fbpx
Таг: самит

таг: самит

Македонија на Самитот на НАТО очекува да добие покана за преговори за членство

Дваесет и деветте лидери од Североатланскиот совет денеска, на првиот ден од дводневниот Самитот на НАТО во Брисел, ќе постигнат согласност да и испратат на Македонија покана за почеток на преговори за членство. Ова го најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на вчерашната прес-конференција и додаде дека очекува по историскиот Договор со Грција за името, Македонија да...

Заев во Лондон се сретна со претставници на Охридската група

Премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што денеска се одржува во Лондон, имаше средби со претставници на Охридската група, пријатели и поддржувачи на Македонија, предводени од сер Џорџ Робертсон. Од владиниот кабинет велат дека на средбите, искусните дипломати и политичари, претставници на повеќе меѓународни организации, го истакнале исклучителниот напредок на Република Македонија и ја...

„Катимерини“: НАТО ќе го повтори условот за Македонија

Електронското издание на грчкиот весник, „Катимерини“, повикувајќи се на нацрт верзијата на декларацијата на НАТО, до која се тврди дека дошол весникот, пишува оти на претстојниот самит на Алијансата, на 11 и 12 јули оваа недела, Македонија повторно ќе добие само порака дека пристапувањето кон Северноатлантската алијанса ќе зависи од спроведување на договорот за името со Атина. Наводно, условноста...

Заев денеска и утре ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола денеска и утре учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан (Берлински процес), што се одржува во Лондон, информираат од владината прес-служба. Утре премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј ќе има прием за шефовите на делегациите на земјите членки на Берлинскиот процес,...

Бизнисот во фокус на седмиот Самит на шефовите на Влади на Кина и земјите од ЦИЕ

Бизнис делегација на највисоко ниво предводена од претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска традиционално учествува на 7. Самит и бизнис-форум на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), кој официјално ќе се одржи на 7 јули во Бугарија. „Минатата година во Унгарија остваривме успех со потпишување на седум договори за трговски...

Заев и Ципрас ќе се сретнат во Лондон на 10 јули

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во Лондон, на маргините од Самитот на Западен Балкан што ќе се одржи во вторник (10 јули), дознава „Независен весник“. Двајцата премиери ќе разговараат за развојот на настаните по потпишувањето на Преспанскиот договор и ќе ги координираат своите активности. Премиерката на Велика Британија, Тереза Мај, ќе...

Анѓушев и Манчевски учествуваат на Самитот за Западен Балкан во Виена

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски учествуваат на работен состанок на министри за економски ресори, што се одржува во Виена, како активност во рамки на Петтиот самит за Западен Балкан, информираат од Влада. Анѓушев ќе се обрати на сесија на која ќе се дискутира за регионалната економска област, а обраќање на...

Заев задутре на средба со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев в петок наутро ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави тој за време на семинарот Рос-Рот што се одржува во Собранието. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на која тој очекува дека ќе биде објавено дека Македонија ќе добие покана за полноправно членство во НАТО на самитот. Заев рече дека очекува сите земји членки...

Меј: Договорот и ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, со писмо до македонскиот премиер Зоран Заев честитала за постигнувањето договор со Грција, како и за ратификацијата на договорот во Собранието, соопштија од Владата. „Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни...

Поканата за Македонија за членство во НАТО ставена како точка на Самитот во јули

Северноаталантскиот совет денеска донел едногласна политичка одлука да ја стави точката за покана на Македонија во НАТО на самитот на Алијансата на 11 и 12 јули во Брисел, информираше денеска премиерот Зоран Заев во Собранието за време на завршниот говор пред ратификацијата на Договорот со Грција за решение на спорот за името. - Оваа среќна вест ја добив пред неколку...

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спорот за името, јави МИА. – Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие...

Арсовска: Искористувањето на фондовите од ЕУ ќе ја зајакнат економијата на регионот

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска во обраќањето нa отворањето на Виенскиот економски форум во Софија, ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Таа додаде дека потребно е искористување на достапните фондови за да се изгради силна економска мрежа со земјите од Западен Блакан, како обединет...

Заев – Меј: Опцијата за името која би можела да биде прифатлива, е комплетно решение

Тереза Меј, првата премиерка од Обединетото Кралство што доаѓа во Македонија по скоро 2 децении, рече дека Македонија е интегрален дел од Европа и вети подршка за македонските евроинтеграции. Меј која со сите почести беше пречекана во Владата, во врска со спорот со името порача дека е значајно тоа што Македонија пружала рака кон својот сосед, но дека за решение ќе треба...

Ципрас: На чекор сме до договор, не чека тешка работа

Синоќа, во малку поопуштена атмосфера, по вечерата и речиси до утринските часови имавме многу суштински разговори и постигнавме суштински напредок. Требаше само да преспиеме и денеска да го потврдиме тоа што сме го договарале. Не чека тешка работа. Сè уште не сме во позиција да зборуваме за договор, но ќе се сретнеме пак на почетокот на следниот месец и...

Заев се сретна со Ципрас, Макрон зборува за реформи, а потоа приклучување кон ЕУ

Во Софија, пред почетокот на самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан, во Националниот дворец на културата, се сретнаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Според тоа што го објавија од македонската влада, а и од објавите на официјалната Фејсбук-страница на Заев, на денешната средба се разговара за спорот за името. „Македонија и Грција го зајакнуваат...

Дигиталното поврзување на Западен Балкан ќе биде финансирано со 200 милиони евра од ЕУ

Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, информираат од министерството за информатичко општество и администрација. „Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од самитот на ЕУ и Западен Балкан, информираше дека иницијативите за дигитална агенда и поголема поврзаност во регионот ќе бидат финансирани со повеќе од 200 милиони...

На Самитот во Софија ќе се дискутура и за економскиoт развој на Западен Балкан

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска ќе има обраќање за спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската унија, со што и официјално ќе започне економскиот форум на Самитот на Европска унија за Западен Балкан во Софија. Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на...

Утре се одржува четвртиот самит FMCG за професионалци од секторот за трговија

Четвртиот самит FMCG (Fast-moving consumer goods) ќе се одржи утре во хотелот „Александар Палас“ во организација на магазинот „InStore“. Десет говорници, десет истакнати професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG) од Македонија, регионот, како и од Русија, ќе ги споделат своите знаења и искуства пред повеќе од 300 професионалци од средниот и топ менаџментот на македонските компании. Самитот...

Набиена агенда на Заев во Софија, ќе се сретне со Ципрас, Макрон, Меркел, Курц, Руте

Премиерот Зоран Заев на 17 мај ќе учествува на Самитот на Европската унија за Западен Балкан што ќе се одржи во Бугарија, земја претседавач на Европскиот Совет. За време на Самитот, предвидена е и средба со премиерот на Грција, Алексис Ципрас. „Премиерот ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Connectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите...

Ким Џонг Ун се извини што им го пореметувал мирот на Јужнокорејците

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на денешната средба со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе Ин се извини поради тоа што им го пореметувал сонот на Јужнокорејците со нуклеарните тестови минатата година. - Повеќе нема да ви го пореметуваме сонот во раните утрински часови - рече изјави Ким, мислејќи на ветувањето кое го даде дека ќе прекине со...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...