fbpx
Таг: роми

таг: роми

Иванов го честита Меѓународниот ден на Ромите

Преку ангажман на надлежните институции и нагласување на неопходноста од едукација на лицата кои живеат во недоволно развиените подрачја, ќе се подобрат условите за живот, порачува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во својата честитка до македонските Роми по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. „По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, дозволете ми на...

Блокада на улицата Борис Трајковски попладнево во Скопје

Од 17 до 18 часот денеска ќе биде блокирана улицата Борис Трајковски поради протест. Блокадата ја прават жители на скопската населба 11 Октомври, кои на овој начин сакаат да изразат незадоволство од институциите, кои, како што велат, не преземаат ништо да ги спречат проблемите што ги имаат со околу 200 Роми кои се населени во старите бараки на ГП...

Усеин: Земјите аспиранти за ЕУ да ги прилагодат буџетите за интеграција на Ромите

Јавното финансирање и распределбата на буџетот за ромското население во земјите од Западен Балкан беше тема на дводневен собир во Скопје, во организација на Регионалниот совет за соработка, меѓувладино тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. „Сите земји кои тежнеат кон Европската Унија имаат заедничка одоговорност кон Ромите и треба да преземат конкретни чекори за нивна интграција...

Вклученоста на Ромите во образовниот процес е значително подобрена, велат невладините организации

Состојбата на Ромите и нивното вклучување во образованието етапно се подобрува, како резултат на проектите што ги спроведуваат невладините организации, сметат учесниците на тркалесната маса „Подобрување на состојбата на Ромите во образовните процеси“. Од невладината „Сонце“ велат дека бројката на Роми што се запишуваат во основно и во средно образование е многу зголемена. Ваквиот став го делат и други невладини организации што учествуваа...

Туманоска: Лицата со здравствени проблеми и Ромите се отфрлени од пазарот на трудот

„Секој може и има право да биде вработен“ е насловот на панел-дискусијата што денеска се одржа на Државниот универзитет Тетово. На дискусијата беше презентиран проект наречен социјално менторство. Проектот ќе опфаќа обуки на лица кои се под ризик од социјална исклученост од пазарот на трудот. - Ова категорија граѓани ќе бидат под надзор на центрите за вработување и за социјална работа. Ќе им...

Свилановиќ: Интеграцијата на Ромите е услов за проширување на ЕУ

Прашањето за позицијата и за интеграцијата на Ромите во државите од Западен Балкан и во Турција е услов на Европската Унија за проширувањето и е важно прашање за сите земји од регионот, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, во Виена. Зборувајќи на отворањето на дводневниот регионален собир на претставници на националните контакт-центри за Ромите и на...

За Ромите во Македонија правдата е научна фантастика

Отсега неправдите и прекршувањето на основните човекови права врз ромската популација во Македонија ќе можат да се пријават на веб-платформата „Ромамап“, која денеска ја промовираше Хелсиншкиот комитет за човекови права. Проектот е финансиран од Амбасадата на Германија во Македонија, а во проектот се вклучени и неколку граѓански здруженија, кои работат на проблемите со кои се соочуваат Ромите кај нас. -...

Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација

Шведскиот суд ѝ наложи на владата да исплати 3.200 евра како надомест за 11 Роми, кои покренале тужби за дискриминација затоа што полицијата собирала информации за нив. Шведскиот весник „Дагенс нихетер“ објави дека полицијата на југот на Шведска собирала информации за илјадници Роми, иако многу од нив не биле осомничени за сторен криминал. Полицијата негирала дека правела база на податоци на...

Конкретен напредок во инклузијата на Ромите, услов за влез во ЕУ

Земјите аспиранти за влез во ЕУ, пред да станат дел од клубот, ќе мораат да докажат конкретен напредок во инклузијата на Ромите во своите општества, изјави денеска во Брисел еврокомесарот Јоханес Хан. Изјавата на Хан е дадена на промоцијата на иницијативата „Интеграцијата на Ромите 2020“, поведена од Европската комисија, Советот за регионална соработка (РСС, интервладино тело на Процесот за соработка во...

Ликовнa изложба на уметници Роми од Унгарија

Денеска, со почеток од 14 часот, во ликовниот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија. Организатори на настанот се Општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија. На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници. Најавено е на отворањето да присуствуваат и да се обратат...

Изгоре привремениот дом за бездомници во Штип

Педесетина Роми, од кои повеќе од половината се деца, првиот ден од новата година го поминуваат на отворено откако рано изутрината, пред 5 часот, пламна зградата на поранешното невро-психијатриско одделение на Клиничката болница во Штип, во која привремено живеат. Огнот пламнал од покривот и од влезната врата кога станарите спиеле, а 14 семејства брзо излегле надвор. Но, според нивното сведочење,...

Прославен Меѓународниот ден на човековите права во Тетово

Со настапи на музички групи и со уметнички перфоманси, во Тетово беше одбележан Меѓународниот ден на човековите права. Организатори на настанот, кој се одбележа на градскиот плоштад, беа „ЛГБТ јунајтед“ од Тетово и ромската организација „Романо авази“, кои како најдискриминирани заедници, одлучија јавно да проговорат за проблемите со кои се соочуваат. - Боли сè уште што имаме активни кланови, говор на...

Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „Денешниот 8 Април, за жал, за граѓаните Роми во Македонија е потсетување на другата крајност во која живее ромската заедница во земјава последниве години: несовесно потценети, уценувани, подложени на незаконски притисоци за остварување на законските права на социјална заштита, образование,...

Премиерот Груевски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите

Премиерот Никола Груевски им го честиташе 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската етничка заедница. „На овој ден, Македонија ја обележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија. Со Вашата единствена и препознатливa култура, Вие ја збогатувате разноликоста по која нашата држава е препознатлива. Силата на нашата земја...

ПЦЕР ќе поднесе кривична пријава за дискриминација против владини функционери

По објавените аудиоснимки во кои се навредува ромската популација, Партијата за целосна еманципација на Ромите најавува кривична пријава против министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски. Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, бара другите партии на Ромите кои се во Владата да дадат согласност за кривичната пријава. - Јавно ги повикувам лидерите на ромските партии...

„Романо Авази“: Владата да им се извини на Ромите

Здружението за зајакнување и за организирање на ромската заедница „Романо Авази“ е згрозено по објавувањето на последната „бомба“ од лидерот на опозицијата во Република Македонија. Тие бараат од Владата на Република Македонија јавно да се извини на Ромите за она што цела јавност го слушна. „Во објавените снимки од телефонските разговори, во јавноста се обелодени дека на власта секогаш ѝ...

Поплавените штипјани добија пари од Владата

117 домаќинства и 9 правни субјекти добија повеќе од два милиони и 600.000 денари обештетување од Владата, што е 15 отсто од претрпенaата штета, потврди Лазар Соколовски од општинската администрација. По интензивните дождови минатата година, на 25 и на 26 февруари пукна земјената брана кај Пишица, по што водата се излеа од реката Брегалница. Настрадаа домовите во штипско Ново Село, а во дивата населба...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...