fbpx
Таг: самит

таг: самит

Обама ќе претседава со самитот на ОН за борба против тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе претседава со меѓународен самит на маргините на Генералното собрание на ОН, на кој светските лидери ќе разговараат за борбата против екстремизмот и тероризмот. САД на денешниот состанок ќе се обидат да добијат поддршка против терористичките организации, како што е Исламска држава, која привлекува борци од странство, кои потоа го враќа во своите со родни...

Груевски имаше обраќање на Самитот за одржлив развој на Обединетите нации

Премиерот Никола Груевски, вчера, во Њујорк, САД, се обрати на Самитот за одржлив развој на Обединетите нации. Во своето обраќање, тој ја поздрави и ја поддржа универзалната агенда за намалување на сиромаштијата и за подобрување на благосостојбата на граѓаните, преточена во документот Трансформирање на нашиот свет: Агенда за одржлив развој 2030. Посочи дека целите за одржлив развој треба да се...

ЕУ-лидерите договорија помош за бегалците и активирање на пограничната стража

На самитот на лидери на земјите-членки на Европската унија утринава во Брисел беа усвоени серија мерки за зајакнување на контролата на надворешните европски граници и за обезбедување дополнителна помош за бегалците надвор од територијата на ЕУ. - Фокус на денешните разговори беше заштитата на надворешните граници – соопшти претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, додавајќи дека за отстранување на...

Туск: Да се врати контролата на надворешните граници на ЕУ

Лидерите на ЕУ мора да ѝ помогнат на Европа да ја врати контролата над своите надворешни граници, рече денеска претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск. - Најитното прашање што мора да си го поставиме себеси вечерва е како да ја вратиме контролата над нашите надворешни граници. Во спротивно, нема воопшто смисла да говориме за заедничка европска миграциска политика. На испит, исто...

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе заседаваат за бегалската криза

Министрите за внатрешни работи на 28 земји-членки на Европската унија ќе се сретнат во Брисел, со намера да се најде решение за бегалската криза. Се надеваат на напредок во пресрет на самитот на лидерите на земјите од Унијата, закажан за утре. Чешка, Полска, Унгарија и Словачка, кои се противат на фиксните квоти за прифаќање бегалци, соопштија дека се подготвени да склучат...

Шулц се надева на договор за бегалците

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, денеска изјави дека очекува членките на Европската унија да договорат заедничка политика за решавање на бегалската криза. - Ќе има дискусии, но на крајот ќе се договориме за план за раселување бегалци – рече Шулц во интервју за германското радио „Дојчландфунк“. Изјавата на претседателот на ЕП доаѓа еден ден пред вонредниот состанок на министрите за внатрешни работи и...

Самитот „Македонија 2025“ ќе се случува во Скопје од 18 до 20 ноември

Tретиот годишен самит кој годинава ќе го организира платформата „Македонија 2025“ ќе се случува од 18 до 20 ноември во Скопје. Темата ќе биде, како преку трансформативно лидерство и напредни технологии да се дојде до економски развој на земјата. Фокусот на годинешниот самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион, имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на...

Попоски и Дачиќ ја „заплескаа“ ЕУ за проблемите со мигрантите

Македонија се соочува со посебен проблем – наплив на мигранти „од ЕУ земји“, соопшти шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за време на прес-конференцијата во Виена одржана во рамките на самитот посветен на Западен Балкан. Попоски соопшти дека до неодамна, во Македонија секојдневно влегувале по 4.000 мигранти, а според последните проценки, во следниот период се очекува секојдневно да пристигаат по...

Западен Балкан ја победи ЕУ во фудбал – Груевски постигна два гола

Екипата на Западен Балкан го победи тимот на Европската унија (ЕУ) со 4 - 2, во фудбалскиот меч што синоќа се одигра во Виена, организиран во рамките на Самитот на Западен Балкан, кој овие два дена се одржува во австриската престолнина. Македонскиот премиер, во победата на Западен Балкан придонесе со два постигнати гола и асистираше при реализацијата на другите два. На...

ЕК одобри 1,5 милиони евра за бегалците во Македонија и во Србија

Европската комисија денеска одобри дополнителни 1,5 милиони евра хуманитарна помош за Македонија и за Србија за згрижување на бегалците и мигрантите. Еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес укажа дека „Западен Балкан настојува да се избори со засега најголем број бегалци и мигранти“ и затоа ЕУ и дава итна парична помош за Македонија и Србија. На утрешниот самит во Виена, како што наведоа од ЕК,...

Откажан самитот на ЕУ – шансите за спас на Грција се минимални

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска соопшти дека е откажан самитот на ЕУ кој вечерва требаше да се одржи поради грчката криза, а претставниците на 19 членки на еврозоната продолжуваат да преговараат за финансиски спас на Грција. Нешто порано, потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски, рече дека Комисијата оценила оти „изгледите се многу мали“ да за се одобри...

Грција нема да го пропушти рокот на ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по вчерашниот самит во Брисел, се упати кон Стразбур, каде се обрати пред Европскиот парламент и го образложи ставот на неговата земја. Ципрас порача дека неговата држава станала „лабораторија за мерките за штедење“. - Планот за спас е на сила пет години. Во ниту една друга земја програмата за штедење не траела толку долго - потсети тој. Ципрас побара...

Ципрас пред судбински 48 часа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го очекуваат најинтензивните 48 часа во нeговата премиерска кариера. Растргнат меѓу грчкото „не“ за строги мерки, притисоците од екстремното крило на СИРИЗА да не се прифатат европски притисоци, договорот и ветувањето до мнозинството од грчките политички сили дека ќе се постигне договор кој ќе ја задржи државата во еврозоната и строгите европски барања, Ципрас до...

Грција има пет дена да постигне договор со ЕУ

Шефовите на држави и на влади, кои се состанаа за да најдат решение за кризата во која се наоѓа Грција откако истече рокот за нова финансиска помош и беше организиран референдум на кој граѓаните ги отфрлија мерките за штедење, свикаа уште еден самит в недела, овојпат со сите 28 земји-членки, бидејќи вчеравечер не беше постигнат договор. Канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата...

Туск: Нема консензус во ЕУ за воведување квоти за мигрантите

Претседателот на Европската комисија, Доналд Туск, денеска соопшти дека не е постигнат консензус меѓу државите-членки на Европската унија за воведување квоти за прием на подносители на барање за азил. - Нема договор меѓу државите за воведување задолжителни квоти за мигрантите - изјави Туск на отворaњето на Европскиот самит, кој во најголем дел ќе биде посветен на миграциската криза. Туск ја поддржа...

Јапонија, Кина и Јужна Кореја на трилатерален самит оваа есен

Јапонија, Кина и Јужна Кореја планираат да одржат трилатерален самит оваа есен за ублажување на дипломатската напнатост во односите помеѓу тие земји. Самитот треба да се одржи помеѓу септември и ноември во Јужна Кореја. Истовремено, Токио и Сеул ја разгледуваат можноста за организирање на прва билатерална средба на јапонскиот премиер Шиноз Абе и јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе на маргините на тој...

Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги предупреди светски лидери на можноста борбата против тероризмот да не успее ако не се почитуваат основните правa. Ки-мун на самиотот Г7 во Германија рекол дека можеби ќе бидат потребни безбедносни мерки, па дури и воени акции, во борбата против насилните екстремисти. Меѓутоа, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека ако борбата против тероризмот...

Меркел постави амбициозна агенда на Самитот Г7

Во замокот Елмау, на околу 100 километри од Минхен, денеска почна дводневниот самит на шефовите на држави и на влади на Групата седум индустриски најразвиени земји - Г7, под мотото „Да се размислува долгорочно, да дејствуваме заедно“. Домаќинот на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел, предвидела амбициозна агенда за самитот, на кој ќе се разговара за тероризмот, ситуацијата во источниот дел...

Иванов на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони во Будва

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе учествува на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони, кој се одржува во Будва. Главни теми на годинешниот самит се проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе учествува на работната вечера на земјите-членки на Процесот Брдо - Бриони, ќе има обраќање...

ЕУ ќе ги уништува бродовите и ќе ги конфискува имотите на шверцерите на мигранти

Лидерите на Европска унија синоќа на вонреден самит договорија да го спречат бранот илегални мигранти „разбивајќи ги шверцерските мрежи, изведувајќи ги прекршителите пред суд, запленувајќи ги нивните имоти“ и „запленувајќи ги и уништувајќи ги бродовите пред шверцерите да ги искористат“. Ова е наведено во заедничкото соопштение на шефовите на држави или влади на ЕУ, кои предочиле дека тоа ќе биде направено со заедничко дејствување...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...