вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: рочиште | 215 резултати

Загрозениот сведок во „Монструм“ лаже, тврдат адвокатите

август 24, 2018

Тензична ситуација на моменти се случуваше во судницата 1 во Основниот суд Скопје 1 на сослушувањето на загрозениот сведок во случајот „Монструм“ на СЈО, бидејќи тој за првпат кажа дека видел четири тела критичната вечер на 12 април 2012 на Смиљковско Езеро, известува „СДК“ – На 19.04. 2012 пред истражен судија сте рекле дека сте […]

Продолжува судењето за насилствата и упадот во Собранието на 27 април

август 24, 2018

Судењето на 33. обвинети за насилствата при упадот во Собранието на 27 април 2017 година денеска е во третото продолжение, а исто како и на вчерашното рочиште, во Основен суд Скопје 1, денеска ќе продолжи давањето воведни говори од адвокатите на обвинетите. Судскиот процес започна во средата кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката […]

За 7 од 1.063 бомби во „Титаник”, СЈО побара исклучување на јавноста

август 16, 2018

Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и другите обвинети во случајот „Титаник“ се вратија на обвинителните клупи во Kривичниот суд. Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ на денешното рочиште побараа од СЈО да достави доказ за тоа како се обезбедени „бомбите“ кои СЈО ги користи како доказ. Еден од шесте адвокати на Груевски, […]

Заврши судењето за „Труст“, пресудата в петок

јули 17, 2018

Со завршни зборови на тројцата обвинети во процесот „Труст“, кој го води Специјалното јавно обвинителство, денеска судењето заврши, а в петок треба да биде изречена пресудата. Во Кривичен суд Скопје денеска завршни зборови дадоа Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети за учество во местење на тендер на „ЕЛЕМ“, за ископ на јаловина од […]

Судење на седмообвинетиот во „Насилство во општина Центар“

јули 10, 2018

Во Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи рочиште од издвоениот судски процес против Димче Крстев, седмообвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),  „Насилство во општина Центар“, односно за насилствата во текот на седница на Советот на Општина Центар во јуни 2013 година. Судијата на главната расправа за овој предмет одлучи за него […]

Судења за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“ денеска

јули 9, 2018

Во Основен суд Скопје 1, попознат Кривичен суд, за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“. Во „Тортура обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата, кои се […]

Судењето за „Монструм“ одложено поради немање технички услови

јули 5, 2018

Денешното рочиште за случајот „Монструм“, за убиството на четирите момчиња од Радишани и рибарот од Црешево на Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, денеска беше одложено. Како што кажа судијата Огнен Ставрев, нема технички услови да биде сослушан загрозениот сведок Е1, па следното рочиште го закажа за 11 јули. Ако има соодветни услови сведочењето […]

Продолжува судењето за „Монструм“

јули 5, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со изведување на докази треба да продолжи судњето по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година. Овој случај сега го води СЈО, откако во декември минатата година Врховниот […]

По втор пат одложен почетокот на судењето за смртта на малата Тамара

јули 4, 2018

По втор пат, во Кривичниот суд, не успеа обидот да започне судењето за смртта на малата Тамара, која во 2015 година почина додека чекаше средства за операција во странство. За овој предмет, има материјални докази на 10.000 страници, поради што судијата ги замоли адвокатите самите да се снајдат и да си ги ископираат доказите, бидејќи […]

Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ продолжува на 29 август

јуни 29, 2018

Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породилно боледување. Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација. На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. За случајот […]

Во Судот се слушнаа четири „бомби“ за „Трезор“, следно рочиште на 10 септември

јуни 28, 2018

На денешното рочиште за случајот „Трезор“ се слушаа четири снимки од прислушувани разговори предложени од СЈО, а кои се однесуваат на фирмата „Финси“ и набавката на опрема наменета за МВР. На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков […]

Судења денеска за „Титаник 3“ и „Насилство во Општина Центар“

јуни 22, 2018

Во Кривичен суд Скопје за денеска закажани се рочишта за предметите на СЈО, „Титаник 3“ и „Насилство во општина Центар“. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими, координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир за локалните избори во 2013 година […]

Одложено судењето за смртта на малата Тамара

јуни 12, 2018

Поранешната директорка на Детска клиника, Аспазија Софијанова, поранешната директорка на ФЗОМ, Маја Парнарџиева – Змејкова и тројца други обвинети претпладнево не дојдоа на судењето за смртта на малата Тамара Димовска, поради што рочиштето беше одложено за 4 јули. На денешното рочиште од повиканите 12 обвинети, во судот се појавија само седум, а во судницата не […]

Ново рочиште за нападот врз села Села по измената на обвинението

јуни 11, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков. Обвинителот Дарко Јакимовски, на минатото рочиште предложи измена на обвинителниот акт, според кое двајца од обвинетите Цејо Георгиевски […]

Завршни зборови на судењето за обидот за убиство врз Села во Собрание

јуни 6, 2018

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка. За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, […]

Судењето за „Шамарите во Центар“ не почна – обвинет заминал во Хрватска

јуни 1, 2018

Во Основниот суд Скопје 1 денеска рочиштето за случајот „Насилство во Центар“ не почна, поради тоа што обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски. – Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска […]

На 6 јуни завршни зборови во судењето за нападот на Села

мај 31, 2018

Со изнесување докази, меѓу кои една досега неприкажана снимка од нападот на пратеникот Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април минатата година, денеска се одржа уште едно рочиште, а в среда судењето продолжува со изнесување завршни зборови. Обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги подготви завршните зборови со цел […]

Хаки Азири рече дека притисок му вршел Љупчо Тодоровски – Радникот

мај 23, 2018

Обвинетиот Хаки Азири во продолжението на судењето за „Монструм“, откако специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на својот телефон му покажа фотографија од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски – Радникот, рече дека тоа е инспекторот што му вршел притисок и му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па мора да застане […]

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

мај 23, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, […]

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

мај 22, 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа […]

Страна 2 од 11