fbpx
Таг: рушење

таг: рушење

Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на инспекторите, констатирано е дека градежните активности се вршат незаконски, но сепак од Општина Чаир велат...

Почна рушењето на дивоградбите на плажите кај Канео, следни се Градиште, Свети Стефан и Далјан

На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. Вчера истече рокот којшто Општина Охрид им го даде на сопствениците на објекти на потегот на крајбрежјето кај населбите Канео и Далјан, како и делот од „Свети...

Општина Охрид го руши нелегално изградениот ѕид на плажата во Градиште

Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески информира дека градежен, комунален и инспектор за животна средина утрово извршиле увид, по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување на изградениот ѕид. „Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, информира...

Мерко: Во заштитената зона на Охридското езеро во Струга нема дивоградби

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко стои цврсто на тврдењето дека нема ниту една дивоградба во заштитениот појас на Охридското езеро во оваа општина. Струшката локална самоуправа го проби рокот за изработка на регистар на бесправно изградени објекти, кое како задолжение го доби од Владата како дел од препораките на УНЕСКО. Од октомври, кога требаше да биде завршен инвентарот, до...

Бројот на жртви во Џенова се зголеми на 35, 16 лица се повредени, а десетина исчезнати

Италијанските власти потврдија дека бројот на загинатите при уривањето на надвозникот кај Џенова се искачи на 35, меѓу кои има и три деца, а 16 луѓе се во тешка состојба. Десетина се водат за исчезнати. Во Лигурија денеска ќе биде прогласена вонредна состојба. Според официјалните соопштенија во моментот на уривањето, на мостот се наоѓале 30 до 35 возила. Дел од...

Бројот на жртви при уривањето на мостот во Џенова се зголеми на 22 лица

Бројот на жртвите при уривањето на мостот во италијанскиот град Џенова се зголеми на 22 лица. Според италијанскиот заменик- министер за сообраќај, Едоардо Рикси, бројот на жртви ќе продолжи да расте. - Неприфатливо е толку важен мост да не биде изграден на начин за да се избегне ваков вид на колапс. Се урна централниот дел на надвозникот, а најмалку 20 возила...

Најмалку 11 лица загинаа при уривањето на мостот во Џенова

Министерството за внатрешни работи на Италија потврди дека 11 луѓе загинале при уривањето на мостот во италијанскиот град Џенова, денеска за време на силна бура проследена со пороен дожд. Италијанските власти стравуваат дека бројот на жртви ќе расте. Министерот за транспорт, Данило Тонинели, го оквалификува инцидентот како „огромна трагедија“. Пожарникарите тврдат дека при уривањето уништени се околу 20 автомобили. На местото на несреќата...

Се урна мост во Џенова, нема информации за повредени и загинати

Мост кој е дел од автопатот А10 се урна во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти полицијата, и се стравува дека под урнатините има луѓе и автомобили. Мостот е висок околу 100 метри, а весникот „Кориере дела сера“ објави дека под него има затрупани луѓе. „Ла Република“ објави дека тој дел од градот е густо населен. Фотографиите од местото на настанот...

ВМРО-ДПМНЕ: Да се гради Универзална сала, а не да се фрлат 8 милиони евра за уривање на галиите

Скопскиот градоначалник Коце Шилегов не сака да даде пари за реконструкцијата на Универзална сала, но затоа е подготвен да даде 8 милиони евра за рушење на галиите, за кои не се потрошени ниту евро народни пари, рече на прес-конференција Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. - Со ова непромислено трошење на 8 милиони евра за рушење...

ВМРО-ДПМНЕ: Сè што СДСМ ќе урне, ќе го обновиме кога ќе се вратиме на власт

ВМРО-ДПМНЕ порача вечерва дека сè што СДСМ „ќе урне и ќе уништи од она што е создадено, веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било“. Опозициската партија се закани и дека ќе се бара одговорност за секој што ќе учествува во разни уривања, уништување или преместувања. Во соопштението партијата порачува дека отстранувањето...

Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се повредени во стампедо во Индија

Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се повредени во стампедо на железничка станица во финансискиот центар на индискиот град Мумбај, соопштуваат од локалната болница. https://twitter.com/INCMaharashtra/status/913667668476964864 Од полицијата велат дека стампедото било предизвикано од информација за уривање на надвозник, откако парчиња бетон почнале да паѓаат врз луѓето, а хаосот настанал кога луѓето побрзале да го поминат мостот. https://twitter.com/bsindia/status/913661225455833089 Полицијата сè уште го истражува случајот.

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Лезбос, едно лице загинало

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Лезбос, при што едно лице загинало, а повредени се десетина лица при уривање на стари куќи, јавуваат грчките медиуми. Локалните власти соопштиле дека телото на починатата жена било пронајдено во селото Вриса. Службите на противпожарната единица информирале дека немале повеќе информации за исчезнати лица. Епицентартот на земјотресот бил...

Вучиќ: Не ме загрижува Харадинај туку молчењето на Европа

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека го загрижува молчењето на Европа во однос на тоа што во последно време го порачуваат Албанците, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Коментирајќи ја најновата порака што му ја упатил поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај, „да не си игра со Албанците“, Вучиќ на новинарите им изјавил дека на Албанците им подал рака, но...

Во авионска несреќа во Лисабон загинаа пет лица

Мал авион денеска се урна во населено место во Лисабон, во близина на супермаркет. Според пишувањата на медиумите, загинале пет лица, од кои четворица кои биле во авионот и едно лице кое се нашло на местото на несреќата. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот, кој е се наоѓа на дваесетина километри западно од Лисабон. Пилотот на авионот бил Швајцарец, а патниците Французи.

Неколку илјади луѓе во Белград протестираат поради Савамала

Неколку илјади луѓе се собраа синоќа пред градското обрание на Белград на протест поради нелегалното уривање објекти во населбата Савамала, заради изградба на проектот „Белград на вода“. Протестот беше одржан под слоганот „Нема страв, нема предавство“, а беше завршен со прошетка низ градските улици до зградата на Вишото јавно обвинителство, кое ни по пет месеци не ја завршило истрагата за случајот...

Две згради се срушија во Истанбул

Две згради се срушија во центарот на Истанбул. Властите засега немаат информации дека под урнатините се наоѓаат луѓе, пренесуваат турските медиуми. Првичните информации укажуваат дека една од зградите во моментот на уривањето била празна, но урнатините ги затрупале околните дуќани, во кои во тој момент имало луѓе. Властите веруваат дека нема жртви ниту повредени во несреќата.

Десетина мртви во пад на мал авион во Индија

Десет лица загинаа кога авион на индиските погранични безбедносни сили се урнал недалеку од аеродромот во Њу Делхи, соопштија официјални лица. Во авион од типот „супер кинг“, кој летал од Њу Делхи за Ранчи, имало осум инженери и двајца пилоти. Истрагата за падот на aвионот е во тек.

Се урива филмскиот град во Битола

Се уриваат градбите во поранешната касарна во Битола, каде локалната власт го градеше проектот „Битола филмски град“, објави денеска битолската опозиција. Овој проект беше еден од поекспонираните на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, уште за време на неговиот прв мандат. Битолската опозиција, тргнувајќи од најавите на градоначалникот Талески дека за овој проект ќе бидат потрошени 1,6 милиони евра, побара одговор од него...

Десет мртви по пад на грчки воен авион во Шпанија

Десет лица погинаа, а 13 се повредени откако грчки воен авион од типот Ф-16 се срушил во воената база на НАТО, на југот од Шпанија, соопшти шпанското министерството за одбрана. Авионот се срушил при полетувањето, во центарот за обука во базата Лос Ланос во Албасете, 262 километри југоисточно од Мадрид. „Авионот кој учествувал во НАТО-програмата, изведувал вежба, но во текот на полетувањето, изгубил сила...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...