fbpx
Таг: родова еднаквост

таг: родова еднаквост

Реактор ја промовираше родовата анализа на тема: „Родова статистика и вклучување на родовата перспектива во статистичкиот систем на Северна Македонија“

Неезависната истражувачка организација Реактор - Истражување во акција ја промовираше родовата анализа на тема: „Родова статистика и вклучување на родовата перспектива во статистичкиот систем на Северна Македонија“ во која се обработени две клучни прашања, односно: Како да се вклучи родот во националниот статистички систем и Кои се приоритетните области на кои им недостасува родова статистика. Документот се обидува да даде...

Во соработка со УНДП, Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попреченост

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка при вработување на жени и други ранливи групи на граѓани преку испорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата, соопштија од Општина Центар. Како што велат од Општината, тие ќе основаат Центар за испорачување на социјални услуги за нега во кој корисниците ќе можат...

Тетово со протестен марш се солидаризираше со Приштина против насилството врз жените и девојчињата (ВИДЕО)

„5 мажи, 7 часа, девојчето 11 години“, се извикуваше на протесниот марш кој тргна од плоштадот „Илирија“ до Основниот суд Тетово. Градот преку овој протест во петокот се солидаризираше со Приштина против насилството врз девојчињата и жените, а повод беше силувањето на 11-годишно девојче од страна на 5 мажи во Косово. Граѓанското општество побара сторителите да ги добијат заслужените...

Платформа за родова еднаквост: Институциите навремено да реагираат и соодветно да ги казнат насилниците

Платформа за родова еднаквост
Платформата за родова еднаквост со поддршка на активистите и протестите кои беа организирани и во Скопје во знак на солидарност за случајот со силуваното 11-годишно девојче во Приштина. Во реакцијата доставена од организациите-членки на Платформата за родова еднаквост стои дека силувањата, фемицидите и сексуалното вознемирување врз жените и девојките/девојчињата станаа секојдневие насекаде во регионот, каде патријархалните вредности го нормализираат, замолчуваат...

Скопје, Приштина и Тирана на протести за заштита на девојчињата и жените: Властите да ги казнат силувачите (ВИДЕО)

„Во парк одам за да играм, а не бидам силувана“, „Насилството не се оправдува“, „За педофилите доживотен затвор“, „Не ме допирај“, „За да не ги штитите девојчињата, воспитувајте ги момчињата“, „Не ги мразиме мажи, мразиме насилство“, се само дел од натписите на транспарентите на демонстрантите на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Се протестираше вчера против насилството врз девојчињата и жените, со...

По Фејсбук и Инстаграм, Ендру Тејт баниран на Јутјуб и ТикТок

Откако компанијата „Мета“ донесе одлука да го забрани инфлуенсерот Ендру Тејт од нивните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, Гугл презеде идентична акција за банирање на поранешниот кик-боксер од Јутјуб, јавува Би-би-си. Од Гугл објаснуваат дека ги избришале Јутјуб каналите на Ендру Тејт поради повеќекратно прекршување на нивните упатства за заедницата и условите за користење, вклучувајќи ја и политиката за спречување...

ССНМ билтен: Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат

Положбата на жените во медиумите и предизвиците со кои се соочуваат, изложеноста од ризици за вербални закани, навреди и физички напад, важноста од обезбедување на економска стабилност е главната тема во новиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“, во која е опфатен и случајот на вербален напад од вработени на „Комунална хигиена-Скопје“ врз колешката од новинската...

Шкотска е првата земја каде жените имаат законско право на бесплатни менструални производи

Менструалните производи, вклучувајќи тампони и влошки, од вчера станаа достапни бесплатно во јавните установи во Шкотска, откако стапи на сила првиот закон од ваков вид во светот, јавува „Си-ен-ен“. Предлог-законот за менструални производи беше усвоен едногласно од шкотските пратеници во ноември 2020 година, што претставува значајна победа за глобалното движење против менструална сиромаштија. Новиот закон подразбира дека менструалните производи ќе бидат...

Посебна комисија ќе одлучува дали ќе се повлече учебникот по социологија за втора година

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник - учебникот Социологија за втора година, гимназиско образование. Во законски рок од 10 дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела. „Инклузивниот процес...

Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции, реагираа од Платформата за родова еднаквост. Од таму додаваат дека непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. „Фемицидот, како...

Судот го штити сторителот, а не жртвата: Итна заштита за мајката од Гостивар од екс партнерот – полицаец

Граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство. „Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот...

Пратениците ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година

Собранието на РСМ на денешната 50. седница, со 60 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, ја усвои предлог-Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година. Министерство за труд и социјална политика соопшти дека со Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година, која е основен стратешки документ на Република Северна Македонија, се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на...

Само две жени во земјава ја извршувале функцијата ректор на државните универзитети

УКИМ
Разочарувачки се податоците од истражувањето на Порталб.мк за застапеноста на жените ректори на државните универзитети во Северна Македонија. Имено, од вкупно 53 ректори на јавните универзитети, само две биле жени. Невладините и експертите алармираат, а државните органи се правдаат. Во земјава само универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) имале жена за ректор. Радмила Кипријанова во...

Бавното законско дефинирање на „Родово буџетирање“ ја забавува родовата рамноправност

Вклучувањето на родовите перспективи во буџетскиот процес, односно родовото буџетирање директно влијае врз унапредувањето на родовата еднаквост во земјава. Родовото буџетирање во Северна Македонија е дефинирано преку Законот за еднакви можности, а истото се имплементира преку претходно постоечка стратегија за негово воведување. Стратегијата за воведување на родово буџетирање како национален документ постои од 2012 година, но родовото буџетирање сè уште...

МТСП изработи кампања за подигање на свеста за родово базираното насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) подготви кампања за подигање на свеста за сите форми на родово засновано насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“. Оваа кампања е дел од спроведувањето на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција). Станува збор за шест изработени видеа, кои...

„Базар на жени занаетчики“ вечерва во Охрид

Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава. „Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од 20 часот да присуствуваат на базарот...

ДЗР: Институциите недоволно и нецелосно работат за подобрување на родовата еднаквост

Иако уште во декември минатата година беше поддржана од меѓународните организации UN Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ и УНДП, Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година сè уште не е донесена од страна на Собранието на РСМ. Покрај тоа, на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна...

Изложба со повик полицијата сериозно да ги сфати пријавите за малтретирање на интернет

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ - со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на уметникот Рехатлику да се крене свеста малтретирањето со кое се соочуваат девојките на социјалните мрежи,...

Родовиот јаз владее и во ниските 4,6 отсто од вработеното младо население во земјава [Инфографик]

Во Република Северна Македонија има 104.035 работоспособно население што е на возраст од 15 до 19 години. Само 4.766 од нив, поточно само 4,6 отсто се активно вработени, а само 10,3 отсто се активни но притоа не се пријавени ниту како вработени ниту како невработени - вака изгледа табеларниот приказ на податоците од последниот попис на населението во земјава. Момчињата...

Младите за време на ковидот се соочиле со ограничен пристап до информации за сексуално и репродуктивно здравје

Младите се соочиле со сериозни потешкотии да дојдат до информации и услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје во време на ковид-19 пандемијата, што довело до зголемено чувство на несигурност кај нив. Ова го покажало Истражувањето за влијанието кое ковид-19 пандемијата го имаше врз сексуалното и репродуктивното здравје и права кај младите во Македонија кое го презентираше Асоцијацијата за...

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...