fbpx
Таг: реконструкција

таг: реконструкција

Од октомври реконструкција на Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид

Кон средина на октомври, ќе почнат градежните работи за реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и за трауматологија „Свети Еразмо“, која треба да заврши во рок од 18 месеци или до април 2017 година. Тендерот за градежните работи е веќе објавен, информираат од Министерството за здравство. Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација...

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Маџари

Утре (15 јули), поради реконструкција и проширување на улицата Маџари, од крстосницата со улица Јужноморавски бригади и улицата Антон Попов (по старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица Финска, ќе биде воведен привремен режим на движење, односно пренасочување на возилата и на автобусите од јавниот градски превоз, соопштуваат од Град Скопје. „Автобусите што ја опслужуваат автобуската линија број 65В, наместо...

Почна втората фаза од реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и на Општина Аеродром, Ивица Коневски, го означија почетокот на реконструкцијата на булеварот Јане Сандански, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата Васко Карангелевски, во должина од 475 метри. - Овој проект е продолжување на проектот за реконструкција на булеварот Јане Сандански што Градот Скопје го реализира во 2012 година, кога...

Груевски во Прилеп: Реконструкцијата на железничките станици по Коридорот 10 ќе биде готова до 2016 година

Премиерот Никола Груевски денеска го посети прилепскиот регион и направи увид во градежните работи на железничката станица во Прилеп. Во изјава за новинарите, премиерот посочи дека железничката станица во Прилеп заедно со железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава. - Во моментов се реконструира и железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие...

Ќе се реконструираат пет регионални патишта, инвестицијата ќе чини 22 милиони евра

Реконструкција на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, најави денеска премиерот Никола Груевски, при посетата на Ресен. Инвестицијата ќе чини 22 милиони евра. Станува збор за патните правци Битола - Ресен - Буково, Смоларе - Мокрино и Брвеница - Гостивар.

Железничката станица ќе биде завршена за три-четири месеци

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје е во завршна фаза. Се очекува за три-четири месеци комплетно да биде реконструирана и да добие нов модерен изглед. Ова денеска на увидот во градежните работи го изјавија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на „МЖ - Инфраструктура“, Ирфан Асани. - Два перона се целосно направени, се работи на третиот перон, лифтовите...

Рилкоски: Пред ДИК стојат две опции – колективна оставка или реконструкција

Државната изборна комисија (ДИК) ќе постапи според препораките од политичкиот договор, но што ќе биде и како ќе се одвиваат понатаму работите во врска со работењето на ДИК, знаат само политичките партии, изјавил за „Охрид њуз“ актуелниот претседател на комисијата, Никола Рилкоски. - Имам сознанија дека во партиите се почнати одредени активности во согласност со постигнатиот договор, но сето тоа...

Ципрас направи темелна реконструкција на владата

Среде критична состојба на разгорени пожари низ цела Грција, премиерот Алексис Ципрас го реконструираше владиниот состав. Само преку писмено соопштение до медиумите, Ципрас објави значително изменета, нова влада со 10 нови министри и заменици-министри, преместени од други министерства, но и со целосно нови лица. Надвор од владата е клучно лице како министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, и министерот Димитрис...

Ципрас ја подготвува реконструкцијата на Владата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува во текот на денот да го најави новиот состав на владата. Ципрас по шест месеци на власт, се одлучи за реконструкција и за промена на владиниот кабинет поради поделеноста и во парламентарната група и меѓу неговите министри околу новиот пакет мерки договорени со европските кредитори. Одлуката дојде откако неколкумина министри гласаа против пакетот мерки,...

Најавена реконструкција на скопската болница „Свети Наум Охридски“

Следниот месец ќе почне реконструкцијата на специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. Премиерот рече дека минатата недела била донесена одлука за почнување тендерска постапка за темелна реконструкција на болницата „Свети Наум Охридски“. Постапката ќе почне деновиве, а следниот месец се очекува почетокот на градежните работи, кои треба да завршат до крајот на јануари...

Следната недела ќе почне реконструкција на прилепската железничка станица

Следната недела ќе почнат градежните активности за реконструкција на прилепската железничка станица. Предвидено е целосно да бидат заменети покривите и подовите, да се санираат фасадите и внатрешноста на станицата, како и да биде поставена нова термичка изолација и нови тоалети. Реконструкцијата ја опфаќа и водоводната и електричната инсталација, внатрешното и надворешното осветлување, како и поставување системи за греење и за...

Жителите на Кривогаштани го блокираа патот со Воѓани, бараат негова реконструкција

Жителите на општина Кривогаштани и на околните села, денеска во знак на протест го блокираа регионалниот пат Кривогаштани - Воѓани, барајќи да се реализира најавената реконструкција на регионалниот пат, кој ги поврзува овие две населени места. Реконструкцијата на патот беше дел од изборната програма на градоначалникот на општината, а го има и во програмата на Општината за 2015 година. Патот, како...

Почнува реконструкцијата на коритото на Шемница

За една недела ќе почне реконструкцијата на коритото на реката Шемница во делот на општина Могила. По големите поплави од февруари оваа година, кога во Пелагониско беа под вода илјадници хектари земјиште, ќе се прави регулација на коритото на реката во должина од 260 метри, кај железниот мост во атарот на селото Могила. Во исто време, во реката Шемница ќе...

Реконструирана планинарската патека на Водно

Град Скопје, во соработка со Федерацијата на планинарски спортови и со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, ја реконструираше пешачко-планинарската патека Словенска, која се протега од потегот кај полициската станица Водно до Средно Водно. На патеката се поставени нови 34 дрвени скали, реконструирани и заѕидани се и 30 постојни скали, а за безбедно движење по патеката, на три места е поставена...

Нови 17 милиони денари за „Виа“ за реконструкција на „Гоце Делчев“

Нови 17 милиони денари или нешто повеќе од 276.000 евра, Министерството за образование и наука ќе ѝ плати на фирмата „Виа“ од Вевчани „за регулирање вишоци, кусоци и непредвидени работи“ за санација на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Првиот тендер за студентскиот дом, МОН го склучи со фирмата „Виа“ од Вевчани и според електронскиот систем за јавни набавки, договорот помеѓу Министерството...

Привршува хоророт на студентите во „Гоце Делчев“

Интензивно се работи на реновирање на еден блок на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „Мета“ беше во студентскиот дом да провери како се одвива санацијата на објектот од кој се појавија навистина застрашувачки снимки по странските медиуми. Состојбата во моментов е ваква: Четиринаесетиот и тринаесетиот кат се речиси готови, а на првите катови сè уште интензивно се работи. На погорните катови ѕидовите се...

„Нешнел џиографик“ сака да ја емитува реконструкцијата на падот на „кингерот“ на Трајковски

Телевизискиот канал „Нешнел џиографик“ (National Geographic), кој од неодамна престана да се емитува во Македонија, е заинтересиран да направи телевизиска реконструкција на падот на авионот со кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во близина на Мостар, изјави главниот истражител на Комисијата што го истражуваше падот на авионот, Омер Кулиќ, кој во вторникот во Сараево го презентираше извештајот за загинувањето...

Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се одложи?!

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на отворената владина седница информираше дека во најголем дел со предвидената динамика се вршат сите активности поврзани со реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Тој појасни дека се работи на комплетна реконструкција на првиот блок од студенстскиот дом, а во тек се активности за затворање со прозорци и подготовка за малтерисување...

Реставрирана Спомен-куќата на Страшо Пинџур

Целосно е рекоструирана Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур, која се наоѓа во кавадаречкото село Ваташа. Реновирана е покривната конструкција, фасадата и поставена е нова ограда. Исто така, куќата е надополнета со нови 40 фотографии кои говорат за делото на Страшо Пинџур. - Заедно со локалната самоуправа, издвоивме средства да се реновира и реставрира Спомен-куќата на Страшо Пинџур, која што...

Се реконструира Домот на културата во Богданци

Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година
Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се реконструира во рамки на проектот „Отворена врата за културна размена - Градење на заедничка европска иднина“, кој го спроведува Општина Богданци со пари од ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европска Унија. Реконструкцијата би требало да се одвива до април следната година, а ќе се изврши замена на замена на подот и на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...