fbpx
Таг: САД

таг: САД

Седум лица настрадаа во поплави во САД

Најмалку седум лица загинаа, а шест се водат за исчезнати во поплавите во западните американски држави Јута и Аризона, каде синоќа водата однесе две возила во кои биле жени со деца. Три лица преживеале откако поплавата однела две возила, соопшти пожарникарот Кевин Брало. Тој рече дека е потврдено дека вечерва седум лица ги изгубиле животите, а шест се водат како исчезнати. Спасувачките...

Лидерот на Ал каеда повикува на нови напади на Западот

Лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири, на снимката, која е најверојатно стара два месеци, ги повикува младите муслимани да го напаѓаат Западот, особено САД. Тој посакува да се изведе терористичка акција по примерот на таа што ја извршија браќата Царнаев на бостонскиот маратон. Исто така, повикува на поголема слога и на соработка меѓу милитантите. Снимката на интернет се појави вчера, а...

САД ѝ подарија на Хрватска 16 борбени хеликоптери

Американскиот конгрес пред неколку недели ја одобрил испораката за Хрватска на 16 лесни разузнавачки борбени хеликоптери „кајова вориор“, информира хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Вкупната вредност на подарокот изнесува 100 милиони долари, а во следните три години хрватската армија ќе треба да плати околу 20 милиони долари за резервни делови, обука и за муниција за нив. Хеликоптерите се целосно модернизирани и ремонтирани...

Сенатот го одбри договорот за нуклеарната програма на Иран

Американскиот претседател Барак Обама го оцени како историски чекор исходот од гласањето на Сенатот за договорот за иранската нуклеарна програма. Во Сенатот, кој има 100 члена, против одлуката за одбивање на спогодбата за иранската нуклеарна програма гласаа 40 демократи и двајца независни сенатори, што е за еден глас повеќе од најмалиот број гласови потребни за спречување на усвојувањето на предлогот. -...

Американски функционери тврдат: ИД користи хемиско оружје во Сирија и во Ирак

Властите на Соединетите Американски Држави (САД) сè повеќе се убедени и веруваат дека милитантите на Исламска држава (ИД) прават и користат хемиско оружје во Ирак и во Сирија, изјавил за „Би-Би-Си“ функционер на САД. Според информациите, САД идентификувале најмалку четири случаи, на двете страни на ирачко-сириската граница, каде милитанти на ИД користеле иперит (sulfur mustard gas), во форма на прашок. Како...

Одбележување на 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон

САД денеска ја одбележуваат 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, извршени на 11 септември 2001 година. Во нападите со киднапираните авиони загинаа 3.000 лица. Во Пенсилванија денеска, по тој повод, е отворен меморијален центар посветен на жртвите од патничкиот авион „Јунајтед ерлајнс“, на летот 93, еден од четирите киднапирани авиони. Авионот не стигна до целта. Истрагата потврди дека...

Крводарителска акција во Амбасадата на САД

Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање преку организирање крводарителска акција и акција за собирање прехранбени продукти и други средства. Пред присутните, за време на дарувањето крв, ќе се обрати амбасадорот Џес Бејли, а тие што сакаат да даруваат, ќе можат...

Американски разузнавачи тврдат дека извештаите за ИД биле „фризирани“

Повеќе од 50 безбедносни аналитичари кои работат за Централната воена команда на Соединетите Американски Држави (САД) се пожалиле дека нивните извештаи за Исламска држава и за разгранокот на Ал каеда во Сирија биле несоодветно менувани од високи функционери на службите заради политички цели, објавува американскиот новински портал „Дејли бист“. Двајца аналитичари во „Сентком“, кои ја потпишале жалбата што во јули...

САД ќе примат 75.000 бегалци наредната година

САД планираат да го зголемат бројот на бегалци што ќе ги преземат иднатата година за 5.000, на вкупно 75.000, вклучувајќи неодреден број од Сирија, најавија американските власти. Државниот секретар Џон Кери на новинарите им изјавил дека САД се подготвени да преземат повеќе сириски беглаци кои бегаат од војната во нивната земја. Висок официјален претставник на Стејт депратментот рекол дека САД примиле околу...

Обама обезбеди поддршка во Сенатот за договорот за нуклеарната програма на Иран

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, ја доби потребната поддршка од членови на Сенатот за договорот за нуклеарната програма помеѓу Иран и шесте светски сили, чија имплементација, како што се предвидува, треба во голема мера да придонесе за геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток, пишуваат медиумите во САД. Сенаторката Барбара Микулски денеска објави дека ќе го поддржи...

„Вашингтон пост“: ЦИА и специјалните единици убиваат исламисти во Сирија

ЦИА и американските специјалните сили почнале тајни операции во Сирија, чија цел е ликвидација на таканаречената Исламска држава, која важи за посебно опасна територија, објави весникот „Вашингтон пост“. Според весникот, ЦИА и Заедничката команда за специјални сили пратиле дронови во Сирија, а резултатите од таа соработка се неколкуте неодамнешни напади на високи оперативци на ИД. Меѓу убиените е и британскиот милитант...

Картер: Северна Кореја нама шанси да ја победи Јужна Кореја

Северна Кореја нема никакви изгледи за воена победа над Јужна Кореја и над нејзините сојузници, изјави вчера американскиот министер за одбрана Ештон Картер, неколку дена откако се зголеми напнатоста на полуостровот. - Мораме да ги увериме Севернокорејците дека ќе следи одговор на секоја провокација и дека немаат никакви изгледи да ја победат Јужна Кореја и нејзиниот американски сојузник - рече Картер. САД...

САД: Имиграциската криза почнува да ја дестабилизира Европа

Имиграциската криза почнува да ја дестабилизира Европа, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест. Ернест коментира дека сегашните настани се доказ дека последиците од насилството во Северна Африка ги погодуваат не само директно погодените региони. Тој изрази жалење по повод злоупотребите на шверцерите е, кои заработуваат на грбот на очајните луѓе и додаде дека во секој мигрант треба да се бара...

Белата куќа бара од Конгресот да преземе нешто против оруженото насилство

Администрацијата на претседателот на Соединетите американски држави (САД), Барак Обама повторно го повика Конгресот да преземе акција и да донесе мерки за контрола на оружјето, откако вчера вооружен маж уби новинарка и снимател во американската сојузна држава Вирџинија. Пораката на администрацијата на Обама, ја пренесе прес-секретарот на Белата куќа, Џош Ернест. „Ова е уште еден пример дека оруженото насилство станува премногу...

Убиецот на двајцата новинари во САД се застрелал

Вооружениот маж осомничен за убиството на двајцата новинари во американската сојузна држава Вирџија се застрелал самиот неколку часа по инцидентот, пишува „Хафингтон пост“, повикувајќи се на информации од полицијата. Тој бил идентификуван како Вестер Ли Фланаган, на возраст од 41 година, кој до пред извесно време работел како репортер во истата телевизија како и жртвите, односно WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“...

САД: Убиени новинарка и снимател при пренос во живо

Вооруженo лице денеска уби двајца американски телевизиски новинари додека вршеле пренос во живо во американската држава Вирџинија, потврди нивната телевизиска куќа. Убиени се 24-годипшната Алисон Паркер и 27-годишниот Адам Ворд, новинарка и снимател на локалната телевизија  WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“. На снимката, која ја снимил камерманот пред да биде убиен, прво се слуша пукање, а потоа камерата паѓа на земја и...

САД ќе прими една до две илјади бегалци од Сирија

САД би требало следната година да примат меѓу пет и осум илјади сириски бегалци, објави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Џон Кирби. - Вашингтон би требало на своја територија да прими меѓу една и две илјади сириски бегалци оваа година и меѓу 5.000 и 8.000 следната година – рече Кирби. Шефот на УНХЦР, Антонио Гутерес во јули соопшти дека...

Чавушоглу: Турција и САД ќе започнат операција против ИД

Турција и САД ќе преземат „опширни“ воздушни напади против борците од Исламска држава во северна Сирија, долж границата со Турција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Разговорите меѓу Вашингтон и Анкара за деталите на планот се завршени во неделата и во операциите можат да учествуваат регионалните сојузници како Саудиска Арабија, Катар и Јордан, Велика Британија и Франција. – Техничките...

Кинеската економија предизвика остри падови на светските берзи

Берзите ширум Соединетите Американски Држави (САД) и Европа денеска бележат остри падови откако забавувањето на кинеската економија предизвика паника кај инвеститорите, јавуваат светските медиуми. Кинеската берза во Шангај синоќа го имаше најлошото затворање од 2007 година, со пад на тргувањето од 8,5 проценти, што преку ноќ предзвика пад на акциите ширум Азија. Тргувањето со акции на Дау Џонс на Вол Стрит...

Убиен е вториот човек на Исламска Држава

Белата куќа синоќа соопшти дека вториот човек на екстремистичкјата организација Исламска држава, Фадил Ахмад ал-Хајали е убиен за време на воздушните напади во Ирак, предводени од САД. Според соопштението на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Ал-Хајали е убиен во вторникот кај Мосул, северен Ирак, додека се возел во автомобил. Како заменик Абу Бакра ал Багдади, на лидерот на ИД,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...