fbpx
Таг: рок

таг: рок

Кога се работи за поголема сума на ДДВ, државата потешко го враќа на компаниите

Компаниите на кои државата треба да им врати данок на додадена вредноста (ДДВ) во износ поголем од два милиони денари месечно, многу потешко ги добиваат тие пари, покажува најновата анкета на 800 компании, што ја спроведе Стопанска комора на Македонија во август. Доцнењата во исплатата подолго од предвидениот рок им задаваат тешкотии во работењето. За фирмите кои имаат помала сума на повраток...

Рокот за пријавување штети од поплавите е продолжен до 7 септември

Владата го продолжи рокот за пријавување штети од страна на жителите од поплавените подрачја, па наместо до денеска, граѓаните ќе може да пријавуваат до среда, 7 септември, информира Општина Гази Баба. Тие треба да ја пријават штетата што невремето на 6 август ја предизвика на имотот, моторните возила, земјоделските површини и на сточниот фонд. - Сите лица од поплавените подрачја што ги...

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно и објективно истражување на сите...

Втор рок за пријавување за спорните гласачи по распишување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ќе го стави на јавен увид избирачкиот список 15 дена по распишувањето на предвремените параламентарни избори, изјавија од Државната изборна комисија за sdk.mk. На тој начин, како што велат од ДИК, како и сите останати граѓани со право на глас, така и се уште непријавените гласачи меѓу преостанатите 30.580 спорни, ќе може да се пријават електронски...

Нe ни се доволни 18 месеци, Собранието треба да го продолжи рокот, вели Ленче Ристоска

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Курир“. Таа вели дека работат под огромен притисок, а истовремено се соочуваат со блокади...

Хелсиншки комитет бара рокот за обвиненија од СЈО да биде продолжен на 24 месеци

На 24 месеци да се зголеми рокот за поднесување обвинителен акт од Специјалното јавно обвинителство, побараа денеска од Хелсиншкиот комитет во рамките на иницијативата на граѓанското општество за спроведување на итни демократски реформи. Како што рече Уранија Пировска, претседателка на Хелсиншки комитет, тие, покрај тоа, бараат независен буџет за СЈО, како и законско решение за тоа обвинителство да стане постојан орган. -...

Остануваат уште пет дена, порача „Шарената револуција“ со герила-акција пред Уставен суд

„Шарената револуција“ денеска со нова герила-акција потсети дека остануваат уште пет дена до исполнување на нивните две клучни барања. Тие пред Уставниот суд ја нацртаа бројката пет и напишаа „СЈО е уставно“. Едно од нивните барања е Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство. Второто барање, кое бараат да се исполни до...

„Шарената револуција“ одбројува: Остануваат уште шест дена!

Поддржувачите на „Шарената револуција“ вечерва на мостот Око, пред Основното јавно обвинителство, направија нова герила-акција со која потсетија дека преостануваат уште шест дена до 18 јуни, крајниот рок што го дадоа за да се исполнат нивните две клучни барања. „Денеска одбројуваме од мостот Око и упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако...

„Шарена револуција“: Имате рок до 18 јуни или ќе ја земеме демократијата во свои раце

Во крваво црвена боја, демонстрантите вечерва го обоија плоштадот Македонија, каде пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Активистите и граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“, на власта ѝ дадоа рок до 18 јуни да ги исполни нивните две клучни барања. https://twitter.com/meta_agency/status/739888191503732736 - Првиот чекор од нашиот план беше...

Рокот за барања за легализација на дивоградби истекува в четврток

Рокот за поднесување на барања за легализација на дивоградби, кој веќе еднаш беше пролонгиран, истекува в четврток. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. Рокот за доставување геодетски елаборат беше пролонгиран за една година, за да можат граѓаните навреме да ги достават елаборатите, а геодетските фирми полесно да ја вршат работата....

Груевски: Ќе се испочитува рокот нова влада да има на 15 јануари

Тоа што е договорено е нова влада да има на 15 јануари и тие рокови ќе се испочитуваат, изјави денеска премиерот Никола Груевски на отворањето на плоштадот Мајка Тереза и на подземната гаража „Кресненско востание“. Тој не сакаше да коментира дали ќе се повлече на 10 јануари, како што вчера изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На новинарско прашање што мисли за посетата на еврокомесарот Јоханес...

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Владата ги продолжи роковите за легализација на дивоградбите по едно евро за еден квадратен метар, до 31 март 2016 година. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски. - Но, ова не значи дека за новите што почнале да градат дивоградби подонесување на Законот за легализација, се дозволува повторно легализирање. Ова продолжување е за тие што тогаш, кога се носеше Законот за легализација на дивоградби,...

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти се пролонгира до 31 март 2016 година. Граѓаните што поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година. Ова денеска го соопштија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски. Според надлежните, пролонгираниот рок е во интерес на граѓаните, со...

Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба на границите?

Денеска е 25. ден откако Владата прогласи вонредна состојба на јужната и на северната граница поради големиот наплив на мигранти кои влегуваат и транзитираат низ територијата на Македонија кон север. Останува уште една недела до истекување на рокот за важност на мерката. Одлуката за кризна состојба, со која беше овозможено во обезбедувањето на државната граница да биде ангажирана и Армијата на...

Грција има пет дена да постигне договор со ЕУ

Шефовите на држави и на влади, кои се состанаа за да најдат решение за кризата во која се наоѓа Грција откако истече рокот за нова финансиска помош и беше организиран референдум на кој граѓаните ги отфрлија мерките за штедење, свикаа уште еден самит в недела, овојпат со сите 28 земји-членки, бидејќи вчеравечер не беше постигнат договор. Канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата...

Tаксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски јазик

Министерството за транспорт и врски информира дека утре истекува рокот во кој таксистите можат да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик. Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта, [email protected], или во архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата, која може да се најде на веб-страницата на Министерството, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не...

Охрид: Вечер на виртуозите Дамјан Пејчиноски и Емир Хот

Претстојниот викенд, во Охрид ќе гостува популарниот рокер и метал-гитарист од Босна и Херцеговина, Емир Хот, кој ќе настапи заедно со охриѓанецот Дамјан Пејчиноски. Големиот музички настан е закажан за недела навечер, во клубот „Џез ин“ во Охрид. Публиката ќе може да ги види и слушне во живо Емир Хот, гитарист од метал-сцената, познат не само на Балканот, туку и...

Во Тафталиџе турканица, во Центар со лезет се доставуваат документи во Државен архив

Денес истекува рокот за компаниите и за државните институции да го известат Државниот архив на Македонија на кој начин ќе ги заведуваат документите. Оваа обврска ја имаат и државните институции, јавни установи и служби, општините и Град Скопје, јавните претпријатија, правните и физичките лица што вршат јавни овластувања, како и приватни, правни и физички лица што самостојно вршат дејност. -...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...