fbpx
Таг: рекорд

таг: рекорд

Полјакот Старнавски нурна до 240 метри во пештерата Врело и го урна сопствениот рекорд

Светски познатиот спелеолошки нуркач Криштоф Старнавски од Полска се спушти на длабочина од 240 метри во подводната пештера Врело на Матка, соборувајќи го минатогодишниот сопствен рекорд од 230 метри. Старнавски во придружба на неговиот тим и со логистичка поддршка од домашните спелео- нуркачи од клубовите „Акватек“ и „Врело“ од Скопје, по повеќе од пет часа успеа да се спушти на...

Температурниот рекорд за Азија за јуни соборен – во Иран измерени 53,7 Целзиусови степени

Во Иран вчера беше забележана највисоката температура во јуни во Азија откако се води евиденција - неверојатни 53,7 Целзиусови степени измерени во југозападниот град Ахваз. Претходниот рекорд за јуни за Иран изнесувал 53 Целзиусови степени. Но, ако се земе предвид топлинскиот индекс, кој ја зема предвид и влажноста на воздухот, температурата одговарала на 61,1 Целзиусови степени. Ако, пак, се земе предвид само...

Во Франција запленето рекордно количество дрога

Француските цариници заплениле рекордно количество метаморфин на аеродромот „Роиси“ во Париз. Запленетата дрога тежела околу 51 килограм и тоа е најголото количество наркотична супстанца откриена на територијата на Франција. Во соопштението на француските царински служби се наведува дека цариниците провериле две кутии на кои пишувало дека содржат храна која потекнува од Камерун, а пратката требало да заврши во Малезија. Нема податоци за уапсени...

Полјакот Старнавски нурна до 230 метри во пештерата Врело и го урна рекордот на Казати

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го урна рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело на Матка. Овој подвиг на Старнавски траеше шест часа, а дел од неговата експедиција беа и домашните нуркачи сертифицирани за пешетерско нуркање од нуркачкиот клуб „Акаватек“ и од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“. -  Почнавме од 188...

Полски нуркач ќе го урива рекордот за спуштање од 212 метри во пештерата Врело

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска ќе се обиде да го надмине рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 година се спушти на длабочина од 212 метри во пештерата Врело на Матка. Во организација и на покана на нуркачкиот клуб „Акаватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“, Старнавски веќе неколку денови, заедно со тим од домашни нуркачи, ги прави подготовките и нуркањата во...

Јули 2016 година бил најтоплиот месец во последните 137 години

Месецот јули,  годинава бил најтоплиот месец во модерната историја, со рекордна температура на копното и на океаните во последните 137 години, соопшти денеска американската Агенција за океани и атмосфера. „Просечната глобална температура на површината на копното и на океаните во јули 2016 година била највисока, не само за месецот јули, туку и воопшто во однос на информациите за времето од...

Април 2016 година – нов глобален температурен рекорд

Температурата во април годинава на глобално ниво била повисока за 0,25 Целзиусови степени од онаа измерена истиот месец во 2010 година, што е нов глобален температурен рекорд, покажуваат податоците на американската агенција за аеронаутика и вселена - НАСА. Со ова, како што пренесува „Би-би-си“, април е седмиот месец по ред што ги урива досегашните глобални температурни рекорди. Претходно месеците февруари и март...

Голден стејт постигна нов рекорд во НБА-лигата

Кошаркарите на Голден стејт вориорс, со резултат од 16 победи и ниту еден изгубен меч, поставија нов рекорд за најдобар почеток на сезоната во историјата на НБА-лигата, така што синоќа на домашен терен го совладаа Лос Анџелес лејкерс, со резултат 111 - 77. Актулениот НБА-шампион со тоа го урна досегашниот рекорд од 15 - 0 во победи, што го држеа тимовите на Вашингтон...

УНХЦР: Во октомври околу 218.000 бегалци стигнале во Европа преку Медитеранот

Повеќе од 218.000 бегалци пристигнале во Европа преку Средоземно Море во октомври, што е рекорден број на месечно ниво, соопшти денеска Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). - Во октомври беше забележан рекорден број на бегалци на месечно ниво. Во септември беа регистрирани 172.843 бегалци, а во октомври - 218.394 луѓе – изјави портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс. И покрај...

Чепишевски постави државен рекорд на 50 метри грбно

Македонскиот пливач Горазд Чепишевски постави државен рекорд на Летните универзитетски игри во Гвангжу, кога за време на квалификациите, патеката на 50 метри грбно ја исплива за 27,99 секунди. Ова постигнато време на Чепишевски е за 16 стотинки подобар резултат од досегашниот рекорд на Љупчо Ангеловски, кој го постави на Летните европски олимписки игри во Баку. Чепишевски заврши на второто мсто во...

Руски космонаут постави рекорд во вселената

Рускиот космонаут Генадиј Падалка, командант на Меѓународната вселенска станица, постави нов рекорд за должината на времето поминато во вселената од вкупно 803 дена, соопшти руската вселенска агенција. - Рекородот е официјален, Генадиј Падалка стана човекот кој помина најмногу време во вселената – изјави портпаролот на руската вселенска агенција „Роскосмос“. Падалка, кој наполни 57 години на 21 јуни, моментално се наоѓа на...

Пливачот Ангеловски постави нов државен рекорд

Македонскиот пливач и репрезентативец Љупчо Ангеловски, постави нов апсолутен државен рекорд во дициплината 50 метри грбно, на Европските игри во Баку. Тој го сруши претходно поставениот младински и сениорски рекорд на пливачот Горазд Чепишевски, кој изнесуваше 28,18 секунди. Ангеловски исплива за 28,15 секунди.

Американски научници 73 дена минаа под вода

Двајца американски океанолози го урнаа рекордот на најдолг престој под море, престојувајќи 73 дена во подводен хотел на архипелагот Киз во сојузната американска држава Флорида за да го свртат вниманието кон заштита на океаните. Научниците Брус Кантрел (63) и Џесика Фрејн (25) минаа точно 73 дена, два часа и 34 минути под морето, стои во соопштението на Универзитетот од Тенеси, на кој научниците...

Чепишевски го сруши рекордот на 50 метри грбно

Македонскиот пливач Горазд Чепишевски постави нов државен рекод во дисциплината 50 метри грбно. Тој на Светското првенство во Доха исплива со резултат 26,56 секунди и за 0,24 секунди го подобри државниот рекорд што самиот го постави пред три години во Зрењанин. Со овој резултат Чепишевски се пласираше на 60. место од 107 пливачи. Денеска ќе плива и Марко Блажевски, кој веќе...

Руската шафета постави нов светски рекорд

Машката штафета на Русија во дисциплината 4x50 метри мешовит стил, постави нов светски рекорд во малите базени на Светското првенство во Доха. Делницата што во квалификациите ја исплива во слободен стил Евгениј Седов, во време од 20,62 секунди, ѝ донесе на Русија нов светски рекорд од 1:32.78 минути, што е за 87 стотинки подобрување во споредба со претходниот. Покрај Седов, во штафетата...

Блажевски го урна рекордот на Маленко

Марко Блажевски го собори државниот рекорд на 200 метри во слободен стил, поставен од Александар Маленко пред 20 години, и го освои 48. место меѓу 100 пливачи во оваа дисциплина на 12. Светско првенство во 25-метарски базени, што од 3 до 7 декември се одржува во Доха. Блажевски ја исплива патеката за 1:49,80 минути, подобрувајќи го досегашниот рекорд на Маленко за...

Меси сруши нов рекорд со уште еден хет-трик

Mesi me het-trik theu rekordin e Raulit dhe u bë golashënuesi më mirë në Ligën e Kampioneve
На синојќешниот натпревар на Барселона со АПОЕЛ, Лионел Меси постигна хет-трик и го сруши рекордот на Раул за најмногу постигнати голови во Лигата на шампиони. Меси досега има постигнато 74 погодици и го надмина Раул кој имаше постигнато 71 гол. Ова за Меси беше петтиот хет-трик во Лигата на шампиони, што е истовремено уште еден рекорд затоа што никој нема...

Меси е најдобар стрелец во шпанското првенство

Меси постигна 253 погодоци во шпанското првенство
Аргентискиот фудбалер Лионел Меси се запиша во историјата како најдобар стрелец во шпанското првенство на сите времиња, со постигнати 253 гола, престигнувајќи го легендарниот Телмо Зара, кој има постигнато 251 погодок. Меси постигна хет-трик на натпреварот во кој Барселона славеше над Севилја со 5:1. Освен на првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на Примера, Меси ќе има можност да...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...