понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: реформи | 791 резултати

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

ноември 30, 2022

„Да не сонуваме, нема членство на земјава во ЕУ ако не се изгради пречистителна станица за отпадни води во Скопје и во другите градови. Две и пол години се занимаваме со актуелниот тендер за изградба на скопската пречистителна станица, а ако тендерот на крај пропадне, ќе изгубиме уште три години на нов тендер. Времето на […]

Додека дишеме чад, возењето на дизел урива рекорди во земјава [инфографик]

ноември 26, 2022

Почна “натпреварот” на Скопје и другите населени места низ земјава во рушењето на светските рекорди по загадување на воздухот. И додека податоците на сајтот „Iqair“ покажуваат дека Скопје е на светскиот врв според аерозагадувањето заедно со азиските градови како Њу Делхи, Ханој, Лахоре или Калкута и градовите од соседството како Сараево и Белград, најновите статистички податоци […]

Со 50 милиони евра, ќе се подобрува водоснабдувањето во сите општини низ земјава

ноември 23, 2022

Високиот процент на загуби на вода за пиење, изведбата на водоснабдителни системи за одредени населени места, реконструкцијата на постојните водоводи и други проблеми со водоводната инфраструктура во земјава ќе можат да се решат со најновиот заем во висина од 50 милиони евра, за којшто земјава денеска го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Средствата […]

По шест месеци, пратениците го усвоија задолжувањето кај ЕБОР за изградба на регионалните депонии

ноември 18, 2022

Речиси шест месеци откако Владата на РСМ го испрати до Собранието предложениот закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пратениците денеска го усвоија законското решение со кое ќе се обезбеди кредит од 55,3 милиони евра за изградбата на регионалните депонии за пет плански региони. Од Министерството за животна средина […]

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

ноември 17, 2022

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се […]

Догодина физибилити студија и тендер за нова фирма за чистење на арсенот во Лојане

ноември 6, 2022

Во 2023 година ќе се објави нов јавен повик за пронаоѓање концесионер што ќе треба да го отстрани арсенот и другите отпадни минерални суровини од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“. Од Министерството за економија за Мета.мк информираат дека ја започнале постапката за изработка на физибилити студија за доделување на концесија за експлоатација на техногена минерална […]

Повисоки плати во судството, обвинителството и затворската полиција – Собранието ги донесе законите

ноември 3, 2022

Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска, за јавно-обвинителската дејност и за извршување на санкции, со кои се зголемуваат платите на вработените. Покачувањето ќе изнесува 15 отсто, извести Министерството за правда. Со денешното изгласување на законите за изменување на законот за судска служба и на законот за јавно-обвинителска служба, исто така е дефинирана […]

Депонијата „Русино“ привремено средена, апел до пратениците да го усвојат заемот за нова инвестиција

ноември 1, 2022

Наместо расфрлан отпад на сите страни, депонирање на смет којшто се покрива со земја. Наместо протекување на исцедокот од депонијата неконтролирано во природата, изграден е систем за рециркулација на исцедокот од депонијата со канали, бунари и други градежни интервенции за заштита на почвата. Ваква е денешната поправена слика за регионалната депонија „Русино“ кај Гостивар, која […]

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

октомври 29, 2022

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион – „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен […]

Невработеноста е главен проблем на младите во земјава, алармира и Европската Комисија [инфографик]

октомври 24, 2022

Невработеноста кај младите останува проблем во чија насока Северна Македонија мора да работи напорно. Ова беше констатирано во последниот Извештај за 2022 година за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат. Младите и задоволувањето на нивните потреби останува предизвик кој мора да се адресира и реши. Извештајот ги истакнува недостатоците на кои земјата треба […]

ЕУ бара Македонија да ги исполни обврските од Парискиот договор за климатските промени

октомври 23, 2022

Македонија да си ги исполни обврските преземени со потпишувањето на Парискиот договор за климатските промени во 2016 година и да го донесе Законот за климатска акција. Ова е една од трите клучни задолженија кои ги доби земјава за наредната година од Европската Комисија (ЕК) во Извештајот за реформскиот напредок кон европските интеграции за 2022 година. […]

Некои тераат шеги, други не ги почитуваат мерките за штедење енергија во услови на криза

октомври 21, 2022

Перење алишта и садови на евтина струја, исклучување на компјутерот ако не работите на него, ладилникот да не се вклучува на најниска температура, а топла вода во бојлерот да се грее колку што е потребна и на евтина струја. Ова се само дел од 29-те препораки за штедење на струја за домаќинствата, коишто ги објави […]

ЕУ петта година критикува во Извештајот за загадувањето на воздухот, голем напредок нема

октомври 19, 2022

И во 2022 година, како и во претходните години, Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во европските интеграции повторно со забелешки за аерозагадувањето. Во поглавјето Животна средина и климатски промени, ЕУ на македонските власти како прво задолжение на кое треба особено да работат во идната година им го потенцира забрзувањето на напорите за […]

Од идниот месец ќе се знае колку е загаден воздухот во Охрид

октомври 18, 2022

Нова мониторинг станица, која ќе биде дел од платформата на Државниот мониторинг систем на Министерството за животна средина, ќе мери каков е квалитетот на воздухот во Охрид. Мерната станица е поставена на една од главните сообраќајници во градот, на булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“, а се очекува најдоцна до средина […]

Европската Комисија со низа критики за Северна Македонија во областа на половата еднаквост

октомври 17, 2022

Северна Македонија има уште многу работа во насока на унапредување на половата еднаквост, ова е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, за 2022 година за напредокот на Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Извештајот ги истакнува недостатоците, односно каде земјата треба да направи поголем напредок, како и точките каде што Северна Македонија има напредок. […]

Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК

октомври 13, 2022

Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од […]

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

октомври 13, 2022

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани – изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките […]

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

октомври 13, 2022

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука […]

И Маврово да се ослободи од мали хидроцентрали, апелира „Еко свест“

октомври 5, 2022

Раскинувањето на концесиите за изградба на малите хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“ треба да продолжи и во „Маврово“, апелираат од граѓанската организација „Еко свест“. Екологистите ја поздравија одлуката на Владата и заложбите на Министерството за животна средина за раскинување на договорите со концесионерите на седум мали хидроцентрали на Шара, но сметаат дека за вистинска […]

Грковска-Јашари: Граѓанскиот сектор има суштинска улога во дигиталната трансформација на општеството

октомври 5, 2022

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерката Грковска ја изрази важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и […]

Страна 5 од 40