среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: рестриктивни мерки | 21 резултати

Од денеска заострени мерки за влез и излез на граничните премини во земјава

1 септември 2021

Од денеска за влез и излез од земјава на граничните премини сите домашни и странски државјани ќе мора да приложат сертификат за вакцинација против ковид-19 за примени две дози на вакцина, сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена или медицинска потврда со негативен ПЦР тест направен 72 часа пред излезот од земјава или негативен […]

Албанија утре ќе воведе полициски час и ќе ги заостри условите за влез во земјата

31 август 2021

Во Албанија од утре ќе бидат воведени нови мерки за борба против корона вирусот, односно ќе се воведе полициски час во времетраење од 23 часот до 6 часот, соопшти Техничката експертска комисија. Исто така, од 30 септември во земјата е задолжителна вакцинацијата на лекарите, наставниот кадар и учениците. Дополнително, од 6 септември секој што ќе […]

Комисијата за заразни болести бара да се забранат свадби, прослави и настани на затворено во Тетово и регионот

7 август 2021

Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести бараат воведување на рестриктивни мерки во Тетово и регионот поради алармантниот пораст на бројот на активни случаи на ковид-19. На утринската координација денеска се разговараше за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до Главниот координативен кризен штаб на Владата да предложат нови мерки за […]

Филипче: Засега рестрикции нема, може да има наесен

27 јули 2021

Засега не се размислува за воведување на рестриктивни мерки, а не се во план рестрикции ниту на границите, ниту во државата, во рамки на организирање на настани со масовно присуство. Рестрикции евентуално би можело да има наесен, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Ако невакцинираните станат опасност за останатата популација, тогаш ќе следуваат […]

Предложено олабавување на рестриктивните мерки од 1 јуни: да не се носат маски надвор и свадби да се прават

28 мај 2021

Комисијата за заразни болести утрово донесе одлука до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки, соопшти Министерството за здравство. Причината за тоа е стивнувањето на пандемијата и намалувањето на бројот на активни случаи на ковид-19, од недела во недела. Комисијата до ГККШ предлага од 1 јуни заштитните […]

За Велигден и Рамазан без полициски час, а другите денови да почнува од 21 часот, предлага Комисијата за заразни болести

26 април 2021

Полициски час да нема за Велигден нoќта на 1 спроти 2 мај, како и за Рамазан Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај предлага Комисијата за заразни болести, а за ова информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот исто така е во наредните денови полицискиот час да почнува од 21 часот, а летните тераси […]

Комисијата за заразни болести препорача уште седум дена рестриктивни мерки

19 април 2021

Комисијата за заразни болести денеска препорача продолжување на рестриктивните мерки и во наредните седум дена односно, забрана и посебен режим на движење на граѓаните во временскиот период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што стапи во сила пред две недели. Препораката на Комисијата ја разгледа Кризниот штаб, а Владата треба да ја разгледа […]

Угостителите можат да вршат достава на храна и пијалоци и за време на полициски час

7 април 2021

Угостителските објекти во периодот на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро можат да вршат достава на храна и пијалоци до граѓаните кои ќе го побараат тоа, но од Државниот пазарен инспекторат појаснуваат дека мора да се задоволат одредени критериуми. Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција информираше дека […]

Се затвораат теретаните, кафеаните, обложувалниците, забраната за движење ќе трае од 20 до 5 часот

5 април 2021

Владата денеска донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје, согласно кои полицискиот час ќе трае од 20 до 5 часот наредниот ден, а се забранува и работата на сите угостителски објекти, обложувалници, теретани и фитнес центри. Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција, на која присуствуваа министерот Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски, кажа дека […]

Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 22 до 5 часот

8 март 2021

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот. „Министерот образложи дека овој […]

Комисијата за заразни болести засега без препораки за нови рестриктивни мерки

12 ноември 2020

Комисијата за заразни болести засега не предлага нови рестриктивни мерки. Но, зависно од епидемиолошката ситуација наредниве денови, можно е од следната недела да се воведат дополнителни мерки.  „По заедничките консултации со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки. Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува […]

Стојанов: Нема дисциплина, можно е да се намали работното време на кафичите

21 септември 2020

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот […]

Филипче: Очекувавме дека луѓето ќе заминат за продолжен викенд, но мора да ги почитуваат мерките

5 јуни 2020

Кога има продолжен викенд, секако се очекува луѓето да заминуваат надвор од Скопје, но колку и да заминуваат, мора да ги почитуваат мерките. Мора да научиме да живееме со ова и понатаму. Ние во следните чекори планираме и отворање на хотелите. Така што, овие мерки за носење маска, миењето раце и дистанцата се универзални. Ова го […]

Филипче: И после 100 прес-конференции и апели, има граѓани кои не ја прифаќаат реалноста

3 јуни 2020

Вирусот не е шега и нема да замине додека не прифатиме дека е закана за секој кој не ги почитува мерките. И после 100 oдржани прес-конференции и повторени апели и пораки, еден дел од граѓаните одбива да ја прифати реалноста дека вирусот е сериозна закана, истакна пред малку на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче […]

Предлог за цел викенд во карантин за Скопје, Штип, Куманово и за Тетово

3 јуни 2020

Во претстојниот продолжен викенд, забрана за движење, односно полициски час, да има од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро, и тоа во сите скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Ова е одлуката која во форма на предлог е […]

За едно деноноќие 101 нов случај на Ковид-19, можно затворање на одредени општини

3 јуни 2020

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Најголем број од новозаразените се во Скопје – 59 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од […]

Филипче: Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому

2 јуни 2020

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому. Оние кои се одговорни и кои доследно се придржуваат на мерките треба да се пример за сите останати. Рестрикциите се непожелни и ќе ги избегнеме само ако се однесуваме дисциплинирано, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче откако соопшти дека се регистрирани […]

Страна 1 од 1