fbpx
Таг: роман

таг: роман

Нов роман и поетска збирка од Петко Шипинкаровски

Културниот центар „Бран“ од Струга ја објави најновата поетска книга, петта по ред, „Доаѓаат дoждовите“, од авторот Петко Шипинкаровски. Во најновата поетска книга „Доаѓаат дождовите“, Шипинкаровски, во препознатлив стил, ја продолжува сопствената поетска патека што ја зацртал во предходните „Седело на орлица“, Злоуми“, „Бели ветрови“ и „Бели утра“. Шипинкаровски претходно гo објави и најновиот роман „Утринска молитва“, кој следува по „Откорнати...

,,Куќа на сеќавањата и заборавот“ од Филип Давид на македонски јазик

Романот на познатиот белградски писател Филип Давид, ,,Куќа на сеќавањата и заборавот“, само еден и пол месец откако ја доби престижната награда на неделникот „НИН“ за роман на годината, се појави на македонски јазик. Издавач на овој роман е ,,Везилка 2011“, а преводот на македонски јазик го направи писателот Ристо Лазаров, кој е автор и на поговорната белешка. Романот ,,Куќа на сеќавањата...

Објавен романот „Божествени дечиња“ од Татјана Громача

„Македоника литера“ од Скопје го објави наградуваниот роман на хрватската писателка Татјана Громача, „Божествени дечиња“, во превод од хрватски јазик на Ленче Тосева. Татјана Громача е веќе еминентно име во најновата хрватска проза. За романот „Божествени дечиња“ доби две високи и реномирани книжевни награди во Хрватска за 2012 година: државната награда „Владимир Назор“ и наградата „Јутарњи лист“ за најдобра прозна...

Објавен романот „Седмиот ден“ од Ивица Челиковиќ

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот на македонскиот писател Ивица Челиковиќ, „Седмиот ден“. Ова е втор роман на Челиковиќ, во кој, исто како и во првиот, „Зад источната линија“, пишува на иселеничка тема, за илузиите, патешествијата и за лавиринтите во македонските и во балканските емигрантски кругови во Европа, но овојпат во една поширока рамка на идентитетски прашања. Ивица Челиковиќ...

Почина авторката на романот „Птиците умираат пеејќи“

Австралиската писателка Колин Мекалоу, чиј екранизиран бестселер „Птиците умираат пеејќи“ стана една од најгледаните телевизиски мини-серии, починала на 77-годишна возраст, по низа здравствени проблеми, објавил нејзиниот издавач „Харпер Колинс“, јавуваат светските медиуми. Мекалоу почнала да пишува по децении работа како успешен научник невролог во Австралија, Велика Британија и во САД, а нејзиниот роман, семејната драма „Птиците умираат пеејќи“, е продаден...

„Утринска молитва“, седми роман на Петко Шипинкаровски

Најновиот роман „Утринска молитва“ на писателот Петко Шипинкаровски е опфатен со програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Македонија, на Министерството за култура на Република Македонија. Делото кое ќе биде објавено годинава, е седми по ред роман на Шишинкаровски или деветти, сметајќи ги двете романизирани монографии, пишува порталот „Инпрес“. Најновото дело „Утринска молитва“ е настан во кој главна одлика е...

Во продажба романот „Последната приказна“ од Ели Радеска

Издавачката куќа „Ирис“ од Струга го издаде романот „Последната приказна“, од дебитантката Ели Радеска. Романот може да го најдете во книжарниците на „Три“ и на „Табернакул“. Книгата е посветена на нејзината баба и, како што самата авторка кажува, инспирирана е од раскажувањата на еден од нејзините идоли, големиот Петре М. Андреевски. -Чувствував како и јас да растам и созревам пишувајќи ја книгата и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...