fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Селмани: Пратениците на власта не сакаат слободни медиуми

Владеjачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера демонстрираа дека се противат на тоа Македонија да биде слободна, цивилизирана и демократска земја. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е битно што пишува во Уставот, кој гарарантира слобода на медиуми, туку што наредуваат Никола Груевски и Али Ахмети, рече на денешната прес-конференција, Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на...

Трета ноќ протести во Париз против реформите на пазарот на труд

Стотици демонстранти ноќеска простираа на Плоштадот на Републиката во Париз против реформите на пазарот на труд, што француските власти сакаат да ги спроведат, јавуваат светските агенции. Толпата, која трета ноќ по ред протестира во центарот на Париз, си заминала утрово по интервенцијата на полицијата. На синдикатите и студентските организации, кои во четвртокот, оваа недела, стапија во генерален штрајк поради...

Новинарите до Иванов: Без реформи во медиумите, нема услови за слободни избори

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска имале средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на која било разговарано за можноста за продолжување на разговорите за медиумските реформи пред изборите. Тие, како што е наведено во соопштението, на Иванов му го пренеле ставот дека сè додека не бидат спроведени медиумските реформи, во Македонија нема да има услови за слободни...

СДСМ: Арсовска-Томовска лаже, нема договор за медиумите

„Марта Арсовска-Томовска лаже. Договор за медиумските реформи нема, затоа што од нив бегаат Никола Груевски и  ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од лидерски средби, бегаат од работни групи, избегаа и од дебатата за медиуми во Собранието“, стои во реакцијата на СДСМ по интервјуто на министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. „Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат...

Арсовска-Томовска: Партиите се договорија за медиумите

Има консензус меѓу четирите партии за финансирањето на јавниот радиодифузен сервис, за владиното рекламирање и за казнената политика на Агенцијата за медиуми, но треба да се прецизираат деталите, вели министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - Има консензус за прашањето за јавниот радиодифузен сервис во однос на финансирањето, во однос на...

Лидингтон: Ако сите се конструктивни, можни се избори на 5 јуни

Избори на 5 јуни се можни и тие ќе бидат можност за залекување на раните предизвикани од долготрајната политичка криза во државата, која ја задржува земјата во интерграцијата во НАТО и во Европска унија, смета британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон. – Изборите со кредибилитет се можни на 5 јуни, но за тоа да се случи, неопходно е сите...

Иванов прифатил да се сретне со новинарските здруженија

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го прифатил барањето за средба кое утринава му го упатија ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии. Иванов смета дека медиумите мора да се изборат за најдобрите законски решенија, кои ќе овозможат враќање на нивниот професионализам, достоинство и углед на...

За ЗНМ предлогот на СДСМ за измени на Законот за медиуми е неприфатлив

За Здружението на новинари (ЗНМ) неприфатлив е предлогот на СДСМ за измени и за дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се предлага укинување на радиодифузната такса, а МРТ да се финансира од буџетот. - За нас овој предлог на СДСМ е апсолутно неприфатлив од неколку причини. Прво, тој е поднесен во погрешно време. Сметката на МРТ...

Кредиторите од ММФ и од ЕУ денеска во посета на Грција

Претставници на Европската Унија и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска ќе ја посетат Грција за да ја одржат ревизијата на програмата за помош и да ја одблокираат исплатата на средствата, најави европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси. Истовремено, шефот на еврогрупата, Јерун Дајселблум, изјави дека министрите за финансии на еврозоната конечно ќе го разгледаат прашањето за отписот на...

ЕФЈ: Сериозно сме загрижени за состојбата со медиумите во Македонија

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) упати писмо до еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во кое изразува сериозна загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија. „Еден од итните приоритети од Договорот од Пржино е реформата на медиумите и слободата на изразување во Македонија за да има слободни и веродостојни избори, како апсолутен услов за демократски избори. Заедно со...

ЗНМ до ЕУ и до САД: Не ни одговоривте, ќе се преговара за медиумите или не?

Здружението на новинари на Македонија денеска преку соопштение ги поздрави заложбите на Европската унија и на САД како олеснувачи во Договорот од Пржино и како гаранти на неговото спроведување и ги охрабри да продолжат да разговараат со политичките партии за реформи во медиумите, како еден од важните услови за одржување на фер и веродостојни избори. „ЗНМ ги поздравува и изјавите на eврокомесарот Јохенес...

Британски експерти ќе помагаат со реформите во УБК

Експерти од Велика Британија ќе ѝ помагаат на македонската тајна полиција да ги спроведе потребните реформи за модернизација, транспарентност, надзор, законитост и за почитување на демократските вредности и принципи. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), Обединетото Кралство работи со Република Македонија во поддршка на реформите во разузнавачките агенции, како дел од пошироката помош на меѓународната заедница за...

СДСМ: Ќе учествуваме само на кредибилни и демократски избори

СДСМ остава можност да не учествува на изборите на 5 јуни, иако функционерите на партијата тоа експлицитно не го потврдуваат. Тие денеска на брифинг со новинарите уште еднаш повторија дека „ќе учествуваат само на кредибилни и демократски избори“. Што се однесува до шпекулациите за реформите во сферата на медиумите кои според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нема да продолжат, од опозициската...

Вајгл, Ховит и Кукан го поздравија новиот датум за избори

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, го поздравија гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016, но инсистираат договорот на сите партии да остане од суштинско значење и да се исполнат сите елементи со кои...

Ванхауте се „раствита“: Прво треба да се исчисти куќата, па после да се прави забава

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте преку својот твитер-профил ги поздрави разговорите за одредување датум за нови избори и со четири нови објави порача дека, сепак, треба да се спроведат сериозни реформи. „Убаво е да се види дискусија за датумот на изборите. Тоа што на земјата навистина ѝ треба се сериозни реформи. Прво се чисти куќата, па се прави забава“, напиша Ванхауте. Nice to...

Германија: Нема услови за избори според европски стандарди

Германија го дели мислењето на Европската комисија во врска со состојбата со подготовките за парламентарни избори во Македонија, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори пред да постои можност за избори според европски стандарди, соопштија попладнево од германската амбасада во Скопје. Од амбасадата ги повикуваат сите политички партии вклучени во процесот да вложат напор и да покажат политичка волја да најдат заедничко...

Штајнмајер и Ејро бараат реформи во Украина

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и неговиот француски колега, Жан-Марк Ејро, напишале заеднички текст кој го објави „Франфуртер алгемајне цајтунг“, а во кој повикуваат на спроведување реформи во Украина. Штајнмајер и Ејро почнуваат дводневна посета на Киев. Во текстот е истакнато дека е важно највисоките украински функционери „да останат посветени на духот на Мајдан и да продолжат со потребните...

Ванхауте: Ако има добра волја, договор може да се постигне за неколку часа

Очекувам денеска да се постигне напредок и политичките партии да се договорат за реформите во медиумите, изјави олеснувачот Питер Ванхауте пред почетокот на денешната последна средба пред истекот на рокот за договорот околу реформите во медиумите. - Се надевам на напредок во преговорите и на конструктивност од сите партии. Денеска ќе разговараме за двете спорни прашања околу мандатот и членовите...

ССНМ и ЗНМ: СДСМ да ни го достави предлог-законот за медиуми, да видиме за што се залага

„Според информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување професионални стандарди. Затоа бараме оваа пртија да ни го достави својот предлог-закон, а во спротивно тоа ќе го побараме од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници на денешната прес-конференција пред Клуб на пратеници. - ССНМ и...

Туск ги објави отстапките за Британија, Камерон го поздрави напредокот

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на јавноста ѝ ги претстави клучните предлог-реформи што би требало да обезбедат опстанок на Британија во Европската унија, вклучувајќи ја и опцијата земјата на четири години да ја укине социјалната помош за мигрантите, како и заштитни мерки за држави кои не се членки на еврозоната. „Да се биде или да не се биде заедно, тоа...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...