понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Рејчел Галовеј | 64 резултати

Британската амбасадорка Галовеј положи свежо цвеќе на гробовите на претседателите Глигоров и Трајковски

септември 8, 2021

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј положи свежо цвеќе на гробовите на починатите македонски претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на гробиштата Бутел во Скопје во честа на 30 годишнината од независноста на земјата. Ambassador Rachel Galloway laid wreaths on the graves of late Macedonian presidents Kiro Gligorov and Boris Trajkovski today at the Butel cemetery in […]

Галовеј и Силвестри: Ако не дејствуваме сега, климатските промени ќе ја уништат Земјата

јули 29, 2021

Се наоѓаме во посебен историски момент и начинот на кој ќе дејствуваме во следните 10 години, ќе го одреди патот по кој нашата планета ќе се движи во следниот милениум. Само развојот на науката и вербата во неа можат да ни помогнат да се справиме со негативните ефекти од климатските промени, кои ги гледаме секојдневно […]

Еко модна ревија за роденденот на Кралицата Елизабета: И модната индустрија влијае врз климатските промени

јуни 10, 2021

Националниот ден на Обединетото Кралство – роденденот на Кралицата Елизабета Втора, Британската амбасада во Скопје го одбележа со одржлива еко модна ревија на тема животна средина, при што беше потенцирана посветеноста кон климатските промени и потребата од подигање на свеста за проблемите со цел да се мобилизира акција. На модната ревија во Музејот на современа […]

Истражување: Оваа учебна година онлајн наставата многу подобро организирана во споредба со лани

јуни 7, 2021

Родителите, децата и наставниците сметаат дека оваа учебна година (2020/2021) наставата на далечина била многу подобро организирана во споредба со второто полугодие од минатата учебна година (2019/2020). Техничките потешкотии биле надминати, а исто така наставата се организирала според распоред на часови и биле исполнети целите на наставната програма. Ова го покажува истражувањето направено од „Реактор“ […]

СЕП ги дигитализира услугите кон граѓанскиот сектор

мај 27, 2021

Секретаријатот за европски прашања ќе ги дигитализира услугите кои ги нуди, па така отсега регистрацијата на проектите од странските донатори ќе може да се врши и по електронски пат. Услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во Северна Македонија за непречено функционирање”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на […]

Недостига системски пристап во справувањето со несреќи и управување со кризи

март 25, 2021

Пред четири дена на патот Маврово-Дебар кај Бигорскиот манастир се случиле лавини и општинските власти морале да интервенираат сами за да го расчистат патот од снегот. За време на големиот пожар во август 2019 година на езерото Младост крај Велес, градоначалникот сам како командант на штабот морал да се јавува во Министерството за одбрана за […]

Анализа на „Фајненс Тинк“: Големите извозни компании се спасот на економијата после пандемијата

март 18, 2021

Домашните извозни компании можат да бидат основата на растот и на развојот на економијата по завршувањето на ковид пандемијата, затоа што тие се портата кон странските пазари и значително учествуваат во бруто домашниот производ. Во последните 10 години тоа бележи раст од 10 проценти, и лани достигна 62 отсто од вкупниот БДП. Иако сите извозни […]

За обнова на водоводните мрежи и третман на урбаните отпадни води, потребни ни се 1,7 милијарди евра

март 3, 2021

На Северна Македонија ѝ се потребни најмалку 1,7 милијарди евра за да задоволи само одредени членови од две директиви на ЕУ – Директивата за третман на урбани отпадни води и Директивата за вода за пиење, беше потенцирано од Јадранка Иванова раководителка на програмата „Поддршка на Албанија за пристапни преговори во областа животна средина – Поглавје […]

Галовеј: Важно е да се видат завршени големите случаи на корупција

февруари 24, 2021

Клучно е граѓаните да го видат на дело владеењето на правото, е оценката на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Денеска при посетата на Штип, британската амбасадорка беше прашана за коментар дали навистина профункционираа институциите по вчерашните случувања со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.   „Мислам дека е извонредно важна борбата против корупцијата и […]

Млади амбасадори за климатски промени ја симулираат Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26

февруари 20, 2021

Дваесет млади амбасадори за климатски промени, заедно со експерти и граѓански активисти, денеска се дел од првата симулација на Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26, која се одржува во земјава и пошироко, во организација на организацијата „Гоу Грин“. Млaдите амбасадори, кои претходно беа обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија, пред почетокот на конференцијата […]

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Да не се повтори никому и никогаш повеќе

јануари 27, 2021

Холокаустот на повеќе од шест милиони Евреи во нацистичките концентрациони логори во текот на Втората светска војна денеска со тага се одбележува во светот, со различни манифестации и пораки дека треба да се преземаат сите можни мерки да не се дозволи никогаш повеќе да не се повтори не само толкав злочин, туку и ништо слично […]

Заев-Галовеј: Се интензивира соработката со Велика Британија

јануари 26, 2021

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство во нашата држава. На состанокот било поздравено интензивирањето на соработката помеѓу двете држави што се случува дури и за време на пандемијата. „Изразено е очекување за уште поактивно унапредување на соработката во сите области, по потпишаната спогодба за партнерство, трговија и соработка меѓу […]

Бектеши-Галовеј: Трговската размена со Велика Британија лани бележи раст и покрај пандемијата

јануари 22, 2021

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј и новиот директор на Одделот за меѓународна трговија во Амбасадата денеска се сретнаа со министерот за економија Крешник Бектеши каде разговараа за можностите за уште поуспешна соработка меѓу двете земји, пред се по потпишувањето на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка, по нејзиното стапување на сила на почетокот на оваа година. […]

Средба на министерот Оливер Спасовски со британската амбасадорка Рејчел Галовеј

јануари 15, 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј денеска остварија средба во просториите на министерството, на чиј фокус била успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво, информираат од МВР. „Притоа беше истакнато дека Република Северна Македонија, кога станува збор за борбата […]

Галовеј: Изминаа пет години од Договорот од Париз, владите треба да ги надградат преземените обврски за климатски промени

декември 8, 2020

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска, по повод 5-годишнината од Договорот од Париз, одржа состанок пред Самитот за климатски амбиции, кој ќе се одржи виртуелно на 12 декември 2020 година, соопштија од британската амбасада. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, постојаната координаторка на ООН Росана […]

Османи и Галовеј ја потпишаа Спогодбата за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство

декември 3, 2020

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рајчел Галовеј ја потпишаа Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на свечена церемонија организирана по тој повод. Спогодбата го зајакнува трговскиот однос меѓу Обединетото Кралство и Република Северна Македонија, која во 2019 година беше во вредност од 1,8 […]

Џафери и амбасадорката Галовеј разговарале за законот за антидискриминација и за родово заснованото насилство

ноември 30, 2020

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари работна средба со Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, информираат од Собранието. Амбасадорката Галовеј на својот профил на Твитер напиша дека со собранискиот спикер разговарала за законот за антидискриминација, законот за заштита од родово […]

АРМ добива донација и засилена одбранбена соработка со Велика Британија

ноември 25, 2020

АРМ добива борбена опрема за блиска борба, вредна 230.000 британски фунти, како дел од одбранбената соработка со Велика Британија. Обединетото Кралство (ОК) и Северна Македонија уште почесто и поинтензивно ќе соработуваат во одбраната и безбедноста, изјави британската амбасадорка Рејчел Галовеј по денешната работна средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. „Врската меѓу Обединетото Кралство и […]

Британската амбасадорка Галовеј ги осуди говорот на омраза и лажните обвинувања кон новинарите на „Мета“

ноември 17, 2020

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, попладнево од нејзиниот Твитер профил ги осуди говорот на омраза и лажните обвинувања на социјалните мрежи и во некои портали против новинарите на „Мета“, кои заедно со нивните колеги од Метаморфозис се најдоа на удар на злонамерниците откако порталот „Лидер“ објави потпалувачки текст. Галовеј побара надлежните институции да преземат […]

Амбасадорката Галовеј во посета на Гостивар, се сретна со градоначалникот Таравари и општински советници

ноември 12, 2020

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска оствари посета на Општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот Арбен Таравари и со општинските советници, информираат општинските власти. Проблемите со кои се соочува општина Гостивар, досегашните инвестиции, проектите што се очекува да се реализираат во иднина, справувањето со пандемијата Ковид-19 беа теми на денешната средба. Градоначалникот Таравари ѝ […]

Страна 2 од 3