четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: река | 56 резултати

На 15 септември почнува чистењето на Црна Река

септември 14, 2015

И жителите на Пелагонија го чекаат фамозниот 15 септември, датум кој локалните власти им го ветија за чистење на коритото на реката Црна. Подготовките за големата акција се при крај, вели градоначaлникот на општина Новаци, Лазар Котевски, најaвувајќи дека со чистење на реката од наноси и од вегетација ќе се почне утре. Најпрво маханизацијата ќе […]

Груевски во посета на тетовските поплавени села

август 24, 2015

Премиерот Никола Груевски, денеска ги посети тетовските поплавени села Теарце и Порој, кaде заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски посетија санирањето и проширувањето на коритото на Поројска река. Ги посетија и поплавените домови во селото Доброште, каде ветија што поскоро обештетување на загрозените од поплавите. Попладнево Груевски беше на почеток на реконструкција на локалниот пат […]

Теодоракис ќе го поддржи Ципрас

јули 14, 2015

Партијата Река ќе застане зад премиерот Алексис Ципрас и ќе гласа за мерките во собранието. Првиот човек на партијата, Ставрос Теодоракис, истакна дека партијата нема да биде класична опозиција, туку ќе покаже одговорност како што ѝ доликува и ќе го поддржи пакетот што им е ветен на европските кредитори од премиерот Ципрас. Теодоракис упати апел до сите пратеници […]

Почнува реконструкцијата на коритото на Шемница

јуни 21, 2015

За една недела ќе почне реконструкцијата на коритото на реката Шемница во делот на општина Могила. По големите поплави од февруари оваа година, кога во Пелагониско беа под вода илјадници хектари земјиште, ќе се прави регулација на коритото на реката во должина од 260 метри, кај железниот мост во атарот на селото Могила. Во исто […]

Општина Гостивар ќе добие модерна пешачка патека по течението на Вардар

јуни 16, 2015

Почна изградбата на пешачката патека во Гостивар по течението на реката Вардар. Патеката од малиот мост на Вардар, па сè до изворот во село Вруток е во должина од 10 километри, а широка е два метри. – Оваа патека се гради по барање на граѓаните, каде гостиварци ќе може секојдневно да се рекреираат и да се […]

Во Могила цела ноќ се спасуваа куќите и стоката од надојдените води

март 8, 2015

Се спасуваше стоката, се прибираше покуќнината. Вака жителите на селото Вашарејца во пелагониската општина Могила ја поминаа ноќта откако Црна Река повторно се излеа во атарите на неколку села. Спасе Божиновски, земјоделец од Вашарејца, вели дека цела ноќ ја испумпувале водата од дворовите и копале канали да ја насочат кон одводите само за да не […]

Црна поплави шеесетина куќи во Могила, регионот без струја

февруари 1, 2015

Водите на река Црна попладнево поплавија шеесетина куќи во пелагониската општина Могила. За ситуацијата да биде уште потешка, поради дефект на една од трафостаниците, целиот регион е без струја, а според најавите, проблемот ќе потрае поради поплавите. Градоначалникот на општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека крајно критична е сотојбата во три села, Чарлија, Радобор и […]

Вонредна состојба поради поплавите во источна Македонија

февруари 1, 2015

Браната Калиманци почна да прелива и по неконтролираното истекување на водата, во опасност се населените места по текот на реката Брегалница. Од браната има дотек на вода од околу 280 кубни метри во секунда и според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сета таа вода ќе се слее по реката Брегалница. Кризниот штаб, поради […]

Пелагонија плива под вода, попуштија насипите на Црна

февруари 1, 2015

Плодното пелагониско поле е под вода, Црна Река го достигна нивото од 4,70 метри. Онаму каде коритото на реката не е исчистено со децении, таа се прелева и прави големи штети. По обилните врнежи од дожд во битолскиот дел на Пелагонија, каде паднаа и до 50 литри на еден квадратен метар, поплавени се повеќе од 3.000 […]

Се очекуваат нови поплави во Штип

февруари 1, 2015

Се очекува големо надоаѓање на реката Брегалница во Штип и да бидат поплавени три населби – 8 Ноември, Чардаклија и Ново Село. Загрижувачка е и состојбата со браната Калиманци, каде во моментов се излеваат 50 кубни метри вода во секунда. Во моментов во Штип заседава државниот кризен штаб. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, […]

Се излеа Брегалница во Штип

февруари 1, 2015

Реката Брегалница е излеана од својот тек и е поплавена целата трим-патека во населбата 8 Ноември, додека реката Отиње полека ги зголемува штетите по својот тек, објави „Прес 24“ . Останува да се чека надлежните служби да утврдат дали повторно ќе има редуцирано движење на критичните места, особено на некои мостови. Општина Штип, во координација […]

Страна 3 од 3