недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: регистар | 38 резултати

ОБСЕ ја поздрави иницијативата за јакнење на медиумската саморегулација во државава

декември 19, 2019

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир ја изрази својата поддршка за Регистарот за саморегулација на онлајн медиумите во Македонија, промовиран во средата од страна на Советот за етика во медиумите, ЗНМ и Стопанската комора.  „Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот […]

ЗНМ и СЕММ утре ќе го промовираат регистарот на професионални онлајн медиуми

декември 17, 2019

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ќе информираат за резултатите од креирањето регистер на професионални онлајн медиуми, утре во Европската куќа во Скопје. Кон процесот за креирање на регистерот се приклучи и Стопанската комора на Македонија. „Постапката се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ […]

МИОА го пушти во употреба Централниот регистар на население

октомври 17, 2019

Министерството за информатичко општество и администација (МИОА), денеска го пушти во употреба Централниот регистар на население. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги […]

Новинарските здруженија подготвуваат Регистар на професионални онлајн медиуми

август 26, 2019

Здружението на новинарите на Македонија денеска потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија. „Целта на потпишување на Меморандумот е да се направи значаен исчекор кон зголемување на професионалноста на онлајн медиумите“, велат од ЗНМ. Процесот кој ќе го водат ЗНМ, Советот за етика во медиумите на Македонија и Стопанската комора ќе резултира со […]

На крајбрежјето, на Галичица и во стариот дел на Охрид има 409 нелегални градби

јуни 26, 2019

Согласно со препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, општината Охрид изработи посебен Регистар на нелегалните градби на нејзината територија. Во оваа електронска база на податоци внесени се вкупно 1.076 предмети за кои, во периодот од 2006 година до мај 2019 година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот […]

Манчевски: Институциите мора да ги регистрираат вработените за да исплатат плати

февруари 22, 2018

Јавната администрација нема да може да земе плата, ако државните институции не ги регистрираат своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечки ресурси, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Институциите кои не ги внеле податоците за вработените во регистарот, имаат рок од три месеци тоа да го сторат. Законските прописи со […]

Манчевски: Вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни

декември 19, 2017

Отпуштања од јавната администрација нема да има, а вработувања ќе има согласно потребите и процесот ќе биде транспарентен, одговори на новинарско прашање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на проектот „Една точка на услуги“. Тој додаде дека, веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе […]

Владата почнува со изработка регистар на население

септември 26, 2017

Владата на Република Македонија на денешната редовна 29. седница, меѓу другите точки на дневниот ред, донела одлуки во врска со планираниот регистар на население, односно била усвоена информација за статусот на спроведување на проектот „Регистар на население“, за кој, како што се вели во владиното соопштение, се очекува во иднина дури и да го замени […]

Манчевски: Регистарот од 2 милиони евра не го дава точниот број на вработени во јавниот сектор

август 30, 2017

Претходната Влада потрошила 2 милиони евра за регистар за вработени во јавниот сектор, кој не ги содржи реалните информации за сите вработени во јавната администрација, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во интервју за „Дојче веле“. – МИОА сега нема регистер што ги содржи реалните информации за сите вработени во јавната администрација. […]

Нема реална слика колку администрација имаме, регистарот не работи

август 13, 2017

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема официјална и веродостојна бројка на вработени во јавната администрација бидејќи регистарот за вработените не функционира, односно во него нема податоци од сите државни институции, а и оние што ги има, постојат сомневања дека голем број од нив не се уредно пополнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти […]

Тевдовски: 2017 ќе биде година на пресврт во економијата и за граѓаните

јануари 4, 2017

Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за тие да може да се развиваат, да отвораат пристојни работни места и да даваат повисоки плати, истакна претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски. – Испланиравме 140 милиони евра директна државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија (МСП). Ќе им […]

Кривична пријава за полициска службеничка оти не внела во евиденција изгубен телефон

јуни 22, 2015

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против полициски службеничка во локалната полициска станица, која е осомничена за несовесно работење во службата. Според полицијата, осомничената во април годинава не пријавила и не внела во регистарот на пронајдени и на изгубени предмети мобилен телефон, што во станицата го донел граѓанин на Битола.

Ќе се купи софтвер вреден 270.000 евра за регистер на градежно земјиште

март 11, 2015

Македонија ќе биде третата европска држава, по Словенија и Швајцарија, што ќе добие регистер на градежно земјиште. Во тек е меѓународен тендер за набавка на софтвер во вредноост од 270.000 евра. Проектот денеска во Штип го промовира директорот на Агенцијата за катастар, Славчо Трпевски, кој рече дека една од предностите на регистерот е што граѓаните по […]

ЕУ ја засилува борбата против перењето пари

декември 18, 2014

Европската Унија постигнала договор за новите правила чија цел е искоренување на даночната евазија и спречување на перење пари и финансирање тероризам преку фиктивни фирми, пренесуваат медиумите. ЕУ со новите правила сака да го спречи искористувањето на фиктивните фирми за финансирање на тероризам, перење пари заработени со криминал и за даночната евазија. Директивата, четврта по […]

Страна 2 од 2