fbpx
Таг: САД

таг: САД

Не е точно дека Си-ен-ен го редуцирала медиумското покривање на руската инвазија врз Украина

Си Ен Ен ја следи воената инвазија на Русија врз Украина со директно присуство на свои екипи и секој ден пласира информации од терен за состојбата во Украина. Тоа не се промени ниту откако новиот конфликт го вознемири светот. Вистиномер го анализираше известувањето на Си Ен Ен од 10 до 17 октомври (една недела наназад од денот на објавата...

Американско разузнавање: Во нападот на болницата во Газа загинале помеѓу 100 и 300 лица

Американската разузнавачка заедница проценува дека во нападот во болницата Ал Али-Араб во Газа најверојатно се убиени помеѓу 100 и 300 лица, пренесе Франс24. Овие бројки се далеку пониски од речиси 500-те смртни случаи за кои првично јавија здравствените власти во Хамас. „Сè уште ги проценуваме бројките за веројатните жртви и нашата проценка може да се развива, но оваа бројка на загинати...

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите државјани или постојани жители кои ја финансираат оваа милитантна група, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Бајден побара „витална“ воена помош за Украина и Израел

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека светската историја е на „точка на пресврт“, истакнувајќи ги заложбите за, како што ја нарече, „паметна инвестиција“ од милијарди долари воена помош за Украина и Израел. Во говор во Белата куќа, Бајден рече дека Хамас и Русија сакаат да ја уништат демократијата во соседните земји, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател рече дека до Конгресот ќе испрати...

Не е вистина дека Олена Зеленска потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит во Њујорк

Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминаа во Вашингтон каде што беа на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија...

Цитат на Хенри Кисинџер поврзан со настаните во Виетнам, атрибуиран на Махатма Ганди

Цитатот е од ноември 1968 година, откако Ричард Никсон е избран на претседател на САД. Оригиналниот цитат е забележан од страна на Вилијам Ф.Бакли во журнал на Обединетите Нации, се атрибуира на Хенри Кисинџер и гласи: „На Никсон треба да му се каже дека веројатно целта на Клифорд (секретар за одбрана на Џонсон) е да го смени Тиеу (претседателот на...

Бајден: Поддршката за Израел е непоколеблива, граѓаните имаат право да се бранат

Најмалку 200 луѓе се убиени во Израел откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, информира израелската служба за итни случаи за спасување, пренесе Си-Ен-Ен. Дополнително, израелското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 1.452 лица се ранети. Американскиот претседател денеска од Белата куќа изјави дека поддршката на САД за Израел е непоколеблива и цврста. Нема информации за тоа каде...

Бајден сепак ќе гради дел од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико

Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ќе изгради дел од ѕидот на границата меѓу Тексас и Мексико. Бајден изјави дека не сака да продолжи со градбата, но дека веќе биле одвоени средствата во 2019 за време на претседателството на Доналд Трамп, известува Би-би-си. Граничниот ѕид беше клучен дел од ветувањата на Трамп за време на неговата кампања. На крај,...

Спикерот на Претставничкиот дом на САД разрешен, за првпат во историјата

Сите демократски и осум републикански претставници изгласаа да се тргне од својата позиција спикерот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Ова е првпат во американската историја да биде разрешен спикер на Претставничкиот дом. Одлуката беше ставена на гласање од страна на Мет Гејц, конгресмен од поконзервативното крило на републиканската партија. Главната причина за недовербата кон Мекарти лежеше во неговиот...

Почнува пријавувањето за Лотаријата за зелена карта за САД за 2025 година

Од 18 часот денеска, сите заинтересирани ќе може да се пријавуваат за Лотаријата за зелена карта за САД за 2025 година, информира американската амбасада во Скопје. Рокот за пријавување е 18 часот на 7 ноември годинава. Кандидатите може да се пријават на официјалната веб страница, на која има целосни инструкции. Учеството во лотаријата е бесплатно. Кандидатите може да се пријавуваат лично или...

Доналд Трамп се појави на судењето за измама, загрозена е неговата бизнис империја

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп утрово излезе со обвинувања кон судија и кон државниот обвинител на Њујорк кој пак го обвини него за организирање на долгогодишна измама со цел да го зголеми своето богатство за дури 2,2 милијарди американски долари. Денеска е првиот ден од судењето за измамата кое би можело Трамп и неговиот семеен бизнис да ги чини стотици...

Млади новинари од Фондацијата „Метаморфозис“ беа на студиска посета во САД

Двајца практиканти во медиумите на Фондацијата „Метаморфозис“, Мета.мк и Портaлб.мк, заедно со двајца претставници на фондацијата, изминатиот период беа дел од еднонеделна студиска посета во Вашингтон, САД. Посетата ја организираше Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) кои се повеќегодишни партнери на Метаморфозис. Покрај средбите кои новинарите ги имаа со претставници на Меѓународниот центар за новинари, тие беа во посета и на...

Второ претседателство на Трамп е закана за демократијата, предупреди Бајден

Американската демократија е загрозена од одмаздољубивиот Доналд Трамп, предупреди вчера американскиот претседател Џо Бајден пред неговите поддржувачи и пред претстојната кампања за претседателските избори во САД. Трамп е негов веројатен противник следната година, пишува Гардијан. Соочен со стагнација на рејтингот и грижи за неговата возраст, американскиот претседател се обиде да ги раздвижи своите поддржувачи и да ги анимира неопределените гласачи со...

Кучето на Бајден касна уште еден чувар во Белата куќа, единаесетти по ред

Двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џо Бајден каснал уште еден агент на Тајната служба. Нападот се случил во понеделникот вечерта, а на службеникот му била укажана помош на местото на настанот, се вели во вчерашното соопштение на Тајната служба што го пренесе Би-би-си. Ова е единаесетти пат кучето Командер да касне чувар во Белата куќа или во домот...

САД се согласија да ѝ достават на Украина ракети со долг дострел

САД се согласија да испратат ракети со долг дострел во Украина како воено засилување за украинските сили. Станува збор за армиските тактички ракетни системи ATACMS, кои ќе им овозможат на украинските сили да ја таргетираат руската воена логистика подалеку од линијата на фронтот, пишува весникот Гардијан. Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот лидер Володимир Зеленски на приватна средба...

САД со нова воена помош за Украина во висина од 325 милиони долари

„Доколку не добиеме помош, ќе ја загубиме војната“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на САД. Американските власти одлучија на Украина да ѝ доделат нова воена помош во висина од 325 милиони долари, пренесува Гардијан. Сепак, како што пишува британскиот весник, се поставуваат и прашања за текот на американските долари кон Украина, односно како тие во изминативе...

Одлуката за војна или мир во Украина не била во рацете на НАТО и Америка

Тоа што Путин испратил барање до НАТО да не се проширува кое било одбиено, односно таков драфт договор не бил потпишан од страна на НАТО, не ја префрла воената одговорност врз НАТО.  Столтенберг, наспроти изнесеното во објавата, не признава дека НАТО можел да ја спречи војната со ставање крај на проширувањето, туку во видеото кажува дека тоа е неприфатливо,...

Ковачевски – Ескобар: Нашиот европски пат е силно поддржан од САД

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамките на работна посета на Њујорк, се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На состанокот на премиерот Ковачевски со високиот претставник на САД, Ескобар, разговарале за актуелни прашања од значење за стратешкото партнерство...

Мировниот корпус спроведува проекти за развој на заедниците, не промовира трансхуманистички вредности

Обавата промовира непријателски наратив и ги демонизира волонтерите на американскиот Мировниот корпус во земјава. Според официјалната страница на Мировниот корпус, 800 волонтери досега работеле во училиштата низ државата, во општините, во граѓанските организации и во државните институции за да помогнат во развојот на заедниците. Во објавата се тврди дека тие доаѓаат да промовираат трансхуманистички и родови вредности, што воопшто...

Петровска на воено-дипломатски прием во македонската амбасада во Вашингтон

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на работната посета на Соединетите Американски Држави во амбасадата во Вашингтон, порача дека нашата држава денеска треба да го обезбеди својот европски пат и се заблагодари за поддршката од нашиот стратешки партнер – САД, во развојот на демократијата и зацврстувањето на мирот. Таа се обрати на свечениот прием во чест на Денот на...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...