fbpx
Таг: родова еднаквост

таг: родова еднаквост

Град Скопје не го поддржа единствениот фестивал за феминизам ПРВО ПА ЖЕНСКО

Единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, ПРВО ПА ЖЕНСКО годинава остана без средствата од Град Скопје. Градските власти одлучија да не ја поддржат овогодинешната музичка програма на фестивалот којшто годинава го слави јубилејното десетто издание, информираат организаторите Тиииит! Инк. „Оваа година ППЖ го слави своето јубилејно десетто издание, па затоа се потрудивме и програмата на фестивалот...

Истражување покажува дека јавните личности жени преку Инстаграм пораки се постојани жртви на мизогинија

Центарот за борба против дигитална омраза (CCDH) од Лондон спроведе истражување во кое преку анализа на 1000 приватни пораки испратени до Инстаграм профили на пет женски јавни личности се покажува дека тие често добиваат пораки со мизогиниска содржина, пренесува лондонскиот весник Гардијан. Станува збор за 8.717 од 1000 гласовни и текстуални пораки и фотографии кои содржат голотија испратени преку опцијата...

Во петок феминистичка работилница – „Солидарност преку менторство“

Женската менторска мрежа „Стела“ организира феминистичка работилница насловена „Солидарност преку менторство“ што ќе се одржи во петок (08.04.2022) со почеток во 16:00 часот во просториите не Млади Хаб во Скопје. Станува збор за работилница која ќе опфати креирање на феминисички практики преку менторство, пишување и соработка. Истата ќе биде со интерактивен пристап, односно ќе се одвива на македонски и на...

Реактор: Родово-базираната дискриминација во земјава е на исто ниво како во 2019

Вчера во просториите на Јавна соба, Реактор – Истражување во акција го промовираше последното истражување на тема: „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“. На панел дискусијата по повод оваа промоција, Васка Лешоска истражувачка во Реактор, презентираше дел од официјалната статистика за пазарот на труд која упатува дека разликата во вработеноста меѓу мажите и жените на работоспособна возраст изнесува...

Вицепремиерката Грковска: Со конкретни мерки градиме родова еднаквост во општеството

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска одржа воведно обраќање на Интернационалниот биатлон форум на тема „Родова еднаквост во спортот – можности и предизвици“. Во своето обраќање вицепремиерката Грковска нагласи дека на уривањето на родовите стереотипи во спортот, но и во општеството воопшто треба да работиме сите заедно, особено со младите кои не се раѓаат...

Вистиномер: Осум илјади млади жени во Шуто Оризари оставени без матичен гинеколог

Во Шуто Оризари има 8.000 жени кои се во репродуктивен период, а немаат пристап до примарна здравствена заштита – гинеколог. Овој проблем се провлекува повеќе од 10 години, постојано наидуваме на игнорантски однос од страна на институциите. Исто така, нема интерес и од страна на даватели на услуги, кои за жал имаат стереотипи и предрасуди кон ромската заедница, велат...

Ученички со солзи, на првиот училиштен ден се затворија средните женски училишта во Авганистан

Денеска е првиот училиштен ден и ре-отварањето на училиштата низ Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година. Притоа, главната одлука гласеше дека на сите девојчиња, односно ученички ќе им биде дозволено посетување на настава, доколку се придржуваат до правилата и униформите за облекување. Само неколку часа по отворањето на сите училишта по речиси седум месечен прекин, талибанските...

Тренчевска: Обединети до подoбри резултати во заштитата од насилство врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилница за спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, информираат од Министерството за труд и социјална политика. На работилницата која е организирана во соработка со УНФПА, претставници од институциите и организациите информираа за проектните активности за спречување и заштита од насилство врз...

Тренчевска: Жените и мажите треба да имаат еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот​

Концептот на еднакви можности е еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што значи дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и  еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во обраќањето на 66-тата седница на Комисијата за статусот на жените во ОН во Њујорк. Како што...

Елизабета Ѓоргиевска: Економската криза не само што не смее да биде изговор за исклучување, туку е причина што повеќе да се зголеми вклучувањето на жените во претприемништвото

Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на отворањето на Конференцијата „Од марш за работнички права до дигитална економија“ што се одржа во организација на Центарот за управување со промени, а под нејзино покровителство. Изразувајќи благодарност за поканата да зборува на оваат тема, таа рече дека во период на голема неизвесност, помеѓу пандемијата која што полека стивнува и воениот конфликт што се разгорува...

„Тука сме за тебе“, нова кампања за помош на жртвите на родово базирано насилство

„Не прикривај. Пред другите и пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“. Ова е пораката до жените кои преживуваат родово-базирано насилство, која ја упатува организација на жените на општина Свети Николе и невладината организација „КХАМ“ од Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови...

Ниту една жена не смее да биде мета на родово базиран говор на омраза

Изминатиов период министерката за одбрана Славјанка Петровска е жртва на говор на омраза на социјалните мрежи. Може да се прочитаат бројни сексистички коментари, како и критика за нејзиниот физички изглед, но и коментари полни со родови предрасуди и стереотипи. Тоа беше причина денеска масовно да се споделува објава на социјалните мрежи во знак на поддршка на Петровска и воедно...

Речиси 63 отсто од учениците потврдуваат дека насилството е често присутно во училиштата

Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Висок процент на ученици, односно 82,3 проценти, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација, покажа истражувањето на Тинк-тенк организацијата...

Анализа: Мажите-политичари не сакаат да го препуштат одлучувањето во рацете на жените-политичарки

Застапеноста на жените во политиката и во одлучувањето и понатаму останува минимална и на централно и на локално ниво. Иако политичките партии во последно време често се повикуваат дека се за родова еднаквост, кога станува збор за примена на ова во пракса, тие се повлекуваат. Факт за тоа се неодамнешните локални избори и формирањето на новата Влада на државата....

Протестен марш за еднакви права: „Сиромаштијата има женско лице“

„Со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни. Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како...

Пендаровски по повод 8 Март: Борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост

Денеска кога ја одбележуваме борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, како и достигнувањата во повеќе сфери, да се потсетиме дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот, порача претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените. „Покрај зголемената свест за правата на жените, донесените законски...

ЕСЕ: За 8 Март заедно за родово еднакво општество – “Скрши Ја Пристрасноста – Break The Bias”

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените бара наместо честитки и подароци, по повод Меѓународниот ден на жената Владата да преземе конкретни мерки за надминување на родовиот јаз и надминување на проблемите со кои се соочуваат жените во повеќе области. „По повод денешниот меѓународен ден на жената, сакаме да го привлечеме вниманието на општата и стручна јавност за нееднаквата...

Тренчевска-Фугер: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска на средбата со австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика Харалд Фугер разговараше за проекти и активности на полето на социјалната заштита. Тие разменија и искуства за услугата за поддржано вработување на ранливата категорија на граѓани, за младите во ризик и нивно враќање во образовниот и...

Отворена е пријавата за заинтересираните учеснички на осмомартовското женско рели

По повод 8 март, Светскиот ден на жената, дамите и годинава ќе можат да возат ревијално женско рели, соопштија од Автомобилистичката федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите-членки на АФСМ. Заинтересираните можат да се пријават на следниот ЛИНК или на Фејсбук страната на Автомобилистичка федерација на Македонија. Релито ќе се одржи во недела на 6 март, со почеток во 9 часот, на...

Истражување: Насилството врз жените четириесет години се промовира преку регионалната музика

Ана Нинковиќ, студентката на Факултетот за драмски уметности во Белград предизвика бројни реакции на социјалните мрежи со својот документарен филм „Насилство врз жените во домашните песни“ што го изработила за испитот Поп-култура: Од дигиталното до транс-медијалното, а преку кој го истражува насилството врз жената преку музиката, турбофолк, поп, рок, рап и хип-хоп песни. Таа својот испитен проект го замислила како...

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...