fbpx
Таг: САД

таг: САД

Трамп: Ако победам, ќе ги вратам сириските бегалци дома

Доналд Трамп, кој е во трка за претседателски кандидат на републиканците, изјави дека ќе се заложи за враќање на илјадниците сириски бегалци во нивната земја, доколку биде избран за претседател на САД. Изјавата на Трамп доаѓа откако Русија соопшти дека нејзините воздухопловни сили почнале да изведуваат напади во Сирија против припадниците на Исламска држава. Трамп оцени дека интервенцијата би можела да...

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и талибанците околу градот Кундуз

Жестоките борби околу градот Кундуз, во северниот дел на Авганистан, продолжиле и ноќеска, еден ден откако авганистанските безбедносни сили почнаа акција за да го повратат градот што во понеделникот беше заземен од талибанците, јавуваат светските агенции. Официјални лица од војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопштиле дека синоќа извршиле два нови воздушни напади врз позициите на талибанците. Како што јавуваат медиумите, вчера...

САД: Во сојузната држава Џорџија извршена првата смртна казна врз жена по 70 години

Судските власти во американската сојузна држава Џорџија вчера ја извршиле смртната казна врз 47-годишната Кели Гисенднер и покрај бројните апели од разни здруженија во САД кои се против овој вид казни, јавуваат светските медиуми. Кели Гисенднер е првата жена во сојузната држава Џорџија врз која е извршена смртна казна во последните 70 години. Нејзините адвокати, како што пренесуваат медиумите, поднеле три...

Груевски и Ципрас разговарале за името во Њујорк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас имаше куса средба со својот македонски колега Никола Груевски во Њујорк околу спорот за името. Информацијата ја пренесува грчкиот весник „Реал“, посочувајќи дека двајцата премиери поразговарале за време на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, во чест на светските лидери што учествуваат на Генералното собрание на Обединетите нации. Ципрас за време на средбата побарал од Груевски да...

Воздушни напади врз авганистанскиот град Кундуз

Војската на САД соопшти дека утринава извршила воздушни напади на Кундуз, град на северот на Авганистан, каде талибанците вчера зазедоа голем дел од територијата. Талибанските борци во координирани напади зазедоа повеќе од половина од Кундуз, стратешки важен град во Авганистан. Тие зазедоа неколку државни институции во градот, вклучувајќи ги болницата и зградата на судот, а подигнаа и знаме во центарот на...

Нападната американската амбасада во Узбекистан

Непознат напаѓач фрлил две импровизирани запаливи направи на Амбасадата на САД во узбекистанскиот главен град Ташкент, соопштија од американската амбасада. Една од запаливите направи експлодирала, но никој не е повреден во нападот кој се случил рано наутро на 28 септември. Мерките за безбедност се зголемени, но дипломатската мисија „повеќе не е во состојба на опсада и нормално работи“. Истрагата е во тек.

Кастро ги повика САД да го укинат трговското ембарго за Куба

Кубанскиот претседател Раул Кастро, на Генералното собрание на ОН, рече дека односите меѓу Куба и САД ќе се нормализираат доколку официјален Вашингтон преземе одредени мерки, вклучувајќи и укинување на трговското ембарго. Кастро, исто така, рече дека е неопходно САД да ѝ ја врати на Куба воената база Гвантанамо и да стави крај на емитувањето антикомунистички пораки на островот. Американскиот претседател Барак...

Груевски и владина делегација во посета на САД

Премиерот Никола Груевски и владина делегација, од вчера престојуваат во посета на Соединетите Американски Држави. Во рамките на посетата, премиерот Груевски и владината делегација ќе учествуваат и ќе се обратат на бизнис-форуми за претставувањето на погодностите што ги нуди нашата земја за реализација на странски инвестиции и за отворање нови работни места. Предвидени се и средби со дијаспората во повеќе градови....

Саудиски принц уапсен во Лос Анџелес за сексуално насилство

Саудискиот принц Маџид Абдулазиз ал Суад во средата е уапсен во Лос Анџелес под обвинение за сексуално насилство врз една од своите слугинки. Како што соопшти полицијата во Лос Анџелес, 28-годишниот принц е пуштен на слобода откако платил кауција од 300.000 долари. Весникот „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата упаднала на имотот на принцот, откако еден од соседите пријавил дека забележал...

Македонец почина гол во затвор во САД

Во ужасни услови, во затвор во Детроит, почина 32-годишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници. Давид бил осуден на 30 дена затвор за казна од 772 долари поради непрописно возење, што не можел да ја плати, а веќе 17. ден починал во една од ќелиите, гол и во лоша здравствена состојба, без медицинска помош. За само 17 дена ослабел 25...

Путин и Обама ќе имаат средба пред Генералното собрание на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин ќе има билатерална средба со американскиот претседател Барак Обама за време на Генералното собрание на ОН, соопшти денеска Дмитри Песков од прес-службата ма Кремљ. - Средбата со Обама веќе е координирана – рече Песков, додавајќи дека Путин ќе има средба и со јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Претходните извештаи навестуваа дека двајцата лидери ќе се сретнат за да...

Кери ја критикуваше руската поддршка за Асад

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека руската воената поддршка на силите на Башар ал Асад може да го зголеми ризикот за судири со коалицијата за борба против Исламска држава. Кери, за италијанскиот весник „Стампа“, рече дека му порачал на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, оти САД се загрижени поради воената поддршка на Москва на Асад во сириската граѓанска војна,...

Кина купува 300 авиони од „Боинг“

Кинески компании и американскиот произведувач на авиони „Боинг“ склучиле договор за купување 300 авиони и за изградба на фабрика за склопување авиони во Кина, јави денеска кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. Договорот за купување авиони е потпишан откако кинескиот претседател Кси Ѓинпинг допатува во прва официјална посета на САД. Во извештајот на агенцијата не се наведува ниту вредноста, ниту на моделот на...

Обама прогласи вонредна состојба поради пожарите во Калифорнија

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба утринава, поради големиот шумски пожар во областа Лејк Каунти, во Северна Калифорнија, кој уништи 1.200 куќи и усмрти три лица. Врз основа на прогласената вонредна состојба, претседателот на САД ги стави на располагање федералните фондови за расчистување и за реконструкција, вклучувајќи ги и средствата за привремено сместување на населението и за поправка на...

Папата Франциск пристигна во САД

Папата Франциск пристига на воздухопловната база Ендрус, кај Вашингтон, каде беше пречекан од американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и од нивните сопруги. Папата пристигна во Соединетите Американски Држави по посетата на Куба. Папата Франциск денеска во Вашингтон ќе одржи прва масовна церемонија на територијата на Соединетите Држави, по што ќе има и обраќање во Конгресот. Тоа ќе биде прво...

Шест лица загинаа во пожарите што беснеат во Калифорнија

Огромниот пожар што беснее на северот на Калифорнија однесе една жртва и билансот сега изнесува шест мртви, додека 10.000 згради се загрозени, соопштија синоќа американските власти. Пожарот кај Ташахаре, јужно од Сан Франциско, однесе една жртва, додека пет загинале во други два пожари, исто така во Калифорнија. Бројот на мртвите може да се золеми затоа што властите сè уште се обидуваат да влезат...

Делегација на Националната гарда на Вермонт во посета на Македонија

Во посета на Армијата на Македонија престојува делегација на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од нејзиниот командант, генерал мајор Стивен Креј. По разговорите со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, воената делегација на Националната гарда ќе го посети Собранието на Македонија.

Величковски: АРМ овозможува брз транзит на мигрантите низ Македонија

Во Охрид денеска и утре се одржува 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД. Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Методија Величковски, на отворањето рече дека целта е да се согледаат и да се утврдат здружените напори во постигнување на партнерските цели на НАТО и способностите на силите. – Темите...

Кери: Москва предлага воени преговори со САД за Сирија

Русија предложила воени преговори со САД за Сирија, а Вашингтон ги разгледува следните чекори, соопшти денеска американскиот државен секретар, Џон Кери. Кери разговарал со Белата куќа и со Пентагон за предлогот кој следел по неговиот неодамнешен разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. - Русите предлагаат... да одржиме воени преговори... за да разгледаме што точно да се направи за да...

Обама: Изјавите протов имигрантите се антиамерикански

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ставовите против имигрантите кои ги изнесоа некои кандидати за време на претседателката кампања, не се својствени за Американците и за САД. - Тоа чувство насочено против имигрантите во тековната политичка дебата е спротивно на тоа што ние го претставуваме – рече Обама, кој никого не именуваше, но алудираше на канидатот за претседателска номинација Доналд Трамп. Трамп...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...