понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: реформи | 791 резултати

Потпишан договорот со ЕБОР за изградба на современи депонии за пет македонски региони

јануари 17, 2023

По долгогодишно одложување на изведбата на регионални депонии по европски стандарди, Македонија денеска го потпиша договорот за обезбедување на заем од 55 милиони евра за воспоставување на регионалните системи за управување со цврст отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а имплементатор […]

Годинава ќе се инвестира во пречистителната станица во „Југохром“ за справување со шестовалентниот хром

јануари 16, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2023 година ќе го стави фокусот на непречено одржување во функција на пречистителната станица за отпадни води во кругот на фабриката „Југохром“ од Јегуновце, каде се доведуваат на прочистување водите-исцедокот од индустриската депонија со опасниот шестовалентен хром, лоцирана крај реката Вардар во тетовското село Јегуновце. Министерот за […]

2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите

јануари 14, 2023

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос […]

Пендаровски: Членството во ЕУ до 2030 година е можно

јануари 12, 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на амбасадорска тркалезна маса насловена „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“ во организација на Советот на амбасадори. Осврнувајќи се на главната тема на тркалезната маса, претседателот Пендаровски истакна дека членството во ЕУ до 2030 година е можно, но за тоа, […]

Законот за социјална заштита и понатаму ги спречува дипломираните семејнолози да се вработат во државни институции

јануари 11, 2023

Дипломираните студенти семејнолози на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и понатаму не можат да се вработат во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита каде што се предвидени категориите на работни места на вработените […]

Агелер: Борбата против корупцијата е приоритет за САД

јануари 9, 2023

Aмериканската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер истакна дека САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, која ќе се оствари следната недела. Агелер, одговарајќи на […]

Огромни разлики во загубите на вода кај општините, заемот од ЕИБ треба да се искористи паметно [инфографик]

јануари 8, 2023

Во Македонија има драстични разлики кај процентот на неприходувана вода за пиење во водоводните системи, така што претстојниот заем од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) треба да се искористи паметно. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) покажуваат дека загубите на вода за пиење кај јавните комунални претпријатија се […]

Гир порачува политичарите и општеството годинава да се фокусираат на реформите

јануари 5, 2023

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир им порача на граѓаните и на политичарите во новата година да се фокусираат на исполнување на реформите кои се неопходни за влез на земјава во ЕУ. Евроамбасадорот Гир порача дека ваквата цел бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството. „Главната порака до политичарите, а не […]

Порталб ретроспектива на годината: Јавната администрација никако да се реформира

јануари 3, 2023

И покрај тоа што со години се даваат истите ветувања кои не се реализираат и не стануваат видливи за граѓаните, Северна Македонија продолжува со напорите за реформирање на администрацијата. Јавната администрација во 2022 година, исто како и во 2021 година, беше во центарот на критиките поради бавната динамика на реформите. Администрацијата сè уште се соочува […]

Петта година се зборува за оддалечување на казината и обложувалниците од училиштата, но не се презема ништо

декември 31, 2022

Веќе петта година по ред се зборува за ограничување на отворањето на казина и обложувалници во близина на школите во земјава, но засега ништо не е преземено во оваа насока. Покрај ваквата мерка предложена од Министерството за финансии на почетокот од 2018 година, и партијата Алијанса за Албанците пролетва поднесе свој предлог-закон со кој предложи […]

Немаме целосен увид во аерозагадувањето поради старите сервери на министерството

декември 26, 2022

Министерството за животна средина ги следи податоците од мерните станици за мониторинг на загадувањето на воздухот и препорачува мерки, иако граѓаните деновиве немаат целосен увид во моменталната состојба преку веб страницата air.moepp.gov.mk, информираше денеска министерот Насер Нуредини. Причина за тоа се застарените сервери на министерството, кои во моментов се менуваат, а не опремата во мониторинг […]

Над 3.500 жители на Центар селектираат отпад, „ПОЦ“ планира да го прошири проектот

декември 18, 2022

Две години по неговото воведување, проектот „И отпадот има вредност!“ на Општина Центар и јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) е прифатен од над 3.500 жители кои вршат селекција на отпадот преку Green Pay картичката, а досега преку вендинг машините се собрани повеќе од 576.800 пластични шишиња и лименки или приближно 12 тони отпад […]

Битола и Тетово едвај чекаат да почне изградбата на пречистителните станици за отпадни води

декември 17, 2022

Општините Битола и Тетово очекуваат во најскоро време да започне изградбата на пречистителните станици за отпадни води и да се овозможи пречистување на фекалиите во двата најголеми града по Скопје во земјава. Тендерот за изградба на капиталниот објект во Битола веќе беше објавен на 16 ноември, додека повикот за доставување понуди за изградба на тетовската […]

Законите за животна средина ни се европски, но имплементацијата е македонска

декември 16, 2022

Македонското законодавство за животна средина и климатски промени напредувало во усогласувањето со европското во однос на минатата година, но спроведувањето и понатаму останува недоволно. Државните и локалните институции и понатаму имаат слаби и недоволни капацитети и човечки ресурси. Администрацијата е бројна, но неефикасна, нема координација, стручни и квалификувани кадри, ниту пак интерсекторска соработка. Ова се […]

Ковачевски: Реформа во јавната администрација не само како услов за ЕУ, туку поради граѓаните

декември 15, 2022

Реформата на јавната администрација останува еден од клучните приоритети на Владата, но сега се издигнува како прашање од исклучителна важност и за процесот на преговори со Европската унија (ЕУ), со фактот дека е една од клучните области од Кластерот „Основи“, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на седницата на Советот за реформа на јавната […]

МОН: Изготвени нови предлог-закони за средно образование и за средно стручно образование и обука

декември 13, 2022

Преку посебна работна група е изготвен нов предлог-закон за средно образование, во кој централно место, покрај бројните нови права и можности за учесниците во воспитно-образовниот процес во средните училишта, има и ангажирањето на образовните асистенти по истиот принцип како и кај основните училишта, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Со новиот Закон за […]

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

декември 13, 2022

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за […]

Гир: Да се бориме против корупцијата преку државните институции

декември 9, 2022

Северна Македонија мора да избере дали ќе се движи напред, одлучно да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе. Ова денеска го истакна евроамбасадорот Дејвид Гир, на прес-конференција пред состанокот со институциите кои имаат надлежност за справување со корупцијата. На овој состанок ќе се разгледаат забелешките од […]

ДКСК ќе проверува кои судии и обвинители предвреме положиле правосуден

декември 9, 2022

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на Меѓународниот ден за борба против корупцијата најави дека ќе ги истражува документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање до сега. Антикорупционерите ќе истражуваат кои судии и обвинители стигнале до функцијата  со прекршување на законот, односно со предвремено полагање на правосуден испит, […]

Весна Дамева е новата претседателка на Судскиот совет

декември 5, 2022

За нова претседателка на Судскиот совет е избрана Весна Дамева со 10 гласа „за“ и еден „против“. На денешното гласање не присуствуваше Павлина Црвенковска, додека од гласањето се иззеде Зоран Герасимовски кој пред две недели беше избран за член на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Денешниот избор на Дамева следи откако […]

Страна 4 од 40