Таг: РКЕ
таг: РКЕ
Бензинот поскапува за половина денар
Бензинот поскапува за половина денар од ноќеска на полноќ, додека дизел-горивото останува со непромената цена, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Во согласност со одлуката на комисијата, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 67 денари, а „еуросупер БС-98“ за 69 денари за литар.
Цената на „еуродизел“ останува непроменета, односно 53,5 денари.
Од РКЕ велат дека зголемувањето на цените се должи на повисоката цена...
Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ
Бензинот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денар, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 63 денари, а „еуросупер БС-98“ за 65 денари.
Новата цена на литар „еуродизел“ e 50 денари, а на екстралесното масло за домаќинство...
Бензинот поевтинува за половина денар по литар
Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ - 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за еден...
Горивата поевтинуваат ноќеска на полноќ
Бензинот поевтинува за денар и половина, а дизел-горивото и екстралесното масло за домаќинство зa половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 61 денар, а еден литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 63 денари.
Новата цена на дизел-горивото е 49 денари, а на екстралесното масло за домаќинство - 37,50 денари за еден литар.
Струјата поевтинува за минимални 0,25 проценти
Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се намали за 0,25 проценти. Новата цена на струјата ќе почне да важи од 1 јули.
Причина за поевтинување се помалите трошоци кои енергетските компании ги пријавиле до Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), соопшти претседателот на РКЕ, Димитар Петров.
Кај ЕЛЕМ, цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај...
РКЕ: Не можеме да потврдиме дека цената на струјата ќе се намали
Регулаторна комисија за енергетика не може да потврди дека цената на струјата ќе се намали по шпекулациите што се појавија во одредени медиуми дека пресметките ќе одат во надолна насока.
- Во период сме кога се пресметува цената, кога се утврдуваат трошоците во рамките на работните групи во комисијата. Во овој момент не би можел да кажам какви ќе бидат предвидувањата....
Струјата од август поскапа за 10 проценти?
Нова цена на струјата, повисока и за 10 проценти, ќе плаќаат граѓаните од август годинава, велат извори од енергетските компании. Стручните служби на Регулаторната комисија за енергетика веќе ги разгледуваат поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ќе следи одлука.
Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторна, со кои се бара зголемување на...
Парното за скопјани ќе работи до 1 мај!
Ако продолжат ниските температури, скопјани, кои се приклучени на парно греење, ќе се топлат до крајот на месецот.
Диструбитерите од денеска не мора да чекаат температурата во 21 часот три дена по ред да биде 12 Целзиусови степени или пониска, туку можат уште истиот ден да ги стартуваат топланите. Тие добиле дозвола од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да испорачуваат...
Од полноќ бензините поевтинуваат за 4,5 денари, а дизелот за 4 денари
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините и на дизел-горивото поевтинуваат за 4,5, односно за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со новото намалување, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за цена од 65,50 денари, а еден литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 67 денари.
Малопродажните цени на „еуродизел“ ќе изнесува 56 денари за еден литар, а екстралесното...