fbpx
Таг: роми

таг: роми

Со 900.000 евра европски пари, ќе се подобрат условите за живот на ромските семејства во Прилеп

Со приближно 900.000 евра, средства од ИПА2-програмата на Европска Унија и финансиска поддршка од Владата, ќе се подобруваат условите за живот на ромските домаќинства во Прилеп од почеток на овој месец. Лидер на проектот е италијанската граѓанска соработка „ЦЕЛИМ“ (Centro Laici Italiani per le Missioni) од Милано, а Општина Прилеп и Ромски ресурсен центар се ко-апликатори во проектот. Градоначалникот на Прилеп,...

Владата најави легализација на домови и изградба на нови живеалишта за Ромите, проекти вредни 3,2 милиони евра

Започнува реализацијата на проекти за домување на Ромите за што ќе бидат искористени четири гранта во вредност од околу 3,2 милиона евра за период од три години. Станува збор за општините Прилеп (населба Тризла), Битола (населба Баир) и ромските населби во Штип, Берово и Кичево. Ова го најави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со  министерката за труд...

Полицијата малтретирала двајца Роми во 2014, Судот во Стразбур пресуди земјава да исплати отштета

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на двајца Роми, кои во 2014 година биле малтретирани од страна на полицијата во Скопје. Двете лица, кои тогаш имале 16 односно 13 години ќе добијат надомест на штета во износ од 7.500 евра поединечно, објави Европскиот центар за права на Ромите, кој ги застапуваше двете лица пред Судот во...

Хелсиншки комитет и Аваја бараат МВР да го реши последниот случај со полициска бруталност врз Роми во Битола

Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со Македонското здружение на млади правници, преку заеднички проект ангажираа адвокат за последниот случај за кој вчера извести ромската организација АВАЈА, а е поврзан со индикации за полициска бруталност, но и со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници. Според АВАЈА, овојпат полицијата употребила прекумерна сила врз повозрасна Ромка и нејзиниот син. https://www.facebook.com/avaja.org/posts/693314874914704 „Синот...

Фондацијата Отворено општество – Македонија донира 100.000 долари за најзагрозените ромски семејства

Пакети со храна и средства со хигиена со вкупна вредност од 100.000 долари ќе бидат распределени на најзагрозените ромски семејства во земјава, кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза, соопшти Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), која ја донираше оваа сума. „Во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа нашето општество и јавното...

К’нев: ВМРО-БНД со сталинистички методи бара забрана на Бугарскиот Хелсиншки комитет

Националистичката ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познатиот негатор на македонскиот национален идентитет, на крајот на минатиот месец почна битка против Бугарскиот Хелсиншки комитет (БХК), барајќи од Главниот обвинител на Бугарија да ја забрани оваа граѓанска организација, велејќи дека „БХК со своите дејствија ставала во ризик бугарски граѓани и го нарушувала доброто име на Бугарија пред меѓународните институции“. Досега над 70 бугарски...

Прво организирано претставување на ромски писатели на Саемот на книгата во Франкфурт

Годинашното издание на Саемот на книгата во Франкфурт, веројатно најзначајната манифестација од овој вид во светот, ќе биде одбележан со огромна новост: на големиот штанд „Gipsy Pavilion“ ќе се случи првото организирано претставување на писатели Роми. Организатор е Меѓународната унија на писатели Роми (International Roma Writers Union - IRWA), која во халата 5, во текот на одржувањето на саемот, од...

„Ромското тркало на среќата“ им покажуваше на скопјани какви се проблемите на Ромите

Фото: Борче Поповски
Со „Ромско тркало на среќата“ во центарот на Скопје, на кое беа напишани проблемите со кои се соочуваат Ромите во Северна Македонија, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го одбележа Меѓународниот ден на Ромите. „Годинешниот Меѓународен ден на Ромите решивме да го одбележиме така што ќе им дадеме можност на нашите сограѓани и сограѓанки да го свртат „ромското тркало на...

Заев: Целосното вклучување на Ромите е единствен пат до успех

Фото: Борче Поповски
За нас, за оваа Влада на Република Северна Македонија, целите на Првиот Светски конгрес на Ромите, како и на Европската Платформа за вклученост на Ромите не се само обврска. Тие се искрена желба и посветеност да градиме инклузивно општество во кое никој, ниту еден, нема да биде запоставен. Еднакви права и достоинствен живот за сите е единствениот пат до...

Свилановиќ: Ромките се најранлива група во регионот

Најранилва група во регионот на Западен Балкан се Ромките, беше истакнато на регионалната конференција што започна денеска во Белград, Србија, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС), а под покровителство на Владата на Србија и CARE Интеренешнл Балканс. „Девет од десет млади Ромки на возраст од 18 до 24 години во целиот регион не се школуваат, не проаѓаат никакви...

Основана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите

Во Собранието денеска беше основана и промовирана интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Pепублика Македонија. Иницијатори на оваа идеја се пратениците Самка Ибраимоски, Диме Велковски, Ирена Стефоска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Енес Ибрахим, Агим Муртезанов, Мирсада Емини-Асани, Ивана Туфегџиќ, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Славица Шуманска-Митева, Соња Мираковска и Јулиана Николова. Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека интерпартиски групи...

Западен Балкан бара начин за решавање на тешката материјална положба на Ромите

Од 83 до 94 отсто од загрозените Роми што живеат во регионот на Западен Балкан не можат да си дозволат основни материјални работи за нормален живот, а многу домаќинства се уште немаат пристап до вода од чешма и до јавен канализациски систем, ниту пак нивниот отпад некој го собира и го складира. Ова се дел од прелиминарните податоци на Регионалното...

Регионална балканска средба во Берлин за дискриминацијата на Ромите

Повеќе од 80 претставници на министерства на земјите од Западен Балкан и Турција, се собраа во Берлин на средба посветена на дискриминацијата на Ромите, со цел да се осигура препознавање на оваа дискриминација во регионот. Дводневната средба е под покровителство на Регионалниот совет за соработка (РСС) и во организација на германските власти, а во рамките на проектот „Интеграција на Ромите...

Ибраимовски: Со законот за јазици не е оштетена ниту една етничка заедница

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимовски, смета дека со предлог-законот за употреба на јазиците не е оштетена ниту една етничка заедница во земјава. – Сметам дека сè е во ред со предлог-законот. Ниедна заедница не е оштетена во тој дел и што е многу битно, сметам дека...

Пари за проблемите на Ромите на Балканот ќе се бараат и во државните буџети и од донатори

Министрите кои ја покриваат социјалната сфера во повеќе балкански држави, вклучително и на Турција, на конференција во Тирана денеска се договорија за решавање на проблемите на Ромите да се издвојуваат дополнителни средства од националните буџети, но и од други донатори. На регионалната министерска конференција во организација на Регионалниот совет за соработка (РCC) и албанските власти, се зборуваше пред се за...

Министерска конференција посветена на интеграција на Ромите утре во Тирана

Регионална министерска конференција посветена на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ ќе се одржи утре во Тирана, на која ќе учествува и Република Македонија. Главна цел на Конференцијата е да создаде соодветен форум во рамките на кој земјите од Западен Балкан и донаторите ќе разговараат за потребите и приоритетите поврзани со пополнување на буџетските дупки за спроведување на политиките на интеграцијата...

ААВМУ бара ТВ „Алфа“ да им се извини на Pомите за направена дискриминација

Телевизијата „Алфа“ ќе мора да им се извини на граѓаните од ромска националност поради констатирана дискриминаторска содржина во прилог емитуван во информативните изданија, соопшти ААВМУ. Комисијата за заштита од дискриминација утврди елементи со навредлива содржина на основа на етничка припадност и припадност на маргинализирана група, во јавното информирање на телевизијата. Според Агенцијата, телевизијата со прилогот „Сè побројни и понасилни се Циганите на...

Хелсиншки комитет: Расизам и ксенофобија на прилепскиот базен „Маркови кули“

Повеќе од 400 лица од Прилеп и од Прилепско од 1 јули годинава на градскиот базен „Маркови кули“ во Прилеп се соочиле со расизам, односно не им било дозволено да го користат базенот поради бојата на кожата. Според Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП), до Комитетот и до здружението „Ромска солза“ од Прилеп, се обратиле повеќе од 400 лица од...

Хелсиншки комитет: Средното училиште во Шуто Оризари е продолжување на гетоизацијата

Потсетувајќи дека не само што и понатаму продолжува потребата за поддршка на Ромите, туку и се прават чекори назад, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го честита Меѓународниот ден на Ромите, но истовремено алармира дека работите не стојат најдобро во поглед на понатамошна интеграција на Ромите и на решавање на нивните проблеми. Од комитетот велат дека изградбата на базен...

Иницијативата на жени од Шуто Оризари бара гинеколошка ординација

Истражување од декември 2016 година покажало дека само 2 отсто жени од Шуто Оризари биле посетени од патронажна сестра во текот на бременоста, а дури на 83 отсто од Ромките им било наплатено за ЕХО-преглед од страна на матичениот гинеколог, иако оваа услуга им следува бесплатно. Во 2015 година, пак, доенечката смртност кај Роми е речиси двојно повисока во однос на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...