оваа неповратна помош, доволна за да се покрие 46 отсто од вкупната сума што е потребна...

Лидерите од Западен Балкан во Трст го усвоија Акцискиот план за економска интеграција

Шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска на Самитот во Трст го усвоија повеќегодишниот Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан наречен МАП (Multi-annual Action Plan - Повеќегодишен акциски план), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен да го следи целиот процес. МАП има цел да овозможи „непречен протек на стока, услуги, капитал...

Заев: Во Македонија владее оптимизам од подадената рака од меѓународната заедница

Има голема потреба од формирање рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан, кон што е силно определена новата влада на Република Македонија, а постои и голема потреба не само од реформи, туку и од фокусиран забрзан реформски напредок, рече премиерот Зоран Заев за време на неговото обраќање на самитот за Западен Балкан во Трст. - Знам дека граѓаните...

Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ. – Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство - рече Меркел. Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...